Европска Унија од денеска воведе систем за проверка на дигиталните зелени пасоши за болеста што ќе се користат за патувања во рамките на ЕУ, истите ќе стапат на сила од 1 јули.
Иако регулативата за употреба на дигитални сертификати, како средство за враќање на слободното движење во ЕУ, ќе стапи на сила на 1 јули, седум земји-членки – Бугарија, Чешка, Данска, Германија, Грција, Хрватска и Полска, веќе одлучија да се приклучат на системот и започнаа со издавање на првите ЕУ сертификати.
Сертификатите ќе бидат достапни за луѓето кои примиле две дози, имаат негативен тест или ја прележале болеста.
Условите ќе варираат бидејќи одлуките се носат на национално, а не на ниво на ЕУ.
Паралелно со ова, Комисијата ќе продолжи да обезбедува техничка и финансиска поддршка на земјите-членки за да се поврзат со заеднички систем.
Брисел најавува почеток на преговори со трети земји за меѓусебно признавање на сертификатите за дигитална им*низација со цел да им се олесни патувањето на граѓаните летово.
Препораката на Европската комисија е дека до моментот на постигнување договор за заемно признавање на сертификатите, земјите-членки прифаќаат валидни документи за им*низација на државјани на трети земји.
Се препорачува да се прифатат сите дози одобрени од Европската агенција за лекови („Фајзер“, „Астра зенека“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“), како и оние одобрени од СЗО за итна употреба („Синофарм“), а за тоа индивидуално одлучуваат земјите-членки.
Носителот на сертификатот мора да ги примил сите препорачани дози на најмалку 14 дена пред патувањето, објаснуваат надлежните.
Макфакс