Промовирани огласи »

Ако сакате за време на летната сезона да паркирате во строгиот центар на Охрид ќе треба да платите 100 денари за еден час.

Ова е одлучено на Советот на Општина Охрид.

Согласно одлуката на Советот за утврдување на цени за користење на паркинг-просторот во летниот период, ЈП „Билјанини ивори“ започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.

Сезонската тарифа предвидува поскапо паркирање, а цената за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40, во зона Б – 30 денари, додека паркингот во т.н. „премиум-зона“ во строгиот центар на градот чини сто денари за час.

Сезонската тарифа на паркирањето трае до 1 септември.

Промовирани огласи »

Европска Унија од денеска воведе систем за проверка на дигиталните зелени пасоши за болеста што ќе се користат за патувања во рамките на ЕУ, истите ќе стапат на сила од 1 јули.

Иако регулативата за употреба на дигитални сертификати, како средство за враќање на слободното движење во ЕУ, ќе стапи на сила на 1 јули, седум земји-членки – Бугарија, Чешка, Данска, Германија, Грција, Хрватска и Полска, веќе одлучија да се приклучат на системот и започнаа со издавање на првите ЕУ сертификати.

Сертификатите ќе бидат достапни за луѓето кои примиле две дози, имаат негативен тест или ја прележале болеста.

Условите ќе варираат бидејќи одлуките се носат на национално, а не на ниво на ЕУ.

Паралелно со ова, Комисијата ќе продолжи да обезбедува техничка и финансиска поддршка на земјите-членки за да се поврзат со заеднички систем.

Брисел најавува почеток на преговори со трети земји за меѓусебно признавање на сертификатите за дигитална им*низација со цел да им се олесни патувањето на граѓаните летово.

Препораката на Европската комисија е дека до моментот на постигнување договор за заемно признавање на сертификатите, земјите-членки прифаќаат валидни документи за им*низација на државјани на трети земји.

Се препорачува да се прифатат сите дози одобрени од Европската агенција за лекови („Фајзер“, „Астра зенека“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“), како и оние одобрени од СЗО за итна употреба („Синофарм“), а за тоа индивидуално одлучуваат земјите-членки.

Носителот на сертификатот мора да ги примил сите препорачани дози на најмалку 14 дена пред патувањето, објаснуваат надлежните.

Макфакс

Промовирани огласи »

Ковид-19 и пандемијата која го обиколи светот во 2020 а сѐуште трае ги запре летовите кон одредени земји, сепак полека летовите се враќаат во нормала.

На 23 мај беше се случи и првиот обновен лет, а од нискобуџетната компанија Визер соопштија дека повторно „оживуваат“ седум рути . Повторно од македонските аеродроми ќе може да се лета до Франција, Германија, Австрија и Шведска.

Менаџерот за корпоративни комуникации во Визер Андрас Радо е среќен што рутите преку Македонија повторно се отвораат и вели дека на овој начин Визер ја покажува посветеноста на патниците да им понуди безбедно патување низ Европа и пошироко.

Базел-Мулхаус-Фрајбург, Виена, Карлсруе/ Баден-Баден  , Париз Бове, , Фридрихшафен, Дортмунд, и Малме се рутите со кои Визер повторно ја поврзува нашата земја.

Промовирани огласи »

Вредноста на етереумот порасна за над 5 проценти, а биткоинот е стабилен. 

Етереумoт сега чини 2.565 долари, но сепак останува за 40 проценти понизок од својот максимум на почетокот на овој месец, кога вредеше 4.300 долари, пренесува Ројтерс. Утрово во 10 часот е регистриран раст од 4,1 процент и во тоа време изнесуваше 2.495 долари, и продолжува стабилно да расте.

Вредноста на биткоинот сега е 36.837 долари. Биткоинот беше во мирување во последниве денови, откако имаше голем пад од 35 проценти  месецов.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »