Научно е докажано дека долготрајниот стрес влијае негативно врз здравјето и убавината. Кога сме среќни и задоволни од самите себе зрачиме со позитивна енергија и истата ја пренесуваме на околината.
Овој пат накратко разговаравме со исклучително храбра жена - претприемач за која годините воопшто не се пречка, туку мотивација.
Агафи Гаџова е сопственик на центарот за справување со стрес, подмладување и регенерација на квантно ниво Agape Bio Well.
За менталното здравје
Центарот Agape Bio Well ви нуди спој на древните учења и науката во справување со менталните и емоционалните проблеми. Ќе имате можност да се самоспознаете и да започнете проблемите во животот да ги гледате како препреки кои лесно ќе ги надминете. Современиот начин на живеење ни наметна стандарди за кои мислиме дека нè интегрираат, а всушност нè разделуваат. Мислиме дека нè спојуваат и вртат едни кон други, а реално нè отуѓуваат бидејќи го маргинализираат вистинското – човечноста, нашето вистинско ЈАС.
За здравјето и убавината
Секој орган, ткиво или клетка кај живите битија има своја единствена фреквенција. Мерењата на нивната енергија покажуваат константна вибрација и резонанца. Научните истражувања покажуваат дека нарушувањето или дисбалансот на овие фреквенции предизвикува состојби, болести, инфекции, оштетувања и стареење.
Методите за подмладување кои се користат во традиционалната медицина и козметологија иако се успешни не можат да го спречат процесот на стареење. Многу истакнати научници низ вековите се труделе да ја откријат тајната на младоста, но оваа мистерија останала нерешена. Денес сме на прагот на големи откритија благодарение на развојот на квантната физика и физиката на ласерите.
Методите за подмладување кои се користат во центарот Agape Bio Well влијаат на длабинска регенерација на организмот и тоа на субатомско ниво и се засноваат на квантната генетика, физиката на ласери како и на научните сознанија за водата.
Збор, два со Агафи Гаџова
Како биохемичар, интересот кон квантната физика и метафизиката како и кон новите гранки во биологијата како квантнта генетика, биологија на верувањето и епигенетиката, биле причина Агафи Гаџова да продолжи да се развива во таа насока бидејќи на прашањето што навистина преставува свеста и кој ја дава иницијалната наредбата за започнување на метаболитичките процеси во организмот конвенционалната наука нема одговор.
Зошто се одлучивте за започнување на сопствен бизнис?
По одредени случувања во 2019 г. животот ме однесе во сосема друга насока. Иако верувам во конвенционалната наука, се најдов во ситуација да енергетските третмани и алтернативните методи на исцелување кои се базираат на квантната физика, не само што ме извлекоа од ситуацијата во која се најдов, туку во исто време ме подмладија. За тие што ме познаваат, знаат дека ова не е никаква реклама туку вистинска приказна од животот.
Живееме во специфично време, оптоварени со бремето на преживување. Исто така, короната ни наметна дополнителен стрес кој сè уште трае. Долготрајниот стрес влијае негативно на сите процеси во организмот. Од витално значење е да знаеме како да се избориме со него.
Решив да направам спој на новите науки кои допрва доаѓаат и древните знаења со цел да помогнам на сите кои сакаат да се справат со секојдневниот стрес и да се регенерираат од внатре.
Имав среќа што судбината ме донесе онаму каде што сакам - ДА РАБОТАМ ТОА ШТО МЕ ИСПОЛНУВА и да соработувам со инситути и лица кои се познати во своите професии. Повеќе може да прочитате на веб-страницата https://agapebiowell.health/
Што би им порачале на сите жени кои сакаат да започнат свој бизнис?
За да бидеме она што сакаме не треба да се плашиме. Стравот е наш најголем непријател. Треба да го совладаме и да се осмелиме. Знам дека не е лесно, но ако не се обидеме да го направиме првиот чекор, ќе останеме таму каде што сме. Само онаа работа која ја работиме со љубов ќе вроди плод и ќе нè направи среќни.
На крај можам да порачам дека годините не се пречка да почнете да го работите тоа што секогаш сте го сакале, а не сте се осмелиле.
Работата на себе, ми даде сила и храброст на 52 г. да го отворам центарот AGAPE BIO WELL и конечно да бидам исполнета со работата која ја работам.