Промовирани огласи »

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар и за денар и половина, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1 денар за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар, а на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 денари за килограм.

Од ноќеска од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 37,152 (денари/килограм).

Во последните 14 месеци цената на нафтените деривати вртоглаво се зголемила, цената на бензинот се зголемила за 21,5 денари, додека на дизелот за 17 денари.

Промовирани огласи »

Не сте земале плата два месеци? Не ви тече здравственото осигурување, а се' уште имате договор за вработување? Еве кои се казните за работодавачот што не се придржува кон тоа навремено да ги исполни обврските кон вработените.

Во Законот за работни односи утврдено е дека платата се исплатува за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец. Според истиот Закон, платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период. На пример, платата за месец април мора да ја земете до 15-ти овој месец.

Ако денот на исплаќањето е слободен ден, платата се исплаќа најдоцна до идниот прв работен ден.

Секој работодавач е должен претходно писмено да ги извести работниците за денот на исплаќањето и за секоја промена на денот на исплаќањето.

Во Законот е наведено дека работникот има право на заработувачка – плата, согласно со закон, колективен договор и договор за вработување. При исплатата на платата, работодавачот мора да го почитува најнискиот износ определен со колективен договор согласно со законот.

Платата е составена од основна плата, дел од плата за работна успешност и додатоци. Работодавачот може на работникот да му исплати 13-та плата доколку има можност и сака тоа да го направи.

Сепак, доколку во законскиот рок работодавачот не исплатил палта, и не уплатил придонеси од плата тогаш според Законот тој ќе се соочи со глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противредност.

Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека годинава ќе користи десет дена летен одмор, но не сакаше да коментира дали Парламентот треба или не да оди на одмор за да се реализираат сите заостанати активноти пред пописот во септември и локалните избори во октомври.

Значи, како што реков, социјалдемократ сум, правото на одмор е вистинско право, заради тоа што одморен човек и работник, па и пратеник, може да биде поефикасен. Можеби не мора цел август месец да биде одмор, обично после Илинденските празници, Парламентот заминува на одмор, можеби помалку, но Парламентот е над Владата, над мене како премиер. Јас не би си дозволил да ги коментирам нивните одлуки, како ќе одлучат тие ќе почитуваат. Но, јас ќе користам десет дена годишен одмор, рече Заев на новинарско прашање на настан во скопската општина Ѓорче Петров.

Промовирани огласи »

Богатството на сопственикот на компанијата „Тесла“ – Илон Маск, на крајот на минатата недела се зголеми за 9,9 милијарди долари, објави „Форбс“.

Тоа, како резултат на растот на вредноста на акциите на „Тесла“. И, во овој миг, вкупното богатство на Маск изнесува 165,9 милијарди долари. Тој, инаку, сѐ уште е трет на списокот милијардери на „Форбс“.

Акциите на Тесла се зголемија за 7,8 отсто на крајот на минатата недела, иако во петокот паднаа за 1,17 отсто. Според наводите, наглиот пораст на хартиите од вредност на компанијата е поврзан со општиот оптимизам на пазарот откако претседателот на државата и двопартиската група сенатори постигнаа првичен договор за „инфраструктурен пакет“ од околу 1,2 трилиони долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »