Промовирани огласи »

Кога вечерата ќе заврши, но е убава и пријатна вечер, зошто да влезете внатре ако сакате да се дружите уште малку во вашиот двор или балкон? Ако имате слободен надворешен простор, тогаш сте на вистинското место со удобен мебел.

Во JYSK постојат различни типови сетови за двор кои му додаваат нешто различно на вашиот надворешен простор. Можете да изберете помеѓу различни материјали како ратан, полиратан, дрво и железо. Пред да купите, размислите што одговара на вашата градина и на вашиот личен стил и вкус и погледнете ги нашите примери со одлични комплети. Сигурно ќе си најдете ваш омилен. 

Сетови за двор од ратан и полиратан

Достапни и во природна и во синтетичка верзија. Доаѓаат во различни бои и даваат грациозен изглед на вашиот двор. Погледнете ги овие два различни сетови во ист амбиент. Размислете за ефектот кој го има изборот на боја и композиција врз целокупниот визуелен изглед. Кој е вашиот фаворит?

Постојат многу стилски комплети за избор, од кои секоја има посебен изглед и удобност. Нашата FALKENBERG е елегантен избор за секоја градина. Допринесува стил и квалтет што не може да се измери со цената.

 

Сетови за двор од метал и дрво

Изборот на мебел за градина со мешавина од дрво и метал е современа опција што може да создаде модерна и бохо атмосфера на кој било отворен простор. Нашите столици VALLESTRUP изгледаат толку привлечно за да седнете, да се опуштете и да ги фатите сончевите зраци. Можеби ќе уживате и во овие помали и супер лесни столчиња, полни со сеќавања на стилот на мебелот во 1950-тите. Надополнете со мала маса, вештачка кожа од јагне, фенер и пијте го вашиот коктел со стил.

 

Чувствувајте се како дома во вашата градина

Откако завршивте со преуредување на вашата градина и сакате само да ги испружете нозете, не заборавајте на деталите: Додатоците што даваат атмосфера на вашиот нов омилен простор. Деликатни фенери, стилски жардинери, сад за оган и меки перници кои ќе го трансформираат удобниот двор во уникатно место полно со карактер.

Нa следниот линк може да ги погледнете сите наши производи за двор:

https://bit.ly/3eqRUNk

Промовирани огласи »

По влегувањето во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир „Лидл” ќе го отвори својот прв супермаркет и во Северна Македонија, објави специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин” (ЕСМ), со седиште во ирскиот главен град Даблин.

Според ЕСМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името „Лидл Северна Македонија”, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на „Лидл” и со неа ќе раководат Милена Драгијска, Бисер Инчовски и Љубомир Хрсев.

Предвидено е „Лидл” на стартот да инвестира 500.000 евра во земјава.

Според неофицијални извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница и тоа во туристичкиот центар Охрид, а веќе се дискутира и за конкретна локација кај новата автобуска станица.

Според порталот, интересот на „Лидл” за отворање супермаркет во земјава следи откако неговата продавница отворена во јануари во Врање, привлече голем број купувачи од Северна Македонија, но и од Косово.

Промовирани огласи »

Етерумот со денови ги урива сопствените рекорди и се прогнизира дека ќе достигне цена од 10.000  долари. 

Втората најпопуларна криптовалута по биткоинот, етерум, има вредност околу 3.500 долари, што е скок за повеќе од 5 проценти. Пред неколку дена, американската банка ЈПМорган објави интересна белешка за инвеститорите во која се обиде да објасни зошто втората најпопуларна крипто-валута – етерум, во последните неколку недели  на пазарот поминува подобро од биткоинот. Се смета дека тоа е поради подобрувања во ликвидноста и поголем сообраќај на јавната блокчејн мрежа етерум. Биткоинот сега чини околу 57.200 долари. 

Промовирани огласи »

Следниот четврток е неработен ден, а потоа ни следува уште еден споен викенд до крајот на месец мај.

Имено муслиманскиот празник Рамазан Бајрам кој се прославува на 13 мај е неработен ден за сите граѓани, а потоа на 24 мај се прославува и Св. Кирил и Методиј.

Ова се сите неработни денови кои преостанаа во 2021-ва година.

За сите граѓани на РМ

13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
02 август (понеделник), Ден на Републиката,
8 септември (среда), Ден на независноста,
11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,
23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед:

18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (недела), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »