Промовирани огласи »

Посебни правила ќе важат и за спортските натпревари, независно од тоа дали се одржуваат на стадион или во затворена спортска сала, каде влезот ќе биде дозволен исклучиво со приложен сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19.

Со оглед на изненадувачки брзото зголемување на нови инфекции, и Австрија најавува заострување на мерките во однос на достапноста на услуги за лица кои не се имунизирани. Од 22 јули, пристапот до ноќно угостителство ќе биде возможен само за вакцинирани лица и лица со тековен негативен резултат на PCR-тест, стар не повеќе од 72 часа.

Во Кина пак, ограничувањата се особено ригорозни. Во текот на изминатата недела, десетици окружни влади во најмалку осум провинции објавија известувања со кои ги предупредуваат граѓаните дека имаат рок до крајот на јули или почетокот на август да ги примаат своите вакцини, за да не се соочат со повеќе ограничувања во секојдневниот живот.

Конкретно, на невакцинираните жители во делови од земјата ќе им биде забранет пристап до јавни услуги, вклучително и болници, училишта и домови за стари лица, јавен превоз и медицински установи.

Во однос на рестрикциите за влез, Малта станува прва земја во Европа која го забрани влезот за посетители кои не се целосно вакцинирани, со исклучок на деца под 12-годишна возраст, но со приложен негативен ПЦР тест и придружувани од родител кој е вакциниран.

Покрај Малта, како дел од новите рестриктивни мерки, најголем дел од земјите повторно ги заострија мерките за влез и престој, а затворени се и голем дел угостителски објекти или работат по посебни протоколи.

Министерот за здравство најави дека од септември се можни слични стратегии и кај нас. Јавноста е поделена по ова прашање, но се чини светот се повеќе тежнее кон овој пристап со цел заштита на населението но и стимулирање на вакцинацијата.

Промовирани огласи »

Пензионерите со јулската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година (период: јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (период: јули-декември) изнесува 1,2 отсто.

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 188 денари на ниво на просечна пензија и 125 денари на ниво на најниска пензија.

– Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата. Почнувајќи од 2019 година покрај редовното усогласување се предвидува и дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4 отсто – се вели во соопштението од Министерството.

Покрај овие два начини на усогласување од 2020 година врз основа на одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, како што посочуваат од МТСП, може да се изврши уште едно дополнително усогласување во случај кога има пораст на минималната плата во тековната година за повеќе од 15 отсто и пораст на просечна плата во претходната година за повеќе од 5 отсто.

Промовирани огласи »

За да ја зајакнат својата економија и за да отворат голем број работни места во технолошкиот сектор, Обединетите Арапски Емирати најавја план кој во рамки на „Националната програма за програмери“ нудат 100.000 златни визи на луѓето со ваква професија, објави сајтот Startita.

Златните визи, обезбедуваат долготраен престој, а ќе ги добијат програмери, претприемачи, сопственици на претпријатија и стартапи кои се занимаваат со програмирање. Покрај ова, Емиратите планираат да основаат 1.000 компании кои ќе учествуваат во процесите на дигитