Промовирани огласи »

По пандемијата можно е работата од дома да биде „новото нормално“.

Анкетата на YouGov покажува дека 42 проценти од оние кои работат од дома се „уморни од Zoom“, но само 14 проценти од нив сакаат да се вратат на работа со полно работно време кога ќе заврши пандемијата. Секој петти испитаник одговорил дека никогаш не сакал да се врати во просториите од фирмата.

Со истражувањето беа опфатени 2.027 работници. Скоро половина (45 проценти) сакаат баланс помеѓу работата од дома и работата во канцеларија, односно одење на работа помеѓу еден и три дена во неделата. Како најчеста причина за тоа, 51 процент од испитаниците рекле дека избегнуваат патувања на работа. Во 34 проценти од случаите, работниците претпочитаат пофлексибилно работно време. Дваесет проценти сакаат да продолжат да работат од дома затоа што на тој начин можат да спијат подолго, а 15 проценти затоа што не мора да носат формална облека.Истражувањето е направено по повеќе од една година по првиот карантин.

Промовирани огласи »

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, по разговорите со претставниците на ЕУ во Брисел, изјави дека на крајот на август почнува изградбата на проектот Ниш-Приштина и оти се договара железничка пруга до Прешево, јави дописникот на МИА од Белград.

Европската унија ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра во изградба на брза пруга помеѓу Белград и границата со Северна Македонија, изјави Вучиќ.

Најважното нешто за што разговаравме овде во Брисел е тој фантастичен проект на брзата пруга Белград-Ниш, за кој добивме понуда од Кинезите. Европејците рекоа дека можат да дадат подобра понуда и добивме неверојатна цена, изјави Вучиќ во обраќањето до јавноста од Брисел.

Вучиќ објасни дека, според избраната варијанта, тоа ќе ја чини Србија максимум 1,2 милијарди, бидејќи околу 35 до 50 отсто ќе бидат подарени пари од ЕУ.

Над 600 милиони бесплатни пари, дури и ако се работи за варијанта со 35 отсто, за фантастичниот проект што не поврзува со Скопје, Солун, Атина….Ќе се молиме сè да биде готово до крајот на 2025 година или почетокот на 2026 година, изјави Вучиќ.

Тој им се заблагодари на луѓето од ЕУ, потенцирајќи дека „ова е голема шанса за Србија и голема надеж“, најавувајќи проекти кои „драстично ја менуваат земјата“.

Кога станува збор за пругата, тој изјави дека ќе се гради комплетна пруга од Ниш до Прешево, што е тешко, особено во Грделичката клисура.

Верувам дека од Белград до Скопје, со сите станици, ќе се патува нешто повеќе од 3 часа, околу 3 часа и 30 минути до Скопје од главниот град на Србија. Со авион не можете побргу да стигнете. Ова се неверојатни промени, изјави претседателот на Србија

Тој прецизираше дека се дискутирало за пет варијанти, а Србија ја прифатила варијантата 4, каде цената е 1,766 милијарди евра до Ниш, со најмалку 600 милиони помалку, бидејќи ЕУ ќе даде толку.

Според него, инвестирањето во Србија ќе придонесе за раст на животниот стандард.

Претседателот на Србија потоа објави мапи на новата железничка инфраструктура во Србија.

Тоа ќе значи многу, не само за превоз на луѓе, туку и за стока, и не можев да ја сокријам возбудата од тоа, изјави српскиот претседател, оценувајќи дека ова е една од најважните работи што ќе ги постигне за време на неговиот мандат.

Тој изрази надеж дека договорот во врска со ова ќе биде потпишан наскоро и пренесе дека ја поканил Урсула фон дер Лајан да дојде во Србија и да види на лице место колку е важен проектот. 

Промовирани огласи »

Германската компанија „Гересхајмер“ денеска официјално ќе отвори фабрика во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 во Бунарџик.

Станува збор за инвестиција од областа на  фармацевтската и здравствената индустрија за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика.

На официјалното отворање на фабриката ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски Фатмир Битиќи, министрите за здравство и за економија, Венко Филипче и Крешник Бектеши, како и со директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Првиот инвестициски циклус на „Гересхајмер“ е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од најмалку 25 милиони евра. Делегација на „Гересхајмер“, вчера на средба во Влада најави и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели.

„Гересхајмер“ е водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика. 

Промовирани огласи »

Amazon минатата недела го најави отворањето на нивниот Amazon Salon. Ова е дефинитивно неочекувана новост од оваа компанија, но тие сепак ќе влезат во бизнисот со фризерски салони.

Amazon Salon е отворен во Лондон и според информациите тој сепак ќе биде единствениот. Од Amazon не планираат да го шират овој бизнис и да продолжат со отворање на нови салони на други локации.

Целта на отворањето на овој салон е прикажување и тестирање на најновата технологија која ја развиваат од компанијата, а исто така салонот ќе биде место каде ќе може да се видат и купат производите кои ги продаваат од областа на негата на коса.

Amazon Salon е отворен во Brushfield  Street во Spitalfields во Лондон. Изграден е на два ката со површина од 140 квадратни метри. Салонот ќе го води Елена Лавагњи која е сопственик на познат салон во Лондон.

​ ​

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »