Промовирани огласи »

Министерот за здравство д-р Венко Филипче најави дека Македонија веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа. Според најавите кои Филипче ги доби од грчкиот министер за туризам Теохарис тоа се очекува да се случи на 14 мај. Во интервју за ТВ Сител, Филипче истакна и дека освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР тест кој може да го напратва во една од 20 те лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство.

Тоа што би требало да се бара при премин на границите се потврда или за примена вакцина за што ние имаме спремна потврда со соодветен код, кој ќе биде прифатен на сите гранични премини. Тој сертификат е подготвен и на почеток на следната недела веќе во понеделник ќе се издава ретроактивно на сите лица кои се ревакцинирани. Доколку граѓаните не се вакцинирани, вториот услов е негативен ПЦР тест. Ние имаме листа од 20 тина овластени лаборатории кои стручната Комисија на МЗ и дел од Комисијата за заразни болести утврдиле дека работат во соодветни стандарди и тие лаборатории со издаден ПЦР тест, се разбира доколку е тој негативен, граѓаните ќе имаат можност да влезат во Грција. Сега чекаме и официјална потврда, а секако ја следиме и епидемиолошката состојба - изјави Филипче

Дали со една доза на вакцината Астра Зенека ќе може да се патува во странство, министерот посочи дека таква одлука се уште нема, но таква одлука има и така функционира Велика Британија.

Таа тоа го дозволи поради две работи, прво за пократко време да бидат вакцинирани што поголем број граѓани, но во исто време потврдувајќи дека само една доза создава сосема доволна количина на антитела и веќе 2-3 недели после вакцинацијата граѓаните се целосно заштитени - рече министерот.

Промовирани огласи »

Не стапи на сила годинава каков што беше планот, но задолжителното пензионирање на 64 години секако ќе важи од 2022 година. До 31 август годинава секој вработен во јавниот сектор може да поднесе барање за продолжување на работниот стаж, а ако поднесе, на работа може да остане најмногу до 30 јуни 2022 година. За ова договор постигнале опозицијата и власта, а од понеделник ќе се бара начин како да се вметне измената која се однесува на датумот до кој тој што ќе го продолжи работниот стаж годинава ќе може да остане на истата работа следната година. Амандмански не може затоа што можноста за амандмани е исцрпена, па најверојатно ќе биде комисиска интервенција. Инаку на измените на Законот за работни односи со кои група пратеници на СДСМ предложија во земјава да се оди во пензија задолжително на 64 години без можност да се пролонгира тоа во јавниот сектор, опозицијата поднесе околу 500 амандмани. Договор да се одблокираат овој и придружни закони кои се менуваат а се поврзани со пензионрањето постигнале впрочем и лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски на последната средба.  Договорено е законот да се донесе, да важи од следната година, поднесувањето на барање за продолжување да биде до 31.08 годинава, а продолжената работа да трае до 30.06 следната година.

Власта го предложи новиот закон за работни односи во ноември, а планот беше на почетокот на годинава да стапи на сила. Со него беа опфатени околу 10 илјади вработени во јавната администрација, кои треба да заминат во пензија. Законот е блокиран во Собрание, откако опозицијата поднесе 500 амандмани. 

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Во Daimler ќе има 18.500 работници кои ќе работат со скратено работно време во Германија поради глобален недостиг на чипови.

Фабриките на компанијата во Бремен и Растат ќе бидат засегнати, денеска соопшти компанијата, oбјави europe.autonews.com. 

Во моментов, во целиот свет има недостаток на снабдување со одредени компоненти на полупроводници. Ние продолжуваме да ги следиме работите. Ситуацијата е непостојана, така што не е можно да се направи прогноза, рече портпаролката на компанијата. 

Овој потег ќе го прекине производството во фабриките, но ќе им овозможи на вработените кои работат на специјални проекти да продолжат. Tоа ќе стапи на сила почнувајќи од 23 април, една недела, за почеток. 

Фабриката во Бремен, која брои 12.000 работници, е глобално место за производство на делови  за Mercedes C-Class, најпродаваниот модел на производителот, а исто така е и главната фабрика за производство на кросоверот GLC. Фабриката го гради и комплетниот електричен кросовер EQC. Околу 6.500 работници се вработени во фабриката во Растат. 

Промовирани огласи »

Во повеќе сектори во државата, работниците земаат плати кои се за нијанса повисоки од минималецот. 

Тука спаѓаат вработените во туристичките агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив, и тие во февруари според Државниот завод за статистика земале плата од 16.818 денари во просек. 

Заштитни и истражни дејности е сектор каде работниците имаат просек од 15.830 денари. 

Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата има просек од 17.792 денари. 

Работниците кои се занимаваат со производство на кожа и слични производи од кожа во просек земале по 16.581 денари. 

Производство на облека е сектор со просек од 17.652 денари. 

Просечната плата во февруари изнесувала 27.948 денари. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »