Во Daimler ќе има 18.500 работници кои ќе работат со скратено работно време во Германија поради глобален недостиг на чипови.
Фабриките на компанијата во Бремен и Растат ќе бидат засегнати, денеска соопшти компанијата, oбјави europe.autonews.com.
Во моментов, во целиот свет има недостаток на снабдување со одредени компоненти на полупроводници. Ние продолжуваме да ги следиме работите. Ситуацијата е непостојана, така што не е можно да се направи прогноза, рече портпаролката на компанијата.
Овој потег ќе го прекине производството во фабриките, но ќе им овозможи на вработените кои работат на специјални проекти да продолжат. Tоа ќе стапи на сила почнувајќи од 23 април, една недела, за почеток.
Фабриката во Бремен, која брои 12.000 работници, е глобално место за производство на делови за Mercedes C-Class, најпродаваниот модел на производителот, а исто така е и главната фабрика за производство на кросоверот GLC. Фабриката го гради и комплетниот електричен кросовер EQC. Околу 6.500 работници се вработени во фабриката во Растат.