Промовирани огласи »

Дигиталната технологија направи многу за да ни помогне животот да се одвива што е можно поблиску до нормалното под ограничување на движење. Видео разговорите со клиенти и колеги сега се земаат здраво за готово, додека апликациите за споделување документи засновани на Cloud овозможуваат постојана соработка. Но, мислењата околу тоа како технологијата ќе продолжи да влијае на работната сила се различни кај сите.

Вештачката интелигенција и продуктивноста

Вештачката интелигенција е сè попопуларно средство за подобрување на деловната ефикасност, автоматизирање и оптимизирање на различни аспекти на работењето на една организација или компанија. Половина од испитаниците на истражувањето спроведено од Мекинзи во 2020 година изјавија дека нивната организација усвоила вештачка интелигенција во најмалку една функција. Според извештајот, сепак, работниците не го делат истото ниво на ентузијазам за технологијата како и нивните работодавци. На пример, мнозинството деловни лидери (89%) предвидуваат дека дигиталните работни простори со вештачка интелигенција - интегрирани технолошки рамки што им овозможуваат на вработените пристап до нивните апликации и податоци во реално време, на кој било уред и од која било локација - ќе ја зголемат продуктивноста на вработените во текот на следните 15 години. Само нешто повеќе од половина од вработените го делат тоа мислење. Слично на тоа, додека скоро три четвртини од деловните лидери (73%) веруваат дека ВИ ќе ги направи работниците најмалку двојно попродуктивни до 2035 година, само 39 проценти од тие работници се согласуваат со ова тврдење.

Подостапни работници

Според извештајот, повеќе од две третини од деловните лидери сметаат дека технологијата што се носи може да стане одлика на работното место до 2035 година. Изненадувачки, можеби, со оглед на тоа што апликациите за здравје и фитнес се веќе голем дел од личниот живот на многу луѓе, помалку од половина од анкетираните вработени се согласуваат со оваа визија.

На крајот на краиштата, вработените се чини дека се подготвени да прифатат технолошко надградување сè додека ги разберат придобивките и ризиците што ги претставува. Лидерите можат да помогнат во поттикнувањето на оваа подготвеност со претставување позитивна слика за иднината во која ваквите технологии ќе им користат на вработените.

Привлечна визија

Од горенаведените примери е јасно дека постои длабока поделба помеѓу тоа како деловните лидери и вработените гледаат на влијанието на технологијата врз иднината на работата. Додека лидерите предвидуваат продуктивна, комплементарна врска со технологијата, а особено со ВИ, вработените гледаат на тоа како директен конкурент. Затоа, лидерите мора да им ја доближат привлечната визија за иднината на вработените во која технологијата додава вредност на работата на вработениот, наместо да ја загрозува нивната безбедност на работното место. Тие мора да ги редизајнираат работните места околу технологијата што ја подобрува продуктивноста, а и мора да се справат со потребата за зголемување на квалитетот на работната сила.

Пандемијата со Коронавирусот ја покажа способноста за прилагодување и иновации на организациите/компаниите насекаде. Прифаќањето нови и различни технологии им овозможи на многумина да преживеат во овој временски период. Но, деловните субјекти - и технологиите што ги користат - ќе продолжат да се менуваат. Одговарајќи на загриженоста на нивните вработени сега, лидерите можат да помогнат да се осигурат дека нивната компанија е подготвена за иднината и за што и да е.

Промовирани огласи »

Во гостувањето во утринската програма на Телевизија 24, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов  беше прашан и за реакцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје која се однесуваше на висината на заемот од 70 милиони евра и исплатливоста на проектот.
 
„Криво ми е што ДПМНЕ не успева да препознае што е добро за градските политики. Претходниот градоначалник на Скопје имал обид да донесе трамвај, кој што било планирано да се движи по истата траса, на којашто денес работиме и само трасата од Ново Лисиче до Ѓорче би чинела 150 милиони евра. И тоа е тоа на коешто ВМРО-ДПМНЕ работело или уште поточно се обидело да работи“ - изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на гостувањето во Студио 10 на Телевизија 24.
 
„Кога е нешто добро, треба да се каже дека е добро. Ако работеле на нешто што чини 150 милиони евра само за една траса, а ние работиме на нешто што чини 70 милиони евра за две траси, и сега тоа било добро кога вредело 150 милиони, а ова сега не чини затоа што вреди 70 милиони за две траси. А тие се трасите, предвидени се во ГУП, ниту јас можам да ги измислам, ниту ги додавам, ниту ги одземам. Значи работеле на истото, само во нивниот случај би не чинело 150 милиони на релација Ново Лисиче - Ѓорче.“, појасни градоначалникот Петре Шилегов.
 
„Во немањето нити визија, нити капацитет да сфатат што е град и што претставува урбаното живеење, за жал, а тоа веќе станува нивна пракса, одат на тоа да напаѓаат што и да прави другата страна“, додаде Шилегов.
 
 
 
Link https://www.facebook.com/watch/live/?v=465718358090838

Промовирани огласи »

Вработен во болница во Италија е обвинет дека 15 години не се појавувал на работа, додека за тоа време примал полна плата. Локалните медиуми објавија дека „кралот на отсуствата“ во 2005 година престанал да оди на работа во болницата во јужниот град Катанцаро.

Државната агенција „Анса“ пренесе дека 67-годишниот маж сега е обвинет за измама, изнуда и злоупотреба на службената положба. Тој наводно примил 538.000 евра за периодот додека не одел на работа. Шестмина менаџери на болницата исто така се наоѓаат под истрага во врска со овој случај.

Апсењата се резултат на долга полициска истрага за отсуствата од работа и можни измами во јавниот сектор.

Вработениот бил јавен службеник кој бил примен на работа во болницата во 2005 година. Полицијата вели дека од тој момент престанал да оди на работа.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство д-р Венко Филипче најави дека Македонија веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа. Според најавите кои Филипче ги доби од грчкиот министер за туризам Теохарис тоа се очекува да се случи на 14 мај. Во интервју за ТВ Сител, Филипче истакна и дека освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР тест кој може да го напратва во една од 20 те лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство.

Тоа што би требало да се бара при премин на границите се потврда или за примена вакцина за што ние имаме спремна потврда со соодветен код, кој ќе биде прифатен на сите гранични премини. Тој сертификат е подготвен и на почеток на следната недела веќе во понеделник ќе се издава ретроактивно на сите лица кои се ревакцинирани. Доколку граѓаните не се вакцинирани, вториот услов е негативен ПЦР тест. Ние имаме листа од 20 тина овластени лаборатории кои стручната Комисија на МЗ и дел од Комисијата за заразни болести утврдиле дека работат во соодветни стандарди и тие лаборатории со издаден ПЦР тест, се разбира доколку е тој негативен, граѓаните ќе имаат можност да влезат во Грција. Сега чекаме и официјална потврда, а секако ја следиме и епидемиолошката состојба - изјави Филипче

Дали со една доза на вакцината Астра Зенека ќе може да се патува во странство, министерот посочи дека таква одлука се уште нема, но таква одлука има и така функционира Велика Британија.

Таа тоа го дозволи поради две работи, прво за пократко време да бидат вакцинирани што поголем број граѓани, но во исто време потврдувајќи дека само една доза создава сосема доволна количина на антитела и веќе 2-3 недели после вакцинацијата граѓаните се целосно заштитени - рече министерот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »