Промовирани огласи »

Со 2 милиони евра неповратни пари, Фондот за иновации ќе ги поддржи македонските старт ап компании. Новина е што граѓаните кои имаат иновативна идеа за прв пат можат да аплицираат во тимови , а откако ќе ги добијат парите  имаат рок од 30 дена да основаат форма и да започнат бизнис.  Исто така можат да конкурираат и фирми не постари од 6 години, а максималната сума која можат да ја добијат изнесува 60.000 евра.

Максималната сума која можат да ја добијат новоосновани компании изнесува 40,000 евра, каде лицата се должни да обезбедат само 10%, односно 4,000 евра сопствени пари, додека пак за фирмите од 3 до 6 години  предвидени се максимум 60,000 евра. Сопственото учество овде  е 15%, односно  9,000 евра, изјави Коста Петров , директор на Фонд за иновации.

Петров е задоволен што во земјава има многу млади кои имаат добри  идеи и нудат решенија за побрз економски раст. Дали проектот  е издржан и иновативен, одлучува тим од странски експерти, каде претседател е поранешниот директорот на Јаху.

За да им се помогне на лицата кои немаат сопствени  средства, а имаат добра  идеја,  Фондот склучи договори  со 3 банки, од каде полесно ќе можат да земат кредит. Инаку до сега, преку Фондот за иновации поддржани се 540 компании.

Промовирани огласи »

Со зголемување на прагот на ослободување на оданочување со данок на добивка на регресот за годишен одмор од досегашните 40 на 80 проценти работодавците остануваат без главниот изговор дека исплатуваат помалку К-15 за да не прават дополнителни трошоци за плаќање данок. Лани во ССМ добиле пријави за над 100 газди кои не исплатиле или исплатиле помалку К-15.

За две недели официјално треба да почне исплатата на К-15 за сите кои биле вработени кај ист работодавец најмалку шест месеци оваа година. Исплатата на овој регрес наменет за годишен одмор според закон и Колективен договор треба да заврши до крајот на годинава.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија се категорични дека и покрај кризата предизвикана од пандемијата која ја влоши финансиската ситуација на голем број компании, К-15 мора да се исплати, зашто остана како законска обврска. Исто така, вработените оваа година можат да се надеваат да добијат двојно повисока сума од онаа што е предвидена како минимална во Колективниот договор, која изнесува 40 проценти од просекот на трите просечни нето плати во државата објавени пред исплатата од Државниот завод за статистика. Една од мерките од петтиот антикризен пакет што го донесе Владата е и поголемото даночно ослободување на средствата исплатени како регрес, за што се избори ССМ по  барање на работниците.

-Зголемување на прагот на ослободување на оданочување со данок на добивка на регресот за годишен одмор од постојните 40% на 80%. Со мерката се опфатени компаниите коишто имаат обврска да исплаќаат регрес на своите вработени, гласи оваа мерка.

Слободан Трендафилов од ССМ за весникот ВЕЧЕР појаснува дека со тоа ослободување К-15 може да достигне 80 проценти од просечната плата.

Така, доколку овој месец би се исплатувал регресот, што значи во пресметката би се земале просечните плати за декември, јануари и февруари, минималната сума предвидена со Колективниот договор би била околу 11.300 денари. Но, со целосно користење на новото даночното ослободување, таа сума би можела да се покачи до дури 22.635 денари. На оваа исплатена сума како К-15 работодавците нема да платат данок, со што веќе ќе нема изговор дека исплатуваат помалку К-15, за да не прават дополнителни трошоци за данок.

На барање на работниците, ССМ бараше работодавачите да добијат поголемо даночно ослободување при исплата на регрес за годишен одмор, а Владата прифати таквото даночно ослободување да биде за исплатен регрес за годишен одмор во висина до 80 проценти од просечната плата, со што надмината е пречката работодавачите да исплаќаат и повисок износ на регрес за годишен одмор од утврдениот во висина од 40 отсто и за тој износ да не бидат дополнително оданочувани, појаснува Трендафилов.

Од ССМ апелираат сите работодавачи да ја искористат ваквата поволност и да исплаќаат регрес за годишен одмор во висина од 40 до 80 проценти од просечната плата. Исто така најавуваат дека ќе иницираат преговори со работодавците за измена на Колективниот договор со што минималната сума на К-15 од 40 би се покачила на 80 проценти од просечната плата.

