Она што денес се случува во банкарството во светот слободно би можело да се нарече технолошка револуција. Електронското банкарство во последно време завзема се поголем замав во употребата, без разлика дали станува збор за физички или правни лица тоа претставува основна потреба во современиот живот. Неговиот развој е тесно поврзан со информатичката технологија (компјутери, интернет мрежа, мобилна телефонија, банкомати, магнетни картички, чипови) и сл. Целта е да се избегне метежот во експозитурите и филијалите, а воедно и да ни помогне да стигнеме да ги платиме сметките и покрај долгиот напорен работен ден.
Во Македонија, забрзан развој на електронското банкарство е забележан во последниве две години. Анализата направена од Институтот за развој на електронски комуникации покажува дека сите 14 банки во земјава на своите клиенти им нудат електронско банкарство. Ги нудат услугите преку нивните интенет страници странции преку мобилна апликација. Секако секоја банка промовира свој начин за плаќање, со различни можности и цени на услугата.
Комерцијална банка како најголема банка во Македонија, ја држи и лидерската позиција во електронското банкарство нуди интернет банкарство и две мобилни апликации m-bank и Kompay.
Стопанска банка АД - Скопје е банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, во понудата вклучува три услуги е-банкарство, м-банкарство и телефонско банкарство.
НЛБ како трета по големина банка во земјава е меѓу лидерите во поглед на имплементација на новите технологии и канали за комуникации. НЛБ нуди класично веб банкарство, две мобилни апликации, како и дигителен асистент преку мобилна апликација Вибер.
ПроКредит Холдинг е компанија мајка на глобална група од 21 ПроКредит bанки. Специфичност на нивната веб страна е интерактивниот водич преку кој потенцијалните клиенти можат да се запознаат со основните карактеристики на електронското банкарство и услугите кои ги нуди оваа банка.
Шпаркасе нуди ,,Net-Banking’’, ,,S-banking’’, ,,S-Token" за плаќања СМС известувања, како и изводи преку меил. Во оваа широка листа на банки влегуваат и УНИ-Банка, Битолската Стопанска Банка, ТТК Банка, Силк Роуд, Капитал Банка.
Ова се оналјн верзиите на нашите банки: