Брзите кредити се насекаде – од телевизиските реклами до срцепарателна приказни низ социјалните мрежи, во кои се раскажува за банкротирани роднини и пријатели. Сепак индустрија е најбрзо растечката со број на учесници и средства покрај конкуренцијата на банките и лизинг компании. И пред Божиќ кога трошиме повеќе, ние ви нудиме некои корисни информации за оние кои би ги финансирале празниците со брз кредит.
Дали брзите кредити се “стапица за наивници”, како што сметаат нивните противници, или се финансиски инструмент кој ги задоволува специфичните потреби, како што сметаат бранителите ? Вистината е дека побарувачката за нив расте, што значи дека за некои луѓе претставуваат практична алтернатива.
Еве неколку едноставни правила кои е добро да се почитуваат:
1. Брзиот кредит се зема брзо, но и треба да се врати брзо. Овој вид финансирање е соодветна основа за да се покрие некој непредвиден трошок веднаш и парите да се вратат “до плата” или со неколку месеци. Ако износот се враќа за година и повеќе, подобро да се разгледаат условите на оние на банките или лизинг компании – може да се покажат повеќе корисни.
2. Брзиот кредит е за мала сума. Вообичаено некоклу илјади денари. Ако се бараат повеќе пари или редовни износи повторно банкарското финансирање веројатно е најсоодветно.
3. Брзите кредити не треба да се искористат за долгорочни цели или за исплата на друг долг. Според кредитните консултанти проблемите вообичаено се јавуваат кога со овој тип кредити се финансираат долгорочни цели како едукација или долготраен третман, или (најлоша варијанта) за отплата на друг кредит. Ако имате таква потреба, задолжително консултирајте се со специјалист, кој најверојатно ќе може да ви понуди и подобри опции.
4. Одлучи многу добро со каква сума може да си дозволите да ракувате. Во оптималната случај трошоците за храна и трошоците за сметки на станот плус придонесот за кредитот не треба да надминуваат 50-60% од месечниот приход. Така ќе имате доволно резерви и во присуство на други трошоци кои неизбежно се јавуваат.
5. Никогаш не потпишувајте што и да е, без да сте го прочитале и разбрале. Информирајте се максимално добро за условите за кредитот – колкаво е времетраењето, колку големи ќе се придонесите, колку често ќе треба да се плаќа. Ако не можете да користите адвокат или независен кредитен консултант, барем контактирајте со пријател или роднина кој може да ви ги разјасни нејасните фрази.
6. Не само каматната стапка е важна. Покрај каматата компаниите за брзи кредити собираат и разни други давачки – за разгледување на документи, за експресно одобрување за жиранти, за донесување на парите дома, итн Сите овие такси заедно со каматата ги формираат вкупните трошоци за кредитот. За да може да се споредуваат производи со различен рок, овие трошоци обично се сметаат на годишна основа и се нарекуваат годишен процент на трошоците (ГПР). Кој не може да ги пресмета сам најдобро да ја прашува компанијата колку е ГПР на заемот и на оваа база да ја избере најдобрата понуда.
7. Проверете ги многу добро санкциите при долгови. При доцнење или пропуштање на исплата за заем компаниите за брзи кредити наплаќаат казни – треба однапред да се знае големината . Според законот оваа големина не може да е непропорционална на големината на придонесот. На пример казна за долгови од неколку дена во износ од целата сума на кредитот нема како да е пропорционална. Слични клаузули обично задолжително паѓаат во Комисијата за заштита на потрошувачите или во судот. Затоа, колку побрзо се реагира при проблем – толку полесно и поевтино ќе се реши случајот.
8. Ако се појават проблеми – не бегајте од нив. Ако се случи да не можете да го вратите кредитот кој сте го зеле, веднаш контактирајте со компанијата која го доделила за да измисли заедниќки план за акција. Политиката на ној или “минувањето во илегала” не се решенија, а водат само до зголемување на износот на обврската, често до премногу високи големини.
9. Проверете го угледот на компанијата, од која ќе земе кредит. Во времето на Google не е никаква тешкотија да се соберат доволно информации за доверителот. Само мислењата од форумите не се доволно – тие може да се намерно манипулирани во една или друга насока. Важно е каква е сопственоста на компанијата, дали таа членува во други орагзнизации и дали е запишана во регистарот на НБРМ .
10. Никогаш не земајте заем од нелегални лихвари. Додека легалните компании за брзи кредити почитуваат одредени правила и се предмет на контрола, нивните нелегални фаци се целосно во сивиот сектор и вообичаено се однесуваат на криминални групи. Доделувањето на пари од нив често е поврзано со дополнителни гаранции, а невраќањето може да е буквално опасно за здравјето.