Финансиски појаките компании веќе им исплатија К-15 на своите работници за годинава и тоа во висина од над 25.000 денари. Но, некои таа обврска не ја исполнија ни за лани.

Во ССМ добиле пријави од работници за повеќе од 100 работодавачи  кои не исплатиле во целост или исплатиле помалку К-15 за 2020 година.

Пријавите, во името на работниците се потпишани и поднесени од претседателот на ССМ за да се заштитат работниците од притисоци и закани од работодавачите, а бараме одговорност и целосна примена на член 166 став 1 од кривичниот законик за сите работодавачи кои свесно го прекршиле ова работничко право, вели Трендафилов за весникот ВЕЧЕР.

Тој додава дека по пријавите од ССМ голем дел од газдите им го исплатиле регресот за годишен одмор на работниците. Според повратните информации од Државниот инспекторат за труд, каде што се пријавени овие случаи, оние работодавачи кои не го исплатиле регресот за годишен одмор добиле записник и решенија со задолжување за исплата, а некои веќе се и санкционирани.

Неодамна ССМ ја направи мобилната апликација „Мои работнички права“, преку која брзо, едноставно и анонимно работниците можат да пријавуваат прекршување на правата од работен однос, вклучувајќи ја и неисплатата на регресот за годишен одмор. Од овој синдикален сојуз ги охрабруваат работниците да ја преземат и да ја користат оваа апликација.

Промовирани огласи »

Carménère 2019 на Винарија Камник доби златен медал на светски реномираниот International Wine Challenge 2021, каде што освои 95 поени и е единствен златен медал за македонско вино. Оценувачите го опишаа Carménère 2019 како ароматично, со ноти на црна слива, хербални тонови и зачински нишки на ванила и пиперка, свежо и со прекрасна завршница.

International Wine Challenge е признат како најригорозен, непристрасен и највлијателен годишен вински натпревар во светот. Ригорозниот процес на оценување на IWC подлежи на најмалку три одделни „слепи“ дегустации при што секое вино се категоризира според доследноста на стилот, регионот и бербата.

Винарија Камник пред само неколку месеци го лансираше Carménère 2019 како прво вино во земјата и регионот што е направено 100% од истоимената сорта грозје. Со својот изразено зачински вкус и чист состав, како и инстантниот успех на Carménère 2019, се открива Македонија како регион со извонреден потенцијал и за оваа сорта.

Златен медал, исто така, доби и Winemakers Selection 2019 на Frankfurt International Wine Trophy 2021. Winemakers Selection 2019 e црвено суво вино добиено со фузија на врвни сорти грозје од сопствените насади на винaријата Камник - Vranec, Merlot и Carmenere. Се одликува со комплексна арома, истакнат овошно-зачински карактер којшто потсетува на зрела цреша, дополнет со дискретни ванилински поттонови.

Реномето на Frankfurt International Wine Trophy, е изградено врз специфичен и строг метод на оценување. Меѓународната жири комисија е составена од експерти и искусни познавачи, а при оценувањето се користи скала за сензорна анализа според критериумите на Меѓународната организација за вино и винова лоза.

Винаријата Камник постои повеќе од 15 години и претставува синоним за динамична и модерна средина во која креативноста и науката создаваат современа експресија на автентичната македонска традиција на правење вино. Резултатот се вината на Камник, чиј квалитет и посебност се препознаени и одликувани на најпрестижните светски вински натпревари.

Промовирани огласи »

Почнаа исплатите. Се враќаат пари за скенираните сметки во првото тромесечје односно во јануари, февруари и март.

Во ова тромесечје граѓаните скенирале 67.255. 511 фискални сметки, а прометот изнесува 32.434.528.850 денари. Од УЈП информираат дека на сите ќе им се исплати 403, 5 милиони денари или околу 6,5 милиони евра.

-Граѓаните може да се информираат на своите кориснички профили на Е-ПДД за тоа до каде им е исплатата од МојДДВ за соодветното тримесечје, односно дали и кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е во ред или е погрешна и како истата да ја коригираат за да се реализира исплатата, велат од УЈП.

Инаку во февруари имаше граѓани кои добија поврат по два пати. Дел од нив ги вратиле парите, на останатите ќе им биде задржан износот сега.

-Граѓаните на кои во февруари им се исплати поголем износ, ги вратија уплатените средства, а на оние граѓани кои не ги вратија ќе им биде задржан износот за поврат кој го очекуваат се` до целосна наплата на повеќе исплатениот износ, велат од УЈП.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »