Промовирани огласи »

Најскап град во Европа ако се споредат трошоците за сместување и вработување на еден човек е Лондон. 

Ова го покажуваат податоците на консултантската компанија Savills.

За сместување во Лондон годишно на еден вработен му требаат  61.329 евра, а за работно место 24.000 евра. Двете работи заедно чинат 85.329 евра.

На второ место е Париз со 60.580 евра трошок за сместување на годишно ниво и 11.598 за работно место, или 72.178 евра вкупно.

Трет град е  Милано во Италија  со вкупен трошок во износ од 48.844 евра, односно нешто помалку од  36.800 евра за домување и над 12.000 евра за работно место.

На листата на скапи градови се и Даблин, Амстердам, Москва, Брисел, Стокхолм, Мадрид, Франкфурт, Берлин и Варшава.

Промовирани огласи »

Дури и во време на висока стапка на невработеност, компании тврдат дека тие не можат да најдат вработени кои им се потребни. Според една нова анкета, речиси 60% од работодавачите имаат работни места кои остануваат слободни повеќе и од 12 недели. Ова е сигнал за постојан проблем во економијата - недостаток на вештини.

Во минатото, недостатокот на вештини постојано беше во здравството, информатичката технологија и инженерингот - вештини кои се потребни да бидат пополнети голем број на работни мести кои произлегуваат најпрво за време на финансиска санација.

Како да останете конкурентни во вашата област?

Иако недостатокот на вештини е предизвик за пошироката економија, тоа е можност за талентирани и мотивирани лица кои бараат работа и професионалци кои сакаат да ги зголемат своите можности во кариерата. Да се обучувате во областите кои се соочуваат со недостиг на талент ќе ви даде дополнителна предност и ќе ви овозможи да бидете конкурентни на пазарот на труд повторно. Но тоа не доаѓа без екстра напор од ваша страна - напор кој можеби и не можете да го вложите. Според едно истражување, 1 во 5 работници (20%) вели дека сопствените вештини не се во согласност на барањата на работодавецот, а пак 57% од работниците се изјасниле дека сакаат да се стекнат со нови вештини со кои ќе можат да добијат подобро платена и поисполнувачка работа, но половина од нив се изјасниле дека тие не можат тоа да си го дозволат.

Еве неколку начини да се справите со обуката на полесен и поефикасен начин, со цел да станете вистинскиот кандидат за оние работни места кои се слободни.

Не мислете на должината на обуката или студиите: Може да биде доста тешко за некои луѓе со многугодишно искуство да се вратат на студиите, без разлика дали станува за додипломско или постдипломско надоградување.

Сепак, дипломата не е единствен начин за да се добие соодветно образование и обука кое е потребно да го подобри недостатокот од вештините. Некои универзитети нудат континуирани образовни програми кои се со цел да ве насочат кон подобрување т.е. унапредување на својата постоечка кариера со предмети со кои ќе ги подобрите или пак усовршите своите вештини, како и програми за луѓе кои сакаат да се стекнат со додипломски или постдипломски статус подоцна во својот живот.

Бидете отворени за промена: Можеби сте обучени за една кариера, но со недостаток на одредени вештини во некои индустрии, сега е вистинското време да се решите да направите промена. За да ги задоволите овие квалификации без да собирате скапи сметки за школарина, побарајте поедноставни програми кои ќе ве направат квалификуван кандидат со сертификат за вашата посакувана работна позиција.

Промовирани огласи »

По синоќешната престрелка во која еден полицаец е убиен, а друг починал од последиците на ранувањето, на Елисејските полиња дојде до второ пукање.

На фотографијата која ќе ви ги насолзи очите се гледаат двајца полицајци кои се прегрнати и не можат да ги задржат солзите поради смртта на колегата.

Исламската држава презеде одговорност за пукањето во Париз кое се случи воочи претседателските избори.

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »