Било каков вид на работа, без разлика дали е на далечина или во канцеларија, со скратено работно време или со полно работно време може да игра важна улога во одредувањето на тоа како ќе се одвива секојдневниот живот и како тоа влијае на менталното и физичкото здравје. Кога се нарушуваат рамнотежата и неопходните паузи, продуктивноста на работата може да се намали, а исто така и перцепцијата на луѓето за нивната контрола и напредок. Овие негативни реперкусии може да се претворат во целосна несреќа, што пак продолжува да влијае на вкупниот резултат на работа.
Балансот е најважен
Работејќи попаметно, а не подолго, е важно во борбата против исцрпеноста што доведува до помалку продуктивна шема на работа. Истражувањата покажаа дека прекумерната работа и нејзините негативни несакани ефекти и последици можат да доведат до разни здравствени проблеми, вклучувајќи депресија, дијабетес и срцеви заболувања. Во некои случаи, ограничувањето на работното време може да ја зголеми продуктивноста, според студиите. Балансирањето на работата со одморот е првиот чекор во здраво ментално чистење затоа што наместо да служи како еднократна активност, тој го активира тековниот начин на потрага по себе. Влуијателен чекор кој може да го преземат сите е поставувањето граници во работата во продуктивните часови за максимален резултат, наместо секоја задача да се влече и одзема време дури и од паузите од работа.
Пренасочувања и паузи, истражување на природата и изведување на некои видови физички активности се начини на кои луѓето можат да го одморат умот за да се подготват за друг продуктивен работен час или ден. Социјалните медиуми и другите форми на електроника можеби не нудат многу одмор како што за некои е седењето во парк, па затоа неопходен чекор е да се дознае што му треба на секој вработен поединечно за да ги наполни батериите и да добие енергија.
Стимлуација на продуктивноста е важна и за работата од далечина
За работата од далечина, одржувањето на оваа рамнотежа е исто толку важно за среќата и продуктивноста. Според студија направена во ноември 2020 година за ефектите на менталното здравје при работа од дома, понудата на организациска поддршка на вработените е еден од начините на кои работодавците можат да кажат дека ги задоволуваат потребите на луѓето. Овие потреби честопати се протегаат на долг рок, што влијае на целокупната благосостојба на вработените. Во студијата, кај испитаниците е забележано стрес, депресија, замор и напрегање меѓу другите чувства. Организациската поддршка, поддршката на колегите и социјалната поврзаност беа меѓу оние елементи што влијаеја на здравствените резултати. Корелацијата покажува дека колку повеќе поддршка има, толку повеќе негативни последици може да се избегнат. Кога овие последици се спречуваат, има поголема шанса за задоволство на работа и успех, а помалку шанси за намалена продуктивност и несреќа.
Да се биде внимателен со задачата што се реализира и фокусот да се се насочи кон сегашниот момент, исто така може да послужи како моќен метод за ментално чистење. На овој начин, луѓето би ги исчистиле своите мисли од расеаност. Луѓето кои се дел од работната сила понекогаш немаат емпатија за себе. Тие работат додека не се преморат или работат ангажирани во неколку задачи одеднаш. Ставањето на умот во оваа хаотична состојба може да ја растури секоја понатамошна шанса за организација или успех, па затоа е вредно да се биде конкретен за тоа како да започнете и да го продолжите денот - за секоја задача, интеракција или мисла.