Промовирани огласи »

Двоцифрен раст на добивката, консолидирани продажби од 3,27 милијарди денари, 58 нови вработувања во земјата и со инвестиции од над 178 милиони денари. Вака одработе една од најдобрите македонски компании во првите три месеци годинава. Алкалоид ги објави кварталните резултати. Остварената добивка по трошоци изнесува над 5,6 милиони евра!

Според податоците од билансот на успех, единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 514.698.816 денари, бележи зголемување од околу 12 отсто, додека единечната нето-добивка изнесува 283.499.233 денари и е зголемена за 11 проценти.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 606.551.018 денари и бележи раст од 12 проценти, додека консолидираната нето-добивка во износ од 346.686.179 денари е зголемена за 10 отсто

Според единечниот биланс на успех, во периодот од јануари до март 2021 година, продажбите достигнуваат 2.406.134.466 денари, што е за 4 отсто помалку во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, се 3.273.226.394  денари, што е за 3 отсто помалку во споредба со истиот период од минатата година.

Продажби според региони

Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 14 отсто. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата е намален за 9 проценти. Од вкупните консолидирани продажби, 33 отсто се остварени на домашен пазар, додека 67 проценти се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 34 проценти, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22 отсто, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 10 проценти, а на другите пазари се остварени 1 отсто од вкупните консолидирани продажби.

Минималното намалување на продажбите во првиот квартал од 2021 година во споредба со истиот период од 2020 година се должи на подигнувањето на безбедносното ниво на залихи на лекови кај голем број наши клиенти и тоа, пред сѐ, на извозните пазари, што беше реализирано во март 2020, предизвикано од почетокот на КОВИД-19 пандемијата.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 88 отсто. Од нив поголем удел имаат препаратите ОТЦ со удел од 21 отсто, антибиотиците со 19 проценти, кардиолошките препарати со 15 отсто, невролошките препарати заземаат 14 проценти од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 12 отсто во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со 3 отсто, козметиката со 7 отсто, а билкарството учествува со 2 отсто.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства, во периодот јануари-март 2021 година, изнесуваат 178.821.567 денари.

Вработени

Во периодот јануари-март 2021 година во „Алкалоид“ се реализирани 58 нови вработувања во Р.С.Македонија. Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од 100 отсто од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во Р.С.Македонија. Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето. Групацијата „Алкалоид“ брои 2.430 вработени, од кои 1.860 се во базата во Скопје, а 570 се вработени во подружниците во странство.

Податоци за акциите

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на „Македонска берза за хартии од вредност“ од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари-март 2021 година се движеше од 13.300,00 денари до 14.530,00 денари или просечно 13.917,00 денари за една акција, што претставува раст од 14,9 отсто во споредба со просечната цена во истиот период од 2020 година. Пазарната капитализација на компанијата на 31.03.2021 изнесуваше 20,5 милијарди денари.

Бизнис-план за 2021 година

Бизнис-планот за 2021 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 29.12.2020 година, предвидува инвестирање на околу 12 отсто од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 7 отсто на консолидираните продажби во однос на 2020 година, како и раст од 7 проценти на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2020 година. Остварените резултати во првиот квартал од 2021 година ги надминуваат зацртаните плански цели.

Бизнис-планот за 2021 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2021 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од пандемијата на КОВИД-19. Презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност.

Промовирани огласи »

Администрацијата за храна и лекови денеска објави дека ќе предложи забрана за цигари со вкус на ментол во САД, што би претставувало огромен удар за идната продажба на тутун, објави cnbc. 

Ментолот е последниот дозволен вкус за цигарите. Според ФДА, ментол цигарите биле непропорционално користени од младите, луѓето со различна боја и заедниците со ниски примања. 

„Со овие активности, ФДА ќе помогне значително да се намали иницијативата кај младите, да се зголемат шансите за прекин на пушењето кај сегашните пушачи и да се надминат разликите во здравствената состојба што ги имаат заедниците, и луѓето со ниски примања“, велат од ФДА. 

Оваа одлука е одговор на петицијата на граѓаните поднесена во 2013 година. Судот наложи да има одговор од агенцијата. 

За овој предлог ќе бидат потребни години за да се донесе заклучок бидејќи треба да има доволно докази од обете страни, што може да биде тешко.

Промовирани огласи »

Грција ја отвора границата со Македонија на 14 мај, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Патувањето во соседната земја ќе биде условено со сертификат за примена доза или негативен ПЦР-тест, а се преговара и за прифаќање на резултатите од брзи антигенски тестови.

Вчера, разговарав со грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, кој потврди дека границата се отвора на 14 мај, а за тоа ќе добиеме и официјално известување. Условот е граѓаните што ќе патуваат да имаат или сертификат за примена доза или негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа. Она што се размислува сега, за некои земји, не само за Грција, е да може да се патува и врз основа на брз антигенски тест. За тоа ќе нѐ известат во следниот период, рече денеска Филипче.

Македонците кои дозата ја примија во Србија ќе може да патуваат со документот за примена доза издаден од српските здравствени власти. Министерот вели дека тој документ се признава оти го има истиот код што го имаат и сертификатите за примена доза што ги издаваат нашите здравствени власти.

Во Србија се имунизираа околу 15.000 Македонци. Голем дел од нив ја примија дозата на „Астра зенека“, од која втората доза е за три месеци. Тие сѐ уште чекаат одговори од здравствените власти како да постапат за втората дози оти кај нас таа е забранета за лица под 60 години поради згрутчувањето на крвта поврзано со самото примање.

За нив, Македонија и Србија се во преговори и за локацијата каде што ќе може да ја примат втората доза.

Србија извести дека веќе им резервирала втори дози на сите имунизирани кај нив, но предложи, доколку се утврди дека така е полесно, овие дози да ѝ ги отстапи на Македонија за граѓаните да може дома да ја примат втората доза.

Промовирани огласи »

Од 21 мај авионската компанија Нордвинд обезбедува директна линија од Москва до Скопје и обратно.

За почеток, овие летови ќе се одвиваат еднаш неделно, а патувањето ќе трае три часа и 25 минути. 

Оваа вест ја објави Амбасадата на Русија во Македонија на нивниот твитер-профил. 

Летови до Москва имаше и досега, но сите се со барем еден прекин на патувањето, поради прекачување во друго летало. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »