Промовирани огласи »

Претставници на градежништвото, обложувалниците и прехранбената индустрија во рамки на Стопанската комора на Северна Македониај денеска излегоа со повик до Владата да ги преиспита усвоените измените во законите за работни односи и за трговски друштва со кои од 1 октомври недела ќе биде неработен ден.

Од таму најавуваат дека можни се отпуштања до 30 проценти, неизвесна реализација на капиталните проекти, застој во производството, повисоки трошоци, намалена продуктивност и несигурен поврат на инвестициите.

- Проектите во градежништвото се врзани со рокови, а иницираната мерка ќе се одрази негативно не само врз нивната реализација, туку и врз исполнувањето на тие рокови, вклучувајќи ги тука и капиталните проекти од интерес за државата. Работата во градежништвото е теренска и на отворено, а кај инфраструктурните проекти подразбира и транспорт и патување на работниците, па доколку недела биде неработен ден, тоа сериозно би се одразило врз континуитетот на изведбата. вели претседателот на Здружението на градежништвото, Андреа Серафимовски.

Според него, со тоа ќе им се намалат шансите на работниците за поголема заработка, а компаниите ќе имаат поголеми транспортни трошоци. Кај прехранбената индустрија посебно на удар би била млечната индустрија и производство на пиво и безалкохолни пијалаци.

Доколку овие активности не се преземат во недела, тогаш измолзеното млеко од сабота нема да се откупува, а измолзеното млеко од недела ќе се превезе во понеделник и ќе се преработува во вторник. На ваков начин се губи еден ден производство, односно при ваков случај се намалува производниот капацитет на фабриката со огромни економски штети, а потребата од работна сила ќе биде намалена за една седмина. Сето ова се надоврзува на веќе изгубениот еден ден за продажба, поради неработењето на малопродажните објекти во недела, смета Васко Ристовски од Комората.

Тој додава и дека во кондиторството работниот процес е во континуитет и овие компании ќе бидат принудени да отпуштат 25 отсто од вработените, додека во однос на пивото и безалохолните пијалоци, Ристовски дополни дека за да почне производството во понеделник, потребна е претходна подготовка која трае најмалку 24 часа. Оттука, прекинот на работата во недела би значело дополнително изгубен работен ден понеделник.

Според обложувалниците, преку 70 отсто од прометот се реализира кај нив во денот недела.

Работата на спортските обложувалници директно зависи од понудата на спортски натпревари. Најголем дел од натпреварите се играат за време на викендите, односно во недела. Треба да се спомне и дека играчите ги посетуваат спортските обложувалници во слободно време, најмногу во текот на викендите и недела, а не додека се на работа, предупредува Васко Илиевски од Групацијата.

Промовирани огласи »

Земјоделците имаат уште десет дена за поднесување барања за субвенции. Крајниот рок е 30 јуни. На барање на Министерството за земјоделство, Владата минатиот месец го пролонгираше рокот поради пандемијата. Првично, рокот за аплицирање за финансиска поддршка беше до 31 мај.

Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. Во интерес на сите земјоделци кои досега не успеаја да ги поднесат своите барања, Министерството за земјоделство во соработка со Агенцијата за финасиска поддршка поднесе барање до Владата за продолжување на рокот кое беше прифатено, информира тогаш МЗШВ.

Министерството апелира земјоделците да го искористат продолжениот рок и да аплицираат електронски на www.ipardpa.gov.mk, а доколку не можат или не знаат како, да се обратат во подрачните единици на МЗШВ каде ќе добијат помош.

Барањата за мерките за растително производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, додека барањата за сточарско производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во ФАРМ регистарот со состојба на денот на аплицирањето.

Пред да поднесат барања за субвенции, земјоделците треба да ги ажурираат податоците за да бидат точни и целосни информациите во сите системи од каде Платежната агенција потоа ги презема. Потоа може преку веб страницата на Агенцијата електронски да поднесат барања со претходна регистрација во системот и клик на банерот „директни плакања” – е-барање.

За финансиска поддршка во земјоделството оваа година се предвидени 3.723.103.000 денари, а аплицирањето почна на 5 април 2021.

Промовирани огласи »

На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли вчера изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции.

Од МВР денеска соопштија дека од вкупниот број изречени санкции, 13 се за прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три санкции за возачи почетници, 12 санкции за управување без возачка дозвола.

91 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Изречени се 45 санкции за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 22 санкции за непрописно паркирање, стои во соопштението.

Промовирани огласи »

Најодговорно тврдам дека поскапувањето побарано од енергетските компании нема да биде прифатено и Регулаторната комисија за енергетика ќе си прави анализи врз основа на кои, очекувам во наредните десетина дена, да излезе со конечни пресметки за цената на струјата, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »