Промовирани огласи »

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, на денешната прес-конференција рече дека 2.286 претпријатија кои лани добиле финансика помош од државата за исплата на плати на своите вработени, оваа година треба да ја вратат истата.

 Од 3.853 даночни обврзници, 2.286 даночни обврзници им се генерирани решенија за враќање на финансиска помош, додека 1.558 не треба да ја вратат финансиската помо. За претворање во грант комплетирани се 1.288 барања, од кои 801 се прифатени, додека 408 не се прифатени. И натаму очекуваме да има нови бројки, ќе се менува бројката од ден во ден, односно ќе се усогласуваат барањата, рече Лукаревска.

До 31 мај 181 работодавач на кој што му била одобрена финансиката помош за исплата на плати за март и вефруари не им ги префрлиле парите на работниците. Од нив, 24 не изплатиле ниту за двата месеци.

Вкупно од овој циклус, 753 месечни плати не се исплатени, а вкупната сума е 12.071.908 денари.

Доставени се опомени, а по истекувањето на рокот, следува присилна наплата како и глоба од минимум 500 до 10.000 евра во зависност од големината на правното лице, наведе Лукаревска.

За претходниот циклус - октомври, ноември, декември дури 5 работодавачи ги немаат исплатено платите за сите три месеци. Севкупно, тука има 365 неисплатени вработени, за сума од 5 милиони денари 

До Генералниот секретаријкат ќе биде испратена нова листа за јавна објава и известување за понатамошни дејствија до ОЈО, најави првиот човек на УЈП.

Промовирани огласи »

Утре ќе заседава Кризниот штаб на грчката Влада, а можни се промени на правилата за влез во земјата. Најверојатно, границата за деца кои мораат да имаат негативен тест за ПЦР ќе се зголеми на минимум 10 или 12 години, како што е случајот за влез во повеќето земји на ЕУ, а можно е за тие кои не се вакцинирани, наместо ПЦР тест да се прифаќа и негативен тест на антигени. Откако добил информации измените ги најави Александар Сеничиќ директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија (YUTA).

Се надевам, со оглед на тоа што Европската комисија го прифати антиген тестот за Хрватска, Бугарија и за голем број други земји на ЕУ, дека и Грција ќе го прифати како модел, бидејќи ПЦР тестот е многу скап. Моите последни податоци зборуваат за фактот дека тестот за антиген ќе биде прифатен, рече Сеничиќ во изјава за ТВ К1.

Тој рече дека има голем интерес за летни одмори во Грција, но пред се оние кои имаат алтернативни патувања, додека другите туристи од Србија се претпазливи и чекаат да се олеснат условите за влез во таа земја.

Сеничиќ рече дека плажите во таа земја се отворени, но сè уште нема многу капачи, бидејќи морето е студено.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од  11. 06. 2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15. 06. 2021 година (вторник-во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје.

Од тие причини се известуваат граѓаните од подрачјето на град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11. 06. 2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за  личен документ истиот ден (11. 06. 2021 година) до 16 часот.  

Граѓаните кои имаат закажан термин за 14. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат на 05. 06. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.  

Граѓаните кои имаат закажан термин за 15. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат на 06. 06. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.  

Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 11. 06. 2021 година до 16 часот или од 16. 06. 2021 година.

Промовирани огласи »

Mрежата “CommonTrust“ и Светски Економски Форум, во рамки на проектот “The Commons Project“ ja создадоа апликацијата “CommonPass“, со цел воспоставување на интероперабилна платформа за взаемно признавање на вакциналните потврди и лабораториските тестови за Ковид-19 меѓу државите.  

Министерството за здравство на Република Северна Македонија како поддржувач на развојот на технолошки решенија базирани на меѓународни стандарди, се приклучува кон мрежата “CommonTrust” за издавање на дигитални здравствени сертификати преку новата апликација “CоmmonPass“. 

Со овој чекор, Министерството цени дека на македонските граѓани ќе им се зголемат можностите за добивање на дигитален здравствен сертификат во согласност со глобалниот стандард “Smart Health Card“. Тоа за граѓаните ќе значи дека тие ќе може да го документираат COVID-19 статусот со цел да може да патуваат во други земји и да одговорат на барањата на граничните премини на други држави, истовремено штитејќи ја нивната приватност. Со CommonPass на едноставен начин може да ги преземат резултатите од направениот COVID-19 тест и вакцинална потврда, и да го покажат здравствениот статус на влез во друга држава без да откриваат други лични здравствени информации, велат од МЗ.

За таа цел, во знак на поддршка, Министерството за здравство ќе ги информира сите релевантни структури кои се директно или индиректно инволвирани во областа (Институт за Јавно Здравје и сертифицирани државни и приватни лаборатории) за намената на оваа апликација и можностите кои таа ги нуди.  

Воедно, Министерството за здравство ги охрабрува сите заинтересирани институции, установи и лаборатории, директно да контактираат со мрежата “CommonTrust” со цел приклучување на базата на акредитирани и сертифицирани установи – партнери на “CommonPass“ кои ќе можат да издаваат потврди од тестови со QR код, кој потоа граѓаните ќе го скенираат во своите мобилни телефони со цел креирање на дигитална потврда. На овој начин, установите и лабораториите ќе можат за корисниците на апликацијата да издадат потврди кои ќе бидат признаени како вистински, релевантни и доверливи на интернационално ниво.  

Министерството за здравтсво ја поздравува иницијативата за примена на апликацијата ‘CommonPass’ во нашата земја. Со воведувањето на ваква апликација, на македонските граѓани им се овозможува флексибилност во изборот на провајдерот и начинот на кој ќе добијат бесплатна дигитална потврда за нивниот статус на имунизација и за резултатите од направените Ковид-19 тестови.

Сите заинтересирани кои сакаат да се вклучат во мрежата на “CommonTrust” ќе имаат техничка и административна поддршка на апликацијата на македонскиот пазар. Започната е комуникацијата со акредитирани установи кои се заинтересирани да се приклучат кон оваа иницијатива.  

Воедно, ги упатуваме сите заинтересирани граѓани да прочитаат повеќе информации за самата апликација на страницата commonpass.mk.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »