Промовирани огласи »


Дизајнерите ги поминуваат своите денови сонувајќи за подобри производи и подобри светови, а вие можете да ги искористите нивните размислувања за да го дизајнирате вашиот сопствен живот, вели професорот по дизајн Бил Бурнет. Тој споделува пет совети што треба да ги испробате, без разлика дали сте на почетокот на вашата кариера или размислувате за вашиот следен чекор. Во пет изненадувачки откритија, Бурнет нуди едноставни, но животно менувачки совети за дизајнирање на посакуваниот живот, без оглед дали размислувате за факултет или пензија. После години цртање автомобили и авиони под машината за шиење на неговата баба, Бил Барнет отишол на колеџ каде открил дека има луѓе во светот кои прават ваква работа секој ден (без машината за шиење) и тие биле наречени дизајнери Триесет години, пет компании и неколку илјади студенти подоцна, Барнет сè уште црта и гради работи, ги учи другите како да го прават истото и тивко ужива во фактот дека никој не открил дека тој премногу се забавува. Како извршен директор на Програмата за дизајн на Стенфорд, тој работи додипломски и постдипломски програми за дизајн, обете меѓусекторски програми помеѓу машинското инженерство и уметничките оддели. Барнет работеше на дизајнот на наградуваните Apple PowerBooks и оригиналните акциони фигури „Star Wars“. Тој поседува голем број механички и дизајнерски патенти.

Слушнете какво искуство има да ви пренесе Бил:


 

Промовирани огласи »

Информатичкиот инженер Николчо Петров упати писмо до Министерството за образование и министерката Мила Царовска како реакција на најавениот нов закон закон за учебници и други наставни и дидактички материјали со реакција дека семејствата ќе бидат принудени да купуваат постојано нови компјутери и лаптопи во ситуација кога нивната цена е поскапена на пазарот..

Петров, покрај тоа, смета дека учениците и наставниците, како и самите училишта, ќе се соочат со технички проблеми при самата настава.

„Јас сум инженер по информатика со над 30 години работен стаж. Бев одличен студент, а сега сум високо ценет (и добро платен) стручњак во мојата компанија. Секогаш се залагам за унапредување на било која активност, процес... со примена на техника, посебно компјутери. За жал, свесен сум колку одржување, трошок и напор треба за компјутерската опрема да функционира и колку е нагла промената која се планира. Се сомневам дека и училиштата и наставниците и децата и родителите се подготвени за неа. Успех на ваква крупна промена не е можен без СООДВЕТНИ ПРЕДУСЛОВИ. На пример:

- Дали на клупите има приклучок за струја за секое дете? (Наставничке празна ми е батеријата) Се сомневам дека и само ова сме способни да го реализираме до септември.

- На 2-3 одделенија ќе треба барем по еден информатичар, техничко лице за поддршка. (Ја знаете пазарната цена на информатичарите во Македонија, нели? Знаете дека се меѓу најплатените професии, ако не и први. Барем оние кои останаа во државата. ) Наставниот кадар е далеку од способен да врши ваква поддршка. (Наставничке ми се ресетира лаптопот. Наставничке ми го нема фајлот. Наставнику ми пишува ВИРУС. Наставничке Марко ми го турна лаптопот на подот и сега не ми се вклучува... )

- Знаете дека компјутерскта опрема застарува за 3-4 години, нели? (Прашајте ги во книговодство колкава е цената на компјутерска опрема по 4-тата година. НУЛА ДЕНАРИ! ). Значи родители со две деца во училиште (ако се биде во најдобар ред, а нема), ќе трошат по 20-30,000 денари секои 2 години за нови лаптопи.

- Покрај хардверот, знаете ли колку чинат лиценците за офис алатки, антивирусен софтвер и сѐ друго што треба?

- Знаете ли колкав % од учениците кои сега следат online настава пристапуваат од мобилен телефон со МАЛ ЕКРАН КОЈ НЕ Е УПОТРЕБЛИВ ЗА УЧЕЊЕ? Сигурно над 50%. Проверете!

- Дали знаете дека со ковид кризата и омасовувањето на online работењето од дома лаптопите се дефицитарни, цените се покачени, испораките доцнат? Јас знам бидејќи набавувам за стотици луѓе кои имаат потреба да работат од дома.

- Дали знаете дека компјутер без пристап до Интернет не вреди? Посебно за едукативни цели? Нема ниту да почнам да поставувам прашања за подготвеноста на училиштата за МАСОВЕН ПРИСТАП КОН ИНТЕРНЕТ. Знам само дека кај мене дома, со 3 деца истовремено на online настава и двајца родители со online пристап на работа, преку максимален оптички линк на телеком СЕ ГУШИМЕ, па двајца закачувам преку мобилен телефон за да функционираме (среќа имаме доволно претплата). Добро, тоа нѐ чини и нешто помалку од 100 евра месечно, гласат причините поради кои Петров реагира до министерката.

Тој вели дека МОН во моментов се води единствено од ентузијазам, но треба и да ја согледа реалната слика.

„Од Вас и од Министерството не видов ниту една издржана, убедлива анализа дека сме подготвени за ваква промена. Слушам и читам само "поетски" изјави за крупно чекорење кон светлата дигитална иднина, за доброто на нашите деца... Оптимизмот и визионерството се убава работа, доколку се поддржани со реални можности за реализација. Скокањето од авион е прекрасна активност, но само доколку се има падобран на грбот, уште еден резервен падобран (за секој случај) и умешност да се отворат на време“, додава експертот.

МОН најавува дека законот денеска ќе се најде повторно на седница на Влада и оти потоа повторно ќе биде вратен во Собрание.

Промовирани огласи »

По пандемијата можно е работата од дома да биде „новото нормално“.

Анкетата на YouGov покажува дека 42 проценти од оние кои работат од дома се „уморни од Zoom“, но само 14 проценти од нив сакаат да се вратат на работа со полно работно време кога ќе заврши пандемијата. Секој петти испитаник одговорил дека никогаш не сакал да се врати во просториите од фирмата.

Со истражувањето беа опфатени 2.027 работници. Скоро половина (45 проценти) сакаат баланс помеѓу работата од дома и работата во канцеларија, односно одење на работа помеѓу еден и три дена во неделата. Како најчеста причина за тоа, 51 процент од испитаниците рекле дека избегнуваат патувања на работа. Во 34 проценти од случаите, работниците претпочитаат пофлексибилно работно време. Дваесет проценти сакаат да продолжат да работат од дома затоа што на тој начин можат да спијат подолго, а 15 проценти затоа што не мора да носат формална облека.Истражувањето е направено по повеќе од една година по првиот карантин.

Промовирани огласи »

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, по разговорите со претставниците на ЕУ во Брисел, изјави дека на крајот на август почнува изградбата на проектот Ниш-Приштина и оти се договара железничка пруга до Прешево, јави дописникот на МИА од Белград.

Европската унија ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра во изградба на брза пруга помеѓу Белград и границата со Северна Македонија, изјави Вучиќ.

Најважното нешто за што разговаравме овде во Брисел е тој фантастичен проект на брзата пруга Белград-Ниш, за кој добивме понуда од Кинезите. Европејците рекоа дека можат да дадат подобра понуда и добивме неверојатна цена, изјави Вучиќ во обраќањето до јавноста од Брисел.

Вучиќ објасни дека, според избраната варијанта, тоа ќе ја чини Србија максимум 1,2 милијарди, бидејќи околу 35 до 50 отсто ќе бидат подарени пари од ЕУ.

Над 600 милиони бесплатни пари, дури и ако се работи за варијанта со 35 отсто, за фантастичниот проект што не поврзува со Скопје, Солун, Атина….Ќе се молиме сè да биде готово до крајот на 2025 година или почетокот на 2026 година, изјави Вучиќ.

Тој им се заблагодари на луѓето од ЕУ, потенцирајќи дека „ова е голема шанса за Србија и голема надеж“, најавувајќи проекти кои „драстично ја менуваат земјата“.

Кога станува збор за пругата, тој изјави дека ќе се гради комплетна пруга од Ниш до Прешево, што е тешко, особено во Грделичката клисура.

Верувам дека од Белград до Скопје, со сите станици, ќе се патува нешто повеќе од 3 часа, околу 3 часа и 30 минути до Скопје од главниот град на Србија. Со авион не можете побргу да стигнете. Ова се неверојатни промени, изјави претседателот на Србија

Тој прецизираше дека се дискутирало за пет варијанти, а Србија ја прифатила варијантата 4, каде цената е 1,766 милијарди евра до Ниш, со најмалку 600 милиони помалку, бидејќи ЕУ ќе даде толку.

Според него, инвестирањето во Србија ќе придонесе за раст на животниот стандард.

Претседателот на Србија потоа објави мапи на новата железничка инфраструктура во Србија.

Тоа ќе значи многу, не само за превоз на луѓе, туку и за стока, и не можев да ја сокријам возбудата од тоа, изјави српскиот претседател, оценувајќи дека ова е една од најважните работи што ќе ги постигне за време на неговиот мандат.

Тој изрази надеж дека договорот во врска со ова ќе биде потпишан наскоро и пренесе дека ја поканил Урсула фон дер Лајан да дојде во Србија и да види на лице место колку е важен проектот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »