Промовирани огласи »

Психологот Сузан Дејвид споделува како начинот на кој се справуваме со нашите емоции обликува сè што е важно: нашите постапки, кариери, врски, здравје и среќа. Во овој длабоко трогателен, смешен говор кој потенцијално го менува животот, таа ја предизвикува културата што ја цени позитивноста над емотивната вистина и дискутира за моќните стратегии на емоционална агилност.
 
Разговор кој вреди да се сподели.

 

Промовирани огласи »

Влажните марамчиња Becutan се производ од портфолиото на брендот, за првпат воведени на пазарот во 2006 година, изработени според оригинална рецептура на фармацевтските експерти од „Алкалоид“. По 15 години нивно производство надвор од земјава, денес е пуштен во употреба капацитет во кој целосниот процес ќе се спроведува во погоните на компанијата на локалитетот „Лафома“ во Ѓорче Петров.

Технолошката и производствената опрема се набавени од Хрватска и од Турција, а во изведбата на проектот беа вклучени десетина македонски компании. Новата линија овозможува пакување од 5 до 150 влажни марамчиња, со капацитет од 120 единици спакуван производ во минута.

Оваа инвестиција, чија вредност е близу 4 милиони евра, ја започнавме во март 2020 година. Таа опфаќаше приспособување на производствениот и на складишниот простор со вкупна површина од 3.200 м2, во кој е сместена целосно автоматизирана и роботизирана процесна и технолошка опрема. Максималниот годишен капацитет на оваа инвестиција е 50 милиони парчиња производ, изработени во согласност со строгите нормативи за добра производствена пракса и со европската регулатива за козметика. Особено ни е драго што сиот процес на производство на најпродаваниот производ од портфолиото Becutan, влажните марамчиња, целосно ќе се изведува во нашите погони, според светски стандарди“, изјави генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид, Живко Мукаетов.

Самиот процес на производство започнува со добивањето прочистена вода, па следуваат приготвувањето на емулзијата за влажни марамчиња, процесот на навлажнување, сечењето, пакувањето на марамчињата во фолија и роботизираната линија за пакување во кутии. Приготвувањето на сопствената формулација за лосионот што се користи во марамчињата се врши во специјални мешалки со капацитет од 12.000 литри во една смена. Опремата е способна да го детектира секое пакетче од влажните марамчиња кое не одговара на пропишаниот норматив и автоматски да го отстрани. На таков начин се обезбедува постојан квалитет на производот и негово континуирано набљудување.

Becutan е водечки бренд за детска козметика на македонскиот пазар, познат и признат и на пазарите во регионот, со традиција од 43 години, присутен на пазарите во 25 земји.

Промовирани огласи »

По корона кризата ќе има  зголемен ризик од финансиска нестабилност во еврозоната. 

Со вакво предупредување излезе Европската централна банка (ЕЦБ).

Во анализата се истакнува дека владите се соочуваат со задача да најдат деликатна рамнотежа помеѓу предвременото прилагодување на мерките за поддршка, што може да предизвика бран на банкроти на компании. Се смета дека со предолгото спроведување на мерките за поддршка, ќе се одржуваат неодржливи компании. 

„Поголем товар на долгови за компаниите во земји со поголем услужен сектор може да го зголеми притисокот врз нивните влади и банки“, изјави потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гвиндос.

ЕЦБ предвидува дека профитабилноста на финансиските институции во еврозоната ќе остане релативно слаба.

Промовирани огласи »

Во пресрет на највозбудливото фудбалско лето со натпреварите од европското фудбалско првенство, А1 Македонија ја збогатува својата понуда и ја најавува новата промоција со зголемен мобилен интернет, уште поголем попуст за нови уреди и подарок навивачки дрес за опуштено следење на најголемиот спортски настан годинава и бодрење на македонската фудбалска репрезентација.

Од денеска, во портфолиото на А1 Македонија, како дел од понудата во А1 Combo М и L, достапна е најновата промоција со која постоечките и нови корисници покрај супербрз и стабилен интернет, ТВ со најквалитена слика на пазарот, Арена Спорт ТВ канали  добиваат и зголемен попуст за атрактивниот Philips 55 инчен телевизор или било кој друг уред по нивен избор. Со активирање на A1 Combo M пакетот со две мобилни линиии или A1 Neo M+ корисниците добиваат 18.000 денари попуст за било кој уред. Дополнително, сите нови корисници на А1 Combo М или L пакетите добиваат и подарок – специјално дизајниран навивачки дрес со кој заедно ќе навиваме за тимот на македонската фудбалска репрезентација.

Во понудата на А1 Македонија е и најновата промоција за корисниците на мобилната телефонија кои со склучувaње на нов договор или обнова на тарифниот модел А1 Neo M+ имаат можност да изберат нов смарт телефон и за само 99 денари месечно да го добијат посакуваниот Samsung Galaxy A02s. Притоа корисниците добиваат и 50GB мобилен интернет за сурфање на најбрзата мобилна мрежа, потврдено со мерењата за квалитет на мрежи од независното регулаторно тело, Агенцијата за електронски комуникации.

Дополнително, сите корисници на мобилната телефонија добиваат можност за  бесплатно следење на европското првенство преку апликацијата А1 Xplore TV S.

Сè што треба да направат корисниците е да се регистрираат на https://a1xploretv.mk/register и потоа да ја преземат апликацијата достапна за Android или iOS и со тоа од кое било место во државата ќе можат да ги следат највозбудливите натпревари.

За Македонија навиваме!

Повеќе детали за понудата можете да најдете на www.A1.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »