Промовирани огласи »

Предолгото работно време е смртоносно за стотици илјади работници годишно ширум светот и ова е негативен тренд што може дополнително да се влоши и забрза со пандемијата на коронавирусот, предупреди во понеделникот Светската здравствена организација.

Резултатите од првата глобална студија за предвремена смртност поврзана со предолго работно време се објавени во списанието „Environment International“, пренесе Хина.

Тие посочуваат дека во 2016 година, околу 745 000 луѓе починале од мозочен удар или срцеви заболувања поврзани со долго работно време, што е скоро 30 проценти повеќе отколку во 2000 година.

„Работното време од 55 часа или повеќе неделно претставува сериозен здравствен ризик. Ние имаме намера да го искористиме ова знаење за да ги охрабриме инволвираните да се занимаваат и со тоа дополнително да ги заштитиме работниците “, рече Марија Неира, директор на Одделот за животна средина, климатски промени и здравје во СЗО.

Студијата, спроведена во 194 земји во светот од СЗО и Меѓународната организација на трудот, сугерира дека мнозинството жртви, дури 72 проценти, се средовечни или постари мажи.

Истражувањето, исто така, укажува на тоа дека жителите на Југоисточна Азија и Западен Пацифик, кои ги опфаќаат Кина, Јапонија и Австралија, се најмногу погодени од овој проблем.

Податоците сугерираат дека луѓето кои работат 55 или повеќе часа неделно имаат 35% поголем ризик од мозочен удар и 17% поголем ризик од исхемична срцева болест во споредба со оние кои работат помеѓу 35 и 40 часа неделно.

Студијата опфаќа период од 2000 до 2016 година, што значи дека не ја вклучувала пандемијата на коронавирус, но официјални лица на СЗО сметаат дека почестата работа од дома и забавувањето на глобалната економија, како резултат на коронавирусот, може да го зголеми ризикот.

„Пандемијата го забрза негативниот развој на настаните, што може да го поттикне трендот на продолжување на работното време“, стои во извештајот на СЗО, според кој денес најмалку 9 проценти од луѓето имаат премногу долго работно време.

Ограничувањето на бројот на работни часови би било корисно за работодавците бидејќи се покажало дека ваквиот потег ја зголемува продуктивноста на работникот, изјави техничкиот службеник на СЗО, Френк Пега, кој рече „во време на економска криза, паметно е да не се зголемува работното време“ „

СЗО објави дека, земајќи ги предвид податоците од оваа студија, ќе се обиде да ги подобри своите работни регулативи.

Промовирани огласи »

Со закон или наредба единаесет земји во Америка забрануваат воведување на ковид пасоши.

Тексас, Флорида, Аризона, Минесота, Алабама, Јужна Каролина се само дел од државите на кои последна им се придружи Вајоминг.

Според гувернерот на таа држава, Марк Гордон, никој на никому не смее да му забранува пристап до места врз основа на статусот на вакцинација.

Тој донел директива за ова прашање а според него програмите за помош на ковид се потенцијално ризични во однос на одлуките кои не смеат да бидат политизирани.

Промовирани огласи »

Шефот на компанијата „Тесла“, Илон Маск, наводно, изгубил повеќе од 20 милијарди долари откако минатиот викенд се појави како гостин-домаќин во емисијата “Saturday Night Live”.

Нето богатството на американскиот бизнисмен падна од 166 милијарди на 145,5 милијарди долари, откако во текот на минатата недела вредноста на акциите на произведувачот на електрични автомобили „Тесла“ падна за околу 15 отсто, покажуваат податоците што ги следи магазинот „Форбс“.

Без оглед на тоа, Маск и понатаму е третиот најбогат човек во светот.

Во текот на своето деби во оваа забавна емисија, ексцентричниот милијардер откри дека тој е „првата личност со Аспергеров синдром која е домаќин на шоуто – или барем првата што го признала тоа“.

Претприемачот исто така зборуваше и за најновите случувања на пазарот на криптовалути, како што се биткоинот и доџкоинот и изнесе шокантна проценка дека ова е втора „празна приказна“. Маск претходно јавно го промовираше тој токен, што ја искачи неговата цена на рекордни нивоа.

Неговите коментари изнесени во „Saturday Night Live“ го потресоа пазарот на криптовалутите, со тоа што вредноста на доџкоинот падна за повеќе од 30 отсто во рок од 24 часа. Во меѓувреме, оваа криптовалута повторно започна да расте по новиот твит на Маск и најавата дека платформата „Coinbase“ ќе ја смести оваа криптовалута во понудата.

По ТВ настапот, Маск исто така објави дека „Тесла“ се откажува од прифаќање на биткоин како платежно средство за неговите автомобили.

Последните потези на Маск наводно ги збуниле инвеститорите, предизвикувајќи дополнителна нестабилност на цените на акциите на „Тесла“, кои паѓаа во текот на минатиот месец поради општата распродажба на акции на големите технолошки гиганти на берзата и растечката неизвесност во врска со бизнисот на овој произведувач на автомобили во Кина.

Промовирани огласи »

Со 2 милиони евра неповратни пари, Фондот за иновации ќе ги поддржи македонските старт ап компании. Новина е што граѓаните кои имаат иновативна идеа за прв пат можат да аплицираат во тимови , а откако ќе ги добијат парите  имаат рок од 30 дена да основаат форма и да започнат бизнис.  Исто така можат да конкурираат и фирми не постари од 6 години, а максималната сума која можат да ја добијат изнесува 60.000 евра.

Максималната сума која можат да ја добијат новоосновани компании изнесува 40,000 евра, каде лицата се должни да обезбедат само 10%, односно 4,000 евра сопствени пари, додека пак за фирмите од 3 до 6 години  предвидени се максимум 60,000 евра. Сопственото учество овде  е 15%, односно  9,000 евра, изјави Коста Петров , директор на Фонд за иновации.

Петров е задоволен што во земјава има многу млади кои имаат добри  идеи и нудат решенија за побрз економски раст. Дали проектот  е издржан и иновативен, одлучува тим од странски експерти, каде претседател е поранешниот директорот на Јаху.

За да им се помогне на лицата кои немаат сопствени  средства, а имаат добра  идеја,  Фондот склучи договори  со 3 банки, од каде полесно ќе можат да земат кредит. Инаку до сега, преку Фондот за иновации поддржани се 540 компании.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »