Промовирани огласи »

Во Собранието е закажана и седница на Комисијата за одбрана и безбедност, која, пак, ќе расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, во прво читање.

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во прво читање, со којшто се определува недела како ден на неделен одмор за сите, со одредени исклучоци кај работодавачи во дејностите каде работниот процес не дозволува да се направи прекин на работниот процес.

Многу истражувања го утврдуваат значењето на рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот, како неопходен елемент во животот на работникот, затоа што оваа рамнотежа придонесува работникот да биде поефикасен и мотивиран на работното место, а од друга страна да има и приватен живот – семеен и социјален, што ги задоволува неговите потреби и потребите на неговите блиски. Гледно во национален контекст, односите со семејството и пријателите се традиционални вредности коишто треба да се чуваат и развиваат. Дополнително, работникот треба да има време да се занимава со хоби, да спортува и да посетува културни настани, а сето тоа, вклучително и исполнетиот семеен и социјален живот ќе му помогнат на работникот да го канализира оптоварувањето на работното место и да биде попродуктивен, стои во образложението на Предлог законот од Министерството за труд и социјална политика.

За спроведување на овој закон, се потребни дополнителни финансиски средства од државниот Буџет.Врз основа на расположивите податоци за бројот на вработени во јавен сектор, кои би работеле во недела ( 30 проценти), просечната плата во земјата, се проценува дека фискалните импликации би изнесувале околу 43.100.000 денари месечно, односно 516.600.000 денари на годишно ниво.

Во Собранието е закажана и седница на Комисијата за одбрана и безбедност, која, пак, ќе расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, во прво читање.

Основна цел на предложените измени и дополнувања на законот е да се измени статусот на пиротехниарите од административни службеници во лица со посебни овластувања, како и да се усогласат правата на пиротехничарите со меѓународните норми.

Промовирани огласи »

Ангела Меркел е една од најмоќните жени денес. Таа сака фудбал и наука, но има паничен страв од кучиња. Својот приватен живот го чува во тајност.

Многу работи не сте ги знаеле за Ангела Меркел до сега, а ние издвоивме неколку најинтересни:

1. Нејзиното моминско презиме е Ангела Каснер, додека презимето Меркел е од нејзиниот прв сопруг.

2. Германците ја нарекуваат МАМА уште од далеку.

3. Додека студирала, Маркел работела како шанкерка на студентски диско-забави.

4. Таа има завршено физика и докторат по квантна хемија. Некои велат дека таа постигнала успех затоа што пристапила кон проблемот од научна, аналитичка гледна точка.

5. Откако се разведе од својот прв сопруг, таа живееше во нелегален стан во близина на железничката станица. На нејзиниот триесетти роденден, татко ѝ доаѓа да ја посети и разочарано ѝ вели: „Не си дотуркала многу далеку!“

6. Ноќта кога падна Берлинскиот ѕид, во ноември 1989 година, Ангела Меркел имаше 35 години. За да го прослави овој голем настан, таа отишла во сауна, подоцна прошетала кратко и испила пиво. Таа брзо се вратила дома да се одмори бидејќи утре бил работен ден. Сите други во Германија беабудно до утрото.

7. Нејзиниот сопруг Јоаким Зауер е професор на универзитетот во Берлин. Тој не сака публицитет, па затоа не се појави ниту на инаугурацијата на Меркел во 2005 година. Тој обожава опера и пешачење и лета со евтини летови дури и кога му е дозволено да патува со Ангела со службени авиони. Поради неговиот интерес за опера, и недостаток од тоа во јавноста, Германците го нарекуваат „Фантом на операта“.

8. Меркел е добра готвачка. Обожава да прави колачи со сливи и често се гледа како купува намирници во супермаркет. Таа има навика да прави појадок за нејзиниот сопруг секое утро.

9. За неа велат дека живее во изнајмен стан со нејзиниот сопруг, професор по квантна физика и дека сака да готви супа од компир.

10. Уште во 1995 година, ја касна куче, а потоа се појави силен страв од кучиња кај неа. А се вели дека Путин често ја запознавал со своите миленици, кучиња, за време на официјалните посети.

11. Меркел обожава фудбал и честопати влегува во соблекувалните на мажите за да им ја честита победата. Се вели дека при една таква ненадејна посета, таа случајно го видела Бастијан Швајнштајгер (сопругот на Ана Ивановиќ) гол.

