Промовирани огласи »

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да им ги рефундира парите на граѓаните за вакцинација надвор од земјата

Граѓаните имаат дополнителни трошоци за пат до вакциналните пунктови во соседните земји.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на како што велат неспособноста на Филипче и Заев, која според оваа партија, резултира со бројка од околу 20 илјади граѓани кои викендов се ревакцинирале, а некои и вакцинирале против коронавирусот во Србија, а некои и во Бугарија.

Во меѓувреме, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија три дена вакциналните пунктови беа под клуч.

Се разбира дека ќе се под клуч кога има само вакцини за оние кои треба да се ревакцинираат, но нема за лица кои сакаат, ама и треба да се вакцинираат. А зошто Филипче би мислел дали граѓаните се вакцинирани, кога ќе стекнат имунитет, што во пресрет на евентуалниот четврти бран, па тој си има работа. Филипче си ангажира ПИ-ар, си плаќа од парите на народот за да му кажат како да се изрекламира, дека треба во личната промоција да вклучи и некое дете. Срамота! За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е тука исклучиво за граѓаните, затоа предлагаме Владата да ги компензира трошоците на македонските граѓани кои одат на вакцинација надвор од Македонија, стои во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека на сите граѓани на Македонија кои плаќаат даноци тука, плаќаат здравствено осигурување тука, а имаат дополнителни трошоци за пат до вакциналните пунктови во соседните земји, владата треба да им ги рефундира трошоците.

Тоа се трошоци настанати по вина на Филипче и Заев, затоа и треба да си ги платат. Доста Филипче и Заев мислат само на својата екипа и ги делат граѓаните на граѓани од прв ред и граѓани од втор ред, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Промовирани огласи »

Санкционирани околу 600 возачи за пребрзо возење

16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина

На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли вчера изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции.

Од МВР денеска соопштија дека од вкупниот број изречени санкции, 13 се за прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три санкции за возачи почетници, 12 санкции за управување без возачка дозвола.

91 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Изречени се 45 санкции за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 22 санкции за непрописно паркирање, стои во соопштението.

Промовирани огласи »

Бислимоски: Колку ќе поскапи струјата ќе се знае за десетина дена

Евтината тарифа ќе остане, а новата цена на струјата ќе се знае наскоро

Најодговорно тврдам дека поскапувањето побарано од енергетските компании нема да биде прифатено и Регулаторната комисија за енергетика ќе си прави анализи врз основа на кои, очекувам во наредните десетина дена, да излезе со конечни пресметки за цената на струјата, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Промовирани огласи »

Ако го знаете одговорот на ова прашање, Елон Маск веднаш би ве вработил

Ова му е омилено прашање на интервјуата, а на него многумина „паѓаат“

Стресот и неизвесноста што ги чувствуваме за време на интервју за работа понекогаш може да се идентификува со кошмар за кој не сакаме повторно да го сонуваме.

Во повеќето случаи, ова се само стандардни интервјуа, за кои се знае што може да се очекува пред да се влезе, но сосема спротивно од тоа изгледа во компаниите на Илон Маск.

Видеото веднаш беше преплавено со коментари со шпекулации на луѓе кои се обидоа да ја решат загатката.

Во твојата глава, бидејќи ова прашање ја негира теоријата на релативност“, „Јас сум дома затоа што не би ме вработил, беа некои од коментарите, додека другите корисници нудеа посериозни математички решенија.

Сепак, точниот одговор не е единствениот. Првиот, на кој повеќето инженери точно одговараат, е Северниот пол.

Тогаш Маск би прашал: „Каде на друго место би можел да бидеш?“

Вториот одговор ќе биде: некаде во близина на Јужниот пол. Мал број на инженери одговориле на ова прашање, и Илон со задоволство ги водел низ сложувалката до можни одговори, поставувајќи равенки за време на објаснувањето, објасни биографот на Маск, Ешли Венс.

За среќа на оние кои се бореле да го дадат точниот одговор, милијардерот навистина не се грижел дали сте излегле со точен одговор, но на овој начин се обидува да заклучи како потенцијалните кандидати пристапуваат кон решавање на проблемот и ги обработуваат информациите.

Тагови: Елон Маск

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »