Технологијата е еден од најсложените сектори за работа, особено за работобарателите кои треба да се способни да управуваат односно да жонглираат со повеќе задачи/проекти истовремено и да бидат одлични во тоа. Значи, кога регрутерите од Burning Glass ги анализираа списоците со работни места за да утврдат најбарана вештина за работа за нови вработувања, можеби ќе очекувате да слушнете SQL или Python или способноста за постојан развој.
Но, најбараната вештина за новите технолошки работни места е проект менаџментот. Додека ви се чини дека тоа нема никаква врска со технологија, всушност има смисла ако земете предвид дека сите сложени технолошки проекти не може да поминат без квалификуван проект менаџер кој ќе управува со буџетот, распоредот, развојот и условите за производство преку еден организиран план за делување.
Проект менаџерите се одговорни за иницирање, дизајнирање, планирање, извршување, следење и завршување на проектите. Тие управуваат со тимови, ја стимулираат посветеноста и ги мотивираат членовите на тимот, управуваат со очекувањата на клучните засегнати страни и го соопштуваат статусот на пресвртниците на проектот. Тие градат сеопфатен план за работа и управуваат со буџетот на проектот.
Кои се вештините кои секој проект менаџер треба да ги поседува?
Не се малку, а и не се лесно достапни за човек да може да биде самоук.
Комуникација, лидерство, организација, преговори, раководење со тим, раководење со време, раководење со ризик, решавањето на проблеми, раководење со буџет, мотивација, прилагодливост, известувачки вештини, справување со конфликти, технолошки поткована личност, активен слушател, истражувачки вештини, интерперсонални вештини, методологии за проект менаџмент, итн.
Прочитајте ги внимателно кои се, а ние во наредниот период поединечно ќе ги анализираме како вештини кои веројатно ќе им бидат неопходни на скоро сите кои сакаат да градат кариера, а не само да се вработат.
Работата на себе не дава резултати преку ноќ, па и последното тренирање нерви е одлична животна лекција.