Промовирани огласи »

На KARIERA.mk го имаме првиот оглас за вработување на ЕСПОРТ ЕКСПЕРТ (кој е заинтересиран да аплицира ТУКА). Очигледно е дека еспортот и кај нас зема професионален замав, се повеќе луѓе одлучуваат да се занимаваат (и забавуваат) со еспорт, се основаат еспорт клубови а активно работи и Македонската еспорт Федерација!

Разговараме со Претседателот на Федерацијата Бобан Тотовски. Честитки за отворената работна позиција, како ќе ја искоментирате?

Еспорт индустријата во светот е во постојан пораст, а со самото тоа и понудата на работни позиции. Како релативно млада индустрија, нуди одлични услови за работа. Можноста за работа во еспортот е сон на многу млади и сега имаат можност, преку Македонската Еспорт Федерација да соработуваат со партнери и компании од целиот свет. Граници нема, постојат само безброј можности за напредување и патување. Ќе бидеме домаќини на европската канцеларија на Меѓународната Еспорт Федерација и новите вработени ќе ја имаат таа чест да бидат дел од светското семејство на повеќе од 100 држави. Иако се ова првите вработувања, очекуваме во наредните години оперативниот тим да се зголеми уште повеќе. GLHF!

Кои се главните активности на Македонската еспорт Федерација?

Македонската Еспорт Федерација е непрофитна организација одговорна за еспорт натпревари и турнири. Нашата мисија е промовирање на еспортот и признавање од страна на државата. МЕСФ организира национални еспорт лиги и квалификациски турнири за светски и европски шампионати. Федерацијата моментално има 7 постојани клубови како основачки членки и повеќе од 120 тимови кои учествуваат на турнири. Официјално регистрирана во 2009 година, ние сме најстарата еспорт организација во регионот. Дел сме од интернационални натпревари уште од 2005. До сега сме учествувале на 11 интернационални шампионати, веејќи го знамето на Македонија.

Промовирани огласи »

Податоците на Агенцијата за вработување за месец март 2021 година покажуваат дека според возраста, најмногу без работа се лица од 55 до 59 години – 20,177 лица. Блиску до нив се лицата на возраст од 50 до 54 години, од кои 16,823 лица биле невработени. Трети се лицата од 60 години па нагоре – 16,510. Од друга страна, невработеноста според општините, во март месец најмногу забележала раст во Скопје, Тетово, Куманово и Гостивар, а најмал раст во Кратово, Демир Хисар и Валандово. 

Според податоците од Агенцијата за вработување, заклучно со 31 март имало 145, 327 невработени, од кои гледано според возраста на невработените, 3,164 се на возраст од 15 до 19 години; 14,260 од 20 до 24 години; 15,331 од 25 до 29 години; 14,704 од 30 до 34 години; од 35 до 39 години, невработени биле 13,803 лица; 14673 од 40 до 44 години; 15,882 од 45 до 49 години; 16,823 од 50 до 54 години; 20,177 од 55 до 59 години, додека од 60 години па нагоре 16,510 лица биле невработени.

Гледано според податоците од центрите за вработување во 30 -те општини на територија на Македонија, најмалку невработени има во Кратово – 650, Демир Хисар – 827 и Валандово – 960 невработени. Од друга страна, најмногу невработени има во Скопје – 28,112, Тетово 19,057, Куманово – 15,470 и Гостивар – 10, 740 невработени.

Владата го донесе Оперативниот план за вработување за 2021 година кој предвидува обука и доквалификација на невработените, меѓу другите мерки. 

„Невработените лица ќе посетуваат обуки што ќе траат три месеци за што ќе добиваат месечен надомест во износ од 9 000 денари, а обучувачите по 30 000 денари. Откако обуката ќе заврши лицата ќе се стекнат со соодветни вештини и знаења во наредните 10 месеци тие ќе обезбедуваат грижа за лицата со попреченост и лицата со хронични болести и за тоа ќе добиваат месечен надомест од 30 780 денари. Со оваа мерка планирано е да бидат опфатени 150 лица“, појасни Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. 

Промовирани огласи »

Наоѓањето работа сега може да ви се чини како невозможен потфат. На крајот на краиштата, ако многу компании мораа да отпуштаат голема бројка од своите вработени, како можат да имаат потреба од нови вработувања? И, ако бизнисот е во поволна позиција да го прошири својот тим, како можете да се издвоите од километарскиот куп на апликанти?

Прва работа: Земете здив.

Иако несомнено е тешко време за промена на работно место, сепак има можности за работа. Иако може да се чини како невообичаено време за барање нова работа, компаниите вработуваат за позиции со полно и скратено работно време, како и бараат други начини да ги прошират своите понуди.

Што бараат регрутерите периодов?

Работници кои самостојно се мотивираат

Како трагач по работа, сега треба да внимавате на многу хонорарни понуди или отворени работни места за работа од далечина. Но, без оглед на тоа каков тип на работа барате, менаџерите за вработување обрнуваат внимание на кандидатите кои се чини дека се самоиницијативно почетници во бараната област. Зошто?

Бидејќи не постои точна временска рамка кога официјално ќе се отворат компаниите за вработените целосно, регрутерите треба да донесат професионалци кои не само што се чувствуваат пријатно да работат од дома, туку се и најдобри во практиката. Потребни им се сигурни вработени кои не треба да бидат во канцеларија за да ја завршат својата работа. Тие треба да имаат можност да веруваат дека новиот вработен е доволно самостоен и дисциплиниран за да работи од дома или од канцеларија.

Работници кои демонстрираат флексибилност

Всушност во ваш најдобар интерес е да пренесете како сте се снашле за време на кризата. Повеќе од кога било, компаниите ги ценат вработените кои можат да се справуваат со „ударите“ од кризата и да останат позитивни.

Регрутерите сакаат да ангажираат некој пријатен и подготвен за правење промени во последен момент. Флексибилноста е неверојатно важна бидејќи регрутерите треба да притискаат силно дури и кога работите не одат според ветеното или според планираното. 

Работници кои се технолошки потковани

Сметајте дека ова е вашиот потсетник за да ги разгледате основите на Zoom - и осигурете се дека имате најдобра можна интернет- конекција дома. И, ако не сте го тестирале Slack, време е за тоа. Не треба да ја знаете секоја алатка за да се истакнете, но добро е барем најважните да ги имате во резимето во делот за дигитални вештини.

Да се ​​биде упатен во технологија е клучно во време на пандемија бидејќи луѓето работат на далечина, а сите апликации и алатки се префрлаат преку Интернет. Последната грешка што сакате да ја направите е да имате интервју со слаба конекција и регрутерите не може да разберат што зборувате, предизвикувајќи веднаш да го изгубат интересот.

Работници кои комуницираат ефикасно

Деновиве нема такво нешто како прекумерна комуникација. Со оддалеченостa на многу менаџери од нивните тимови, регрутерите обрнуваат внимание на тоа како потенцијалните вработени зборуваат, се справуваат со виртуелни дискусии и како се прилагодуваат на променливите околности. За да го демонстрирате ова важно е да вербализирате сè: вашите хоби и интереси, вашите квалификации со специфични примери, поставената канцеларија дома итн.

Промовирани огласи »

Скопје како еден од најзагадените градови во Европа, ќе стане првиот град на Западен Балкан кој ќе воведе систем на брз автобуски превоз (БРТ), рече градоначалникот Петре Шилегов на потпишувањето на договорот за кредитирање со ЕБОР во вредност од 70 милиони евра.

Договорот предвидува воведување на приоритетни автобуски коридори со хибридни автобуси за побрз и пофреквентен јавен превоз. Новиот систем на БРТ предвидува намалување на емисијата на јаглероден моноксид од над 95 отсто, на ПМ честичките за приближно 90 отсто и нитроген оксид и јаглероден диоксид за најмалку една четвртина.

,Горди сме што Скопје е првиот град на Западен Балкан кој го воведува БРТ. За граѓаните на Скопје ова е остварување на сонот после 40 години. Добиваме подобар транспортен систем согласно нашите потреби. Добиваме брз, безбеден и одржлив јавен транспорт, кој ќе биде атрактивен, и ќе овозможи намалување на сообраќајниот метеж и аерозагадувањето“, истакна Шилегов на денешната прес-конференција.

Анди Аранитаси, претставникот на ЕБОР, договорот го опиша како голем чекор во унапредување на транспортните услуги на Скопје и дека со овој превоз ќе се намали користењето на приватните автомобили. 

„Справување со загадувањето во Скопје е приоритет и ја поздравуваме посветеноста на властите за одлучна и брза акција, каде ЕБОР стои подготвен за целосна поддршка, што се покажува и со денешното потпишување на овој проект“ рече Аранатиси.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »