Во склоп на нашата кампања за поддршка на млади жени претприемачи, денес разговараме за инспиративната приказна на Стефани Караџовска, сопственик на друштво за производство на филмови, видеофилмови и телевизиска програма КОКОС ПРОДУКЦИЈА.
1.Најпрво, раскажете ни која беше вашата основна идеја при креирање на вашата компанија и од каде потекнува мотивот за создавање на истата?
Основањето на фирмата се случи во период од мојот живот кога размислував за прекфалификација во дејност која ке ми нуди простор за креативно изразување. Во тој период заедно со брат ми Кристијан Караџовски кој е професионален кинематограф со долгогодишно искуство, а дотогаш цело време од позиција на слободен уметник дојдовме до идеја за започнување на нешто ново и свое. Токму во тој период наидов на повик за грантови за самовработување на млади лица и едноставно знаев дека тоа беше вистинскиот момемент за аплицирање.
2. Кажете ни нешто повеќе за вашата дејност, која е основната идеја и цел кон која се стремите?
Просторот за креативно изразување во оваа дејност е завидно голем. Работиме на тоа преку creative storytelling да ги доближиме продуктите на компаниите до граѓаните, изработка на рекламни и промотивни видеа следејќи ги последните трендови на анимација, продукција и постпродукција, снимање на музички спотови, фестивали, фотосесии, документарни серијали и слично. Се стремиме кон тоа Кокос Продукција да расте во однос на проекти и број на вработени нудејќи го најквалитетното од себе.
3. Кои се актуелните проекти на кои работите во моментот?
Моментално најмногу работиме со снимање на документрани серијали во соработка со невладини оганизации. Соработувавме со ИРЛ – Истражувачка репортерска лабораторија во снимањето на првата сезона на серијалот, а соработката продолжува и за втората сезона. Во тек на изработка е проект со КСП Центар – Јадро во кој работиме на целосна продукција вклучувајќи режија и сценарио, a неодамна работевме и на музички спот “Копнежи”. Продолжуваме да работиме и на останати тековни проекти.
4. Што за вас значи да се биде жена претприемач во нашата држава и како ја
доживувате бизнис атмосферата во моментот?
Ова искуство е ново за мене и сеуште го пронаоѓам одговорот на ова прашање, но
ова за мене е можност да докажам дека успешен бизнис може да биде предводен независно од полот. Бизнис атмосферата е доста конкурентна со оглед на тоа што се повеќе луѓе се заинтересирани и се приклучуваат во работа на оваа дејност.
5. На крај, би сакале да прашаме како изгледа вашиот план за иднина, каде ја
гледате вашата компанија и која е вашата најголема желба за вашето развивање на овој пазар?
Кокос Продукција во иднина ја гледаме со оставен голем број на квалитетни и успешни проекти зад себе, а работејќи на тековни проекти со зголемен број на вработени млади и талентирани креативци. Нашата цел е да се равиваме во повеќе правци, со работење на различни проекти и ширење на работното портфолио. Се надеваме дека во иднина Кокос Продукција ке се истакне како доверлива фирма која и понатаму ке ја има можноста да нуди успешна креативна експресија.