За да ја зајакнат својата економија и за да отворат голем број работни места во технолошкиот сектор, Обединетите Арапски Емирати најавја план кој во рамки на „Националната програма за програмери“ нудат 100.000 златни визи на луѓето со ваква професија, објави сајтот Startita.
Златните визи, обезбедуваат долготраен престој, а ќе ги добијат програмери, претприемачи, сопственици на претпријатија и стартапи кои се занимаваат со програмирање. Покрај ова, Емиратите планираат да основаат 1.000 компании кои ќе учествуваат во процесите на дигитална трансформација на државните и на економските системи.
Планот е започнат во соработка со одделни технолошки гиганти меѓу кои се Микрософт, Гугл, ИБМ, Циско, Амазон, Фејсбук, Нвидиа, Линкедин, ХПЕ и други, кои би требало да ги обучуваат луѓето. Целта е што повеќе да се финансираат стартапи и да се зголемат вложувањата.
За виза може да се пријават луѓе од сите националности и старосни групи.
Меѓудругото се бараат софтверски инженери, инженери од електротехника, како и стручњаци од областа на вештачката интелигенција.