12. Минатата година беше забележано исклучително лошо здравје на Ангела Меркел. За време на официјалните посети, канцеларката беше обземена од трепет што беше видлив и кој траеше подолго време. Германците се сомневаат или дека Ангела има рани знаци на Алцхајмерова болест или дека станува збор за алкохолизам.

13. Утре Меркел ќе го прослави својот 67-ми роденден.

Промовирани огласи »

На светските берзи паднаа цените на акциите минатата недела, бидејќи инвеститорите стравуват дека ширењето на делта варијантата на коона вирусот во светот ќе го забави закрепнувањето на економиите, а високата инфлација ќе ги наведе централните банки да ја заострат монетарната политика.

Падот на индексите во последните четири недели се должи на значителниот пад на цените на акциите во петокот, откако беше објавено дека бројот на случаи на новоинфицирани со коронавирус во САД минатата недела се зголеми за 70 проценти и бројот на смртни случаи за 26 проценти.

Досега, инвеститорите ги игнорираа вестите за ширењето на делта варијантата на вирусот во Азија и Европа.

Според анализите, индексот на технолошкиот сектор S&P 500 загуби повеќе од 1,5 проценти во четвртокот и петокот. Енергетскиот сектор минатата недела падна уште повеќе, во просек 8 проценти, како резултат на падот на цената на нафтата, откако членките на ОПЕК се согласија на компромис за зголемување на производството. 

Промовирани огласи »

Во склоп на нашата кампања за поддршка на млади жени претприемачи, денес разговараме за инспиративната приказна на Стефани Караџовска, сопственик на друштво за производство на филмови, видеофилмови и телевизиска програма КОКОС ПРОДУКЦИЈА.

1.Најпрво, раскажете ни која беше вашата основна идеја при креирање на вашата компанија и од каде потекнува мотивот за создавање на истата?

Основањето на фирмата се случи во период од мојот живот кога размислував за прекфалификација во дејност која ке ми нуди простор за креативно изразување. Во тој период заедно со брат ми Кристијан Караџовски кој е професионален кинематограф со долгогодишно искуство, а дотогаш цело време од позиција на слободен уметник дојдовме до идеја за започнување на нешто ново и свое. Токму во тој период наидов на повик за грантови за самовработување на млади лица и едноставно знаев дека тоа беше вистинскиот момемент за аплицирање.

2. Кажете ни нешто повеќе за вашата дејност, која е основната идеја и цел кон која се стремите?

Просторот за креативно изразување во оваа дејност е завидно голем. Работиме на тоа преку creative storytelling да ги доближиме продуктите на компаниите до граѓаните, изработка на рекламни и промотивни видеа следејќи ги последните трендови на анимација, продукција и постпродукција, снимање на музички спотови, фестивали, фотосесии, документарни серијали и слично. Се стремиме кон тоа Кокос Продукција да расте во однос на проекти и број на вработени нудејќи го најквалитетното од себе.

3. Кои се актуелните проекти на кои работите во моментот?

Моментално најмногу работиме со снимање на документрани серијали во соработка со невладини оганизации. Соработувавме со ИРЛ – Истражувачка репортерска лабораторија во снимањето на првата сезона на серијалот, а соработката продолжува и за втората сезона. Во тек на изработка е проект со КСП Центар – Јадро во кој работиме на целосна продукција вклучувајќи режија и сценарио, a неодамна работевме и на музички спот “Копнежи”. Продолжуваме да работиме и на останати тековни проекти.

4. Што за вас значи да се биде жена претприемач во нашата држава и како ја

доживувате бизнис атмосферата во моментот?

Ова искуство е ново за мене и сеуште го пронаоѓам одговорот на ова прашање, но

ова за мене е можност да докажам дека успешен бизнис може да биде предводен  независно од полот. Бизнис атмосферата е доста конкурентна со оглед на тоа што се повеќе луѓе се заинтересирани  и се приклучуваат во работа на оваа дејност.

5. На крај, би сакале да прашаме како изгледа вашиот план за иднина, каде ја

гледате вашата компанија и која е вашата најголема желба за вашето развивање на овој пазар?

Кокос Продукција во иднина ја гледаме со оставен голем број на квалитетни и успешни проекти зад себе, а работејќи на тековни проекти со зголемен број на вработени млади и талентирани креативци. Нашата цел е да се равиваме во повеќе правци, со работење на различни проекти и ширење на работното портфолио. Се надеваме дека во иднина Кокос Продукција ке се истакне како доверлива фирма која и понатаму ке ја има можноста да нуди успешна креативна експресија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »