Промовирани огласи »

Научно е докажано дека долготрајниот стрес влијае негативно врз здравјето и убавината. Кога сме среќни и задоволни од самите себе зрачиме со позитивна енергија и истата ја пренесуваме на околината.

Овој пат накратко разговаравме со исклучително храбра жена - претприемач за која годините воопшто не се пречка, туку мотивација.

Агафи Гаџова е сопственик на  центарот за справување со стрес, подмладување и регенерација на квантно ниво Agape Bio Well

За менталното здравје 

Центарот Agape Bio Well ви нуди спој на древните учења и науката во справување со менталните и емоционалните проблеми. Ќе имате можност да се самоспознаете и да започнете проблемите во животот да ги гледате како препреки кои лесно ќе ги надминете. Современиот начин на живеење ни наметна стандарди за кои мислиме дека нè интегрираат, а всушност нè разделуваат. Мислиме дека нè спојуваат и вртат едни кон други, а реално нè отуѓуваат бидејќи го маргинализираат вистинското – човечноста, нашето вистинско ЈАС.

За здравјето и убавината 

Секој орган, ткиво или клетка кај живите битија има своја единствена фреквенција. Мерењата на нивната енергија покажуваат константна вибрација и резонанца. Научните истражувања покажуваат дека нарушувањето или дисбалансот на овие фреквенции предизвикува состојби, болести, инфекции, оштетувања и стареење.

Методите за подмладување кои се користат во традиционалната медицина и козметологија иако се успешни не можат да го спречат процесот на стареење. Многу истакнати научници низ вековите се труделе да ја откријат тајната на младоста, но оваа мистерија останала нерешена.  Денес сме на прагот на големи откритија благодарение на развојот на квантната физика и физиката на ласерите.

Методите за подмладување кои се користат во центарот Agape Bio Well влијаат на длабинска регенерација на организмот и тоа на субатомско ниво и се засноваат на квантната генетика, физиката на ласери како и на научните сознанија за водата.

Збор, два со Агафи Гаџова

Како биохемичар, интересот кон квантната физика и метафизиката како и кон новите гранки во биологијата како квантнта генетика, биологија на верувањето и епигенетиката, биле причина Агафи Гаџова да продолжи да се развива во таа насока бидејќи на прашањето што навистина преставува свеста и кој ја дава иницијалната наредбата за започнување на метаболитичките процеси во организмот конвенционалната наука нема одговор.

Зошто се одлучивте за започнување на сопствен бизнис?

По одредени случувања во 2019 г. животот ме однесе во сосема друга насока.  Иако верувам  во конвенционалната наука, се најдов во ситуација да енергетските третмани и алтернативните методи на исцелување кои се базираат на квантната физика, не само што ме извлекоа од ситуацијата во која се најдов, туку во исто време ме подмладија. За тие што ме познаваат, знаат дека ова не е никаква реклама туку вистинска приказна од животот.

Живееме во специфично време, оптоварени со бремето на преживување. Исто така, короната ни наметна дополнителен стрес кој сè уште трае. Долготрајниот стрес влијае негативно на сите процеси во организмот. Од витално значење е да знаеме како да се избориме со него.

Решив да направам спој на новите науки кои допрва доаѓаат и древните знаења со цел да помогнам на сите кои сакаат да се справат со секојдневниот стрес и да се регенерираат од внатре. 

Имав среќа што судбината ме донесе онаму каде што сакам - ДА РАБОТАМ ТОА ШТО МЕ ИСПОЛНУВА и да соработувам со инситути и лица кои се познати во своите професии. Повеќе може да прочитате на веб-страницата https://agapebiowell.health/

Што би им порачале на сите жени кои сакаат да започнат свој бизнис?

За да бидеме она што сакаме не треба да се плашиме. Стравот е наш најголем непријател. Треба да го совладаме и да се осмелиме. Знам дека не е лесно, но ако не се обидеме да го направиме првиот чекор, ќе останеме таму каде што сме. Само онаа работа која ја работиме со љубов ќе вроди плод и ќе нè направи среќни.

На крај можам да порачам дека годините не се пречка да почнете да го работите тоа што секогаш сте го сакале, а не сте се осмелиле.

Работата на себе, ми даде сила и храброст на 52 г. да го отворам центарот AGAPE BIO WELL и конечно да бидам исполнета со работата која ја работам. 

Промовирани огласи »

Оние кои веќе поминаа еден викенд во Грција велат дека оваа година, барем во пред сезоната цените се нешто пониски.

Тоа може да се забележи во продавниците, рестораните за брза храна и секаде каде што се продаваат прехрамбени продукти.

Гирото оваа сезона чини од 2 до 2,5 евра во овој период од годината но оние кои често одат во Грција велат дека овие цени веројатно ќе се зголемат кон средината на идниот месец.

Кафето има различна цена во зависност од тоа каде ќе го купите. На плажа нескафе и оваа сезона се продава меѓу 3 и 4 евра а едно пиво на плажа е околу 3 евра.

Во продавниците пак, се разбира во зависност од тоа колку се оддалечени од центарот на случувањата во местото во кое што одите, цените варираат.

Оние кои се на шеталиштата имаат нешто повисоки цени, додека малку подалеку од центарот, можете да најдете и поевтини производи.

Пиво во продавница е околу 1 евро за лименка. Доматите се од 2 до 3 евра по килограм, една краставица чини половина евро а на пример една четвртина бурек е околу 1,8 евра.

Цените на плажите, онаму каде што се наплаќаат лежалки немаат некоја поголема промена. Ако нарачате пијачка, лежалките и чадорот ќе ги користите бесплатно.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2021 година (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.

Промовирани огласи »


Ема Роузен донела смела одлука да се откаже од својата работа и да направи радикални промени во потрага по нејзината совршена кариера.

Таа поминала една година пробувајќи 25 типови на кариера пред да наполни 25 години преку краткорочно работно искуство, да ги дефинира и да им даде можност на работите. Таа го завршила предизвикот и ги поминала сите 25 работни места пред нејзиниот 25-ти роденден во август 2017 година.

Што треба вие да направите?

Слушнете ја Ема во говорот за тоа како да ја најдете својата пасија и да ја претворите во кариера.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »