Промовирани огласи »

Што помалку изговори за да се храните здраво е дел од визијата на две истомисленички кои го создадоа „Мелем од вкусови“. Како идеја се развива неколку години наназад, веројатно кога и двете лично го почувствувале бенефитот од промената на начинот на исхрана. Пандемијата, кога скоро сите знаат дека здравјето е скапоцено, е таа која ги поттикнала муабетите да ги претворат во конкретен бизнис кој ќе им помогне на луѓето да ја прифатат асоцијацијата дека храната е лек и за менталното и за физичкото здравје.

Лесно достапен здрав оброк направен со љубов, па што ви треба повеќе во вакво кризно време?

Салатите на „Мелем од вкусови“ не се класични воопшто, туку се комбинација на продукти кои порано биле секојдневно присутни во оброците за ручек и изобилуваат со протеини кои бавно се разградуваат и витамини кои притоа не го оптоваруваат организмот.

Андријана и Ана се љубители на природата и навистина им е важно да не ја загадуваат околината, па затоа се одлучиле салатите и оброците да бидат во тегла (која што може да искористи повторно), а воедно и вкусот на истите е далеку подобар затоа што состојките се врзуваат поубаво кога се во стаклена амбалажа.

Нивното мото е: „Одвојте повеќе време за себе и работите што ве прават среќни, а ние ќе се погрижиме да јадете здрави и вкусни оброци.“

Дел од уникатните производи:

1.Колагенскиот десерт (здрава верзија на Чиз Кејк)- овесни снегулки, ореви, кокосово масло, мед , желатин со ванила и шумско овошје.

2.Мелем од вкусови - Пченица со суво грозје, мед, ванила, цимет и ореви

3.Кралскиот оброк - Цели зрна овес во комбинација со кокос, урми, бадеми, сончоглед, ванила и мелено ленено семе

4.Енергетска бомба - Киноа со сите сушени овошја и сите јаткасти плодови, плус цимет и мед

5.Чија пудинзи со кефир (јагода, ванила и кокос, со путер од кикирики ). Чоколадниот чија пудинг е направен со сок од портокали , тој не содржи кефир.

Кефирот го прават сами и го користат и за неколку дресинзи за оброк салатите , како и за нивните смути пијалоци.

6.Чоколаден мус - Наут со оризово млеко, какао, мед, путер од лешници, цимет и одозгора овошје ( по избор ) + лешници

7.Чистач салатата - Салата со леќа која ја имаат во две варијанти со домат и со козјо сирење.

Грижата за себе можете да ја започнете уште веднаш, време е за вкусни и здрави оброци во тегла. 

Промовирани огласи »

Oд понеделник 26.4.2021 година, почнува етапната исплата на априлските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на здравствена криза.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.4.2021 година (понеделник);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.4.2021 година (вторник);

  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.4.2021 година (среда);
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.4.2021 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26 април(понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на болеста, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Промовирани огласи »

Се повеќе луѓето сакаат да читаат мудри зборови или мисли од познати и успешни луѓе и на тој начин го подигаат својот морал во мрачните денови или самодовербата во сите останати денови. Постојат многу начини да го искористите она што сте го прочитале, но дефинитивно морате да верувате во она што го слушате и читате. Не се што ќе прочитате на интернетот е точно, но добро би било да го послушате советот на Тед Тарнер, основачот на Си-Ен-Ен.

Никогаш не смеете да се откажувате. Победниците никогаш не се откажуваат, а луѓето кои се откажуваат никогаш не победуваат – рекол Тарнер.

Интересно во врска со него е тоа што е најголемиот светски донатор, кој се обврза во наредните 10 години да донира милијарда долари на ОН. Тој, исто така ја има и најголемата колекција на филмови и цртани филмови на светот. Беше во брак со актерката Џејн Фонда.

Промовирани огласи »

Со пандемијата, и листата на најмоќни економии во светот доживеа промени. 

САД е на врвот со номинален БДП од 20,9 милијарди долари минатата година. Зад неа е Кина која има раст на номиналната вредност на 14,7 милијарди долари. Јапонија е третата најмоќна светска економија со БДП проценет на 5,0 милијарди долари, а на четврто место е Германија со вредност од 3,8 милијарди долари. Обединетото Кралство е на петтата  позиција, а Индија е шестата најголема светска економија. Франција е седма со номинален износ на БДП од околу 2,6 милијарди долари, а осма е Италија со вредност проценета на околу 1,9 милијарди долари. Бразил веќе не е во топ 10. Но, во топ 10 влезе Канада, со БДП проценет на 1,7 милијарди долари. Како десетта најмоќна економија годинава се најде Јужна Кореја со БДП од 1,6 милијарди долари. Повеќе земји во светот поради пандемијата влегоа во рецесија. И Германија влезе во рецесија поради пандемијата. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »