Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од  11. 06. 2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15. 06. 2021 година (вторник-во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје.

Од тие причини се известуваат граѓаните од подрачјето на град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11. 06. 2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за  личен документ истиот ден (11. 06. 2021 година) до 16 часот.  

Граѓаните кои имаат закажан термин за 14. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат на 05. 06. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.  

Граѓаните кои имаат закажан термин за 15. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат на 06. 06. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.  

Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 11. 06. 2021 година до 16 часот или од 16. 06. 2021 година.

Промовирани огласи »

Mрежата “CommonTrust“ и Светски Економски Форум, во рамки на проектот “The Commons Project“ ja создадоа апликацијата “CommonPass“, со цел воспоставување на интероперабилна платформа за взаемно признавање на вакциналните потврди и лабораториските тестови за Ковид-19 меѓу државите.  

Министерството за здравство на Република Северна Македонија како поддржувач на развојот на технолошки решенија базирани на меѓународни стандарди, се приклучува кон мрежата “CommonTrust” за издавање на дигитални здравствени сертификати преку новата апликација “CоmmonPass“. 

Со овој чекор, Министерството цени дека на македонските граѓани ќе им се зголемат можностите за добивање на дигитален здравствен сертификат во согласност со глобалниот стандард “Smart Health Card“. Тоа за граѓаните ќе значи дека тие ќе може да го документираат COVID-19 статусот со цел да може да патуваат во други земји и да одговорат на барањата на граничните премини на други држави, истовремено штитејќи ја нивната приватност. Со CommonPass на едноставен начин може да ги преземат резултатите од направениот COVID-19 тест и вакцинална потврда, и да го покажат здравствениот статус на влез во друга држава без да откриваат други лични здравствени информации, велат од МЗ.

За таа цел, во знак на поддршка, Министерството за здравство ќе ги информира сите релевантни структури кои се директно или индиректно инволвирани во областа (Институт за Јавно Здравје и сертифицирани државни и приватни лаборатории) за намената на оваа апликација и можностите кои таа ги нуди.  

Воедно, Министерството за здравство ги охрабрува сите заинтересирани институции, установи и лаборатории, директно да контактираат со мрежата “CommonTrust” со цел приклучување на базата на акредитирани и сертифицирани установи – партнери на “CommonPass“ кои ќе можат да издаваат потврди од тестови со QR код, кој потоа граѓаните ќе го скенираат во своите мобилни телефони со цел креирање на дигитална потврда. На овој начин, установите и лабораториите ќе можат за корисниците на апликацијата да издадат потврди кои ќе бидат признаени како вистински, релевантни и доверливи на интернационално ниво.  

Министерството за здравтсво ја поздравува иницијативата за примена на апликацијата ‘CommonPass’ во нашата земја. Со воведувањето на ваква апликација, на македонските граѓани им се овозможува флексибилност во изборот на провајдерот и начинот на кој ќе добијат бесплатна дигитална потврда за нивниот статус на имунизација и за резултатите од направените Ковид-19 тестови.

Сите заинтересирани кои сакаат да се вклучат во мрежата на “CommonTrust” ќе имаат техничка и административна поддршка на апликацијата на македонскиот пазар. Започната е комуникацијата со акредитирани установи кои се заинтересирани да се приклучат кон оваа иницијатива.  

Воедно, ги упатуваме сите заинтересирани граѓани да прочитаат повеќе информации за самата апликација на страницата commonpass.mk.  

Промовирани огласи »

Ако сакате за време на летната сезона да паркирате во строгиот центар на Охрид ќе треба да платите 100 денари за еден час.

Ова е одлучено на Советот на Општина Охрид.

Согласно одлуката на Советот за утврдување на цени за користење на паркинг-просторот во летниот период, ЈП „Билјанини ивори“ започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.

Сезонската тарифа предвидува поскапо паркирање, а цената за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40, во зона Б – 30 денари, додека паркингот во т.н. „премиум-зона“ во строгиот центар на градот чини сто денари за час.

Сезонската тарифа на паркирањето трае до 1 септември.

Промовирани огласи »

Европска Унија од денеска воведе систем за проверка на дигиталните зелени пасоши за болеста што ќе се користат за патувања во рамките на ЕУ, истите ќе стапат на сила од 1 јули.

Иако регулативата за употреба на дигитални сертификати, како средство за враќање на слободното движење во ЕУ, ќе стапи на сила на 1 јули, седум земји-членки – Бугарија, Чешка, Данска, Германија, Грција, Хрватска и Полска, веќе одлучија да се приклучат на системот и започнаа со издавање на првите ЕУ сертификати.

Сертификатите ќе бидат достапни за луѓето кои примиле две дози, имаат негативен тест или ја прележале болеста.

Условите ќе варираат бидејќи одлуките се носат на национално, а не на ниво на ЕУ.

Паралелно со ова, Комисијата ќе продолжи да обезбедува техничка и финансиска поддршка на земјите-членки за да се поврзат со заеднички систем.

Брисел најавува почеток на преговори со трети земји за меѓусебно признавање на сертификатите за дигитална им*низација со цел да им се олесни патувањето на граѓаните летово.

Препораката на Европската комисија е дека до моментот на постигнување договор за заемно признавање на сертификатите, земјите-членки прифаќаат валидни документи за им*низација на државјани на трети земји.

Се препорачува да се прифатат сите дози одобрени од Европската агенција за лекови („Фајзер“, „Астра зенека“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“), како и оние одобрени од СЗО за итна употреба („Синофарм“), а за тоа индивидуално одлучуваат земјите-членки.

Носителот на сертификатот мора да ги примил сите препорачани дози на најмалку 14 дена пред патувањето, објаснуваат надлежните.

Макфакс

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »