Модерниот бизнис свет е брзо поле каде се повеќе ги забораваме нашите најблиски. Тука спаѓаат луѓето со кои треба да го поминеме целиот наш живот - животниот партнер и нашите деца, нашите родители, браќа и сестри. Впрочем се почесто се случува да заборавиме да се дружиме и до нашите најдобри пријатели и тие стануваат пријатели од минатото.
Овој синдром на одалечување е многу познат кај светските психолози и го нарекуваат синдром на модерното живеење.
Прочитајте како да најдете време за луѓето кои ви значат иако сте внесени длабоко во брзиот модерен бизнис свет.
Издвојте ги вашите вредности и интереси
Компаниите ги дефинираат нивните основни вредности, бидејќи тие обезбедуваат одлична рамка за изработка на сите видови на одлуки. На исти принцип добро е и вие да ја применувате оваа тактика. Добро е секој од нас да знае кои му се главните карактеристики и кон што се стреми - самостојно и како фамилија заедничи. Дали тоа е спорт, уметност, здрав живот или пак електроника од најмодерен тип - секое семејство
Издвојте ги вашите приоритети
Дали оваа недела е најважно да направите зголемена продажба а вашето дете има температура? Секако не, или пак еден од вашите родители има тешка болест, успорете го вашето темпо и посветете внимание на овие на кои најмногу им требате - секако направете приоритети, вашиот бизнис е еден од нив меѓутоа не заборавајте што всушност е животот.
Не избрзувајте со вашите одлуки
Оваа недела ќе работам 12 часови дневно - и тоа го кажувате пред целиот ваш тим. Не избрзувајте - договорете се сам со себе и направете план за работа - без контрола на вашите мисли се е потешко. Сконцентрирајте се и завршете го смисленото навреме.
Работете додека вашите семејни челнови спијат
Вака ќе заштедите на време - Вие ќе ја завршите вашата работа а вашето семејство ќе се одмори. Пото заедно ќе можете да го поминете остатокот од денот.- секако ова не го правете во доцните часови туку во текот на денот, секако и за вас е навистина важно да сте одморени.
Користете ја современата технологија
Со многу обврски се случува да заборавиме на обврските од нашиот живот - наместете потсетници за родендени во семејството, важни семејни собири или пак вечери. Исто така годишницата со вашата сопруга или сопруг. На сите нас ни се случило да заборавиме некој важен датум меѓутоа модерната технологија сега може да ни помогне.