Што помалку изговори за да се храните здраво е дел од визијата на две истомисленички кои го создадоа „Мелем од вкусови“. Како идеја се развива неколку години наназад, веројатно кога и двете лично го почувствувале бенефитот од промената на начинот на исхрана. Пандемијата, кога скоро сите знаат дека здравјето е скапоцено, е таа која ги поттикнала муабетите да ги претворат во конкретен бизнис кој ќе им помогне на луѓето да ја прифатат асоцијацијата дека храната е лек и за менталното и за физичкото здравје.
Лесно достапен здрав оброк направен со љубов, па што ви треба повеќе во вакво кризно време?
Салатите на „Мелем од вкусови“ не се класични воопшто, туку се комбинација на продукти кои порано биле секојдневно присутни во оброците за ручек и изобилуваат со протеини кои бавно се разградуваат и витамини кои притоа не го оптоваруваат организмот.
Андријана и Ана се љубители на природата и навистина им е важно да не ја загадуваат околината, па затоа се одлучиле салатите и оброците да бидат во тегла (која што може да искористи повторно), а воедно и вкусот на истите е далеку подобар затоа што состојките се врзуваат поубаво кога се во стаклена амбалажа.
Нивното мото е: „Одвојте повеќе време за себе и работите што ве прават среќни, а ние ќе се погрижиме да јадете здрави и вкусни оброци.“
Дел од уникатните производи:
1.Колагенскиот десерт (здрава верзија на Чиз Кејк)- овесни снегулки, ореви, кокосово масло, мед , желатин со ванила и шумско овошје.
2.Мелем од вкусови - Пченица со суво грозје, мед, ванила, цимет и ореви
3.Кралскиот оброк - Цели зрна овес во комбинација со кокос, урми, бадеми, сончоглед, ванила и мелено ленено семе
4.Енергетска бомба - Киноа со сите сушени овошја и сите јаткасти плодови, плус цимет и мед
5.Чија пудинзи со кефир (јагода, ванила и кокос, со путер од кикирики ). Чоколадниот чија пудинг е направен со сок од портокали , тој не содржи кефир.
Кефирот го прават сами и го користат и за неколку дресинзи за оброк салатите , како и за нивните смути пијалоци.
6.Чоколаден мус - Наут со оризово млеко, какао, мед, путер од лешници, цимет и одозгора овошје ( по избор ) + лешници
7.Чистач салатата - Салата со леќа која ја имаат во две варијанти со домат и со козјо сирење.
Грижата за себе можете да ја започнете уште веднаш, време е за вкусни и здрави оброци во тегла.