Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ја објави новата цена на електричната енергија, која според информациите до кои  дојде Сител ќе се зголеми за 12,5 проценти и според пресметките со  намалувањето на  ДДВ – то од први јули од 18 на 5 отсто, крајната цена за домаќинствата ќе остане иста или ќе биде пониска за помалку од еден процент.

Инаку, дел од енергетските компании изразиле незадоволство на вчерашниот состанок бидејќи поголемиот дел од нивните трошоци не биле прифатени, а некои од нив најавија и тужби за РКЕ.

Новата цена на срујата ќе почне да важи од први август.

Промовирани огласи »

Околу 150 илјади граѓани на кои им се насобрале камати поради неплатени долгови кон државни и јавни претпријатија ќе бидат ослободени од нивно плаќање со новото законско решение кое што го усвои Владата на денешната седница. 

 

Околу 150 илјади граѓани ќе бидат опфатени со Законот за отпис на камати за долговои кон јавните претпријатија. Владата го скрои текстот на законот кој првин ќе треба да помине на Собрание. Со оваа мерка граѓаните ќе имаат можност и главниот долг да го исплатат до 12 месечни рати. Како што образложи премиерот Заев, обврска на јавните претпријатија и на УЈП ќе биде во рок од три месеци да ја утврдат листата на должници, а потоа во рок од 15 дена да склучат договори со граѓаните за репрограмирање на долговите.

Околу мерката за отпис на долгови, премиерот апелира кон неа да се приклучат и приватните компании. Засега ги опфаќа долговите на граѓаните за неплатени сметки за вода, данок на имот, канализација и слично.

КакоВлада, немамеправодаимналожименаприватнитекомпанииваквазаконскаобврска, но и возаконскоторешение и одоваапрес-конференција, упатувамепоракадагоследатовојпримернадоброволнаоснова, и сотоададемонстрираатопштественаодговорност и даимизлезатвопресретнаграѓаните и сотоадапокажатразбирањезапричинитепорадикоитиезадоцнилесоплаќањенанивнитеобврскиконнив. Верувамдекатоапозитивноќесеодрази и вонивнитебиланси, а ќебиде и воинтереснаграѓаните, речепремиеротЗаев..

Колку е вкупниот долг на граѓаните кон јавните претпријатија и колкава е висината на камати која со оваа мерка ќе биде отпишана дополнително ќе се утврди..

Промовирани огласи »

Иако сите едвај чекаме да ни почнат летните одмори и да одмориме од работните обврски со кои се соочуваме во текот на целата година, свесни сме дека летниот одмор може да се претвори во ноќна мора, па затоа ви нудиме совет што да правите при најлошото можно сценарио, ако ви се расипе автомобил или ако ги загубите документите.

АКО ДОЈДЕ ДО СООБРАЌАЈКА

Ако е штетата помала од 500 евра и се согласите на вна со другиот учесник, треба да се пополни европски записник. Тој е бесплатен и ќе го добиете од друштвото во кое сте осигурани. Имајте го со себе кога тргнувате на пат. 

АКО СЕ РАСИПЕ АВТОМОБИЛОТ

Ако имате некаков дефект или едноставно ви пукне гума на одмор, прво треба да се јавите кај осигурителната компанија, за а не плаќате дополнителни трошоци. 

Треба да знаете дека трошоците нема да ви ги покријат ако сте возеле пијан или под дејство на наркотици.

Треба да се контактира и полицијата ако штетата е поголема.

ШТО АКО ГИ ЗАГУБИМЕ ДОКУМЕНТИТЕ

Никако не ги чувајте документите сите на исто место. Ако сте жртва на кражба или ви ги снема документите, веднаш пријавете во полиција. 

ОВА СЕ ВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ:

ХРВАТСКА 

Полиција 192

Итна помош 194

Помош на пат 987

ГРЦИЈА

Полиција 100

Итна помош 166

Полиција за туристи 171

БУГАРИЈА

Полиција 166

Промовирани огласи »

Воведувањето на еколошката такса врз цената на горивата ќе има ефект на инфлацијата и краткорочно и долгорочно, па Finance think (Фајненс тинк) порачуваат оваа давачка да се воведува скалесто. Владата предложи еколошка такса од 3,5 денари за литар гориво или 4,13 денари со вклучен ДДВ, со цел да се потпомогне зелената транзиција, односно да се дестимулира користењето фосилни горива и да се охрабри користењето обновлива енергија, како и алтернативни начини на транспорт. Анализите на Фајненс тинк покажале дека ефектот на инфлацијата краткорочно ќе биде од 0,15 до 0,3 проценти, а долгорочно уште посилно или д 0,8 до 0,9 проценти.

Двата ефекта – краткорочниот и долгорочниот – не треба да се потценуваат. Оттука, препорачуваме еколошката такса да се воведе скалесто, 1,5 денари во јули 2021, 1 денар во јануари 2022 и 1 денар во јули 2022. Со тоа, ценовниот ефект, без оглед колку е мал, ќе биде дополнително разводнет, велат од Фајненс тинк.

Препорачуваат да се креира Фонд за зелена транзиција кој ќе осигури дека средствата собрани преку еколошката такса навистина ќе се употребат за поддршка на зелената транзиција во земјата. Додаваат дека е потребно Владата да преземе акција со која ќе го демантира впечатокот дека еколошката такса се воведува за да ги компензира фискалните приходи кои ќе се изгубат поради намалувањето на ДДВ-то на електричната енергија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »