Промовирани огласи »

Цената на новата Нокиа 3310 сепак ќе биде поголема од најавената.

Од следната недела, на европскиот пазар ќе се најде во продажба популарниот телефон Нокиа 3310 (2017). Се работи за новата верзија на телефонот кој многумина го сметаат за најдобриот модел во историјата на телефоните.  

Нокиа 3310 (2017) беше претставен на овогодинешниот конгрес во Барселона MWC, на кој беше објавено дека овој мобилен телефон ќе биде 10 пати побрз, ќе ја има популарната игра Snake и дека ќе ѕвони во неговиот препознатлив рингтон. 

Иако за цената сè уште нема информации, претходно беше објавено дека цената би можела да се движи од 49 евра па нагоре, но според најавата на трговците се очекува новата Нокиа да биде нешто поскапа од тоа.

Медиумите пишуваат дека купувачите во Австрија и Германија ќе мораат да издвојат од 53 до 58 евра за овој 2G телефон, додека во Шведска би требало да се појави и 3G верзија по цена од 93 евра.

Нокиа 3310 (2017) ќе има долготрајна променлива батерија и апликации кои се во склад со модерното време, дисплеј во боја, а играта Snake ќе биде достапна и во склоп на Facebook Messenger за сите корисници.

Промовирани огласи »

Служењето на воениот рок во Македонија не е задолжително веќе десетина години, односно последната генерација што задолжително мораше да служи воен рок беше во 2006 година.   

Но од 2011 година граѓаните што ги исполнуваат условите поставени од АРМ можат да се пријават за доброволно служење на воениот рок. Притоа, кандидатите мора да имаат наполнето 18 години, но и да не бидат постари од 26 години.

Но после толку време денес постојано се поставува прашањето - дали треба да се врати задолжителното служење на воениот рок?

Кај населението мислењата по ова прашање се поделени, едните велат дека не треба да има задолжително служење воен рок, други велат дека мора да повторно да се врати, а дел велат дека треба да има каква било обука со цел младите да се оспособат за ракување со оружје.

Телеграф.мк направи анкета во нашиот главен град и ги прашавме случајните минувачи: „Дали треба да се врати служењето на воениот рок?“

Нивните одговори мора да признаеме дека нѐ изненадија. Погледнете ја анкетата: 


Инаку, досега АРМ организираше и повеќе презентации во средните училишта во земјава, а со цел да им покаже на младите што значи да се биде дел од армијата.

Презентациите се фокусираат на детални објаснувања за обуката во АРМ, за начинот на кој е организиран животот на регрутите, тренинзите низ кои поминуваат, како и можностите за едукација и напредок со градење кариера во рамките на војската.

Право за доброволно служење воен рок во АРМ имаат и машки и женски. Барањето за доброволно служење воен рок во АРМ се поднесува лично до Министерството за одбрана.

Доколку некој од вас има интерес да се пријави за доброволно служење воен рок, подетални информации може да најдете на следниот ЛИНК.

Извор - Телеграф

Промовирани огласи »

Стареењето на германската популација ќе го поткопа економскиот раст до средината на следната деценија, бидејќи сè повеќе луѓе од „бејби бум“(повоената) генерација заминуваат во пензија.

„Среднорочно гледано, намалувањето на популацијата и сè постарата работна сила во Германија значително ќе го намали економскиот раст“, порачуваат економистите од Бундесбанк во својот месечен извештај за април, пренесува AFP.

Според актуелните трендови, бројот на работоспособно население во 2025 година ќе биде ист како и во 2016 година, а со тоа економскиот раст ќе биде околу 1 отсто од речиси 1,25 отсто во периодот меѓу 2011 и 2016 година.

Германската се постара популација ќе предизвика сериозни последици за економијата во наредната деценија, а имиграцијата нема да биде доволна за да го реши проблемот, се наведува во месечниот извештај на „Бундесбанк“ кој ги анализира пречките за понатамошен раст на најголемата европска економија.

Промовирани огласи »

Бизнис конфедерацијата на Македонија во соработка со Институтот за менаџмент поддршка и Здружението на бизнис жени на Македонија, денеска ќе го презентира проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“.

Проектот, кој се спроведува во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013, во текот на 2017 година првенствено ќе ги опфати самохраните невработени мајки кои живеат на територија на Скопје, Штип и Битола,  невработени жени и жртви на семејно насилство.

Цел на програмата е да се развие модел за поддршка на самохрани мајки и жени-жртви на семејно насилство во процесот на нивно вработување и само-вработување.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »