Промовирани огласи »

Годинава и јавната администрација ќе земе К-15, потврди денеска премиерот Зоран Заев. 

Ќе го исполнат ветувањето кое претходно го дадоа. Поради тоа се алоцирани дополнителни 230 милиони денари и се опфатени сите кои што спаѓаат во колективните договори.

Имаше одложување на оваа мерка во 2020 година во исплатата за 2019, поради тоа што кога требаше да се исплаќа почна третиот бран на ковид-кризата и беше навистина несоодветно време кога приватниот сектор оди со рационализирање, дополнителниот додаток да не се исплати, рече премиерот.

Работниците во приватниот сектор претходните години добиваа К-15. Обврската за исплата на регресот за годишен одмор или популарно наречениот К-15 беше воведена во 2014 година. Се предвидува дека работникот има право на овој регрес само доколку работел најмалку шест месеци во текот на годината кај еден ист работодавец. Овој приход се исплаќа еднаш годишно најдоцна до 31 декември во годината. 

Промовирани огласи »

Владата го усвои ребалансот на буџетот. Дефицитот е проектиран на ниво од 46,2 милијарди денари, или 6,5 проценти од БДП. 

Кратење има на расходите кај повеќе буџетски корисници и тоа по основ на помалку продуктивни трошоци и по основ на проекти кои имаат послаба динамика на реализација.  Парите ќе бидат насочени кон ставки кои се очекува да дадат поголем процент на реализација и поголема додадена вредност на економијата.

Приходите се проектирани на  222,6 милијарди денари, а тоа се должи на добрата реализација на приходите од почетокот на оваа година. Расходите се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 проценти повеќе во однос на претходно планираното. 

Капиталните расходи се проектирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари се повисоки во однос на планот за 2021 година. Нивното учество во вкупните расходи на буџетот од иницијално планираните 9,4 проценти, се зголемува на 11,3 проценти. 

Власта уверува дека економскиот раст е стабилен и дека ќе расте. 

Промовирани огласи »

Пандемијата ги зголеми невработеноста и сиромаштијата во светот. Но, ќе биде и полошо годинава. 

До крајот на годинава, светот ќе има уште десетици милиони работни места помалку. Се предвидува дека глобалната вработеност нема да се врати на претпандемиското ниво дури ни во 2023 година. 

Без да се направат напори за отворање пристојни работни места, без поддршка за најчувствителните социјални групи и без заздравување на најпогодените области на стопанството, ефектите на пандемијата би можеле да се манифестираат уште со години, и тоа со загуби на огромни човечки и стопански потенцијали и со сѐ поизразена сиромаштија и нееднаквост, предупредија од Меѓународната организација на трудот.

Во 2019 година,  глобално невработени биле 187 милиони луѓе. Повеќе земји во светот се соочија со рецесија. 

Промовирани огласи »

Недела ќе биде неработен ден соопшти премиерот Зоран Заев предмалку на прес конференцијата.

Недела ќе биде ден за одмор, а законските измени и решенија се поднесени до Парламентот.

Неделата ќе биде ден за неделен одмор.

Работниците кои сепак би морале да работат во недела ќе добијат повисока плата (дневница до 50 проценти повеќе) за тој ден и  слободен друг ден во текот на работните денови.

Големи казни ќе следуваат и за оние кои нема да го почитуваат овој закон.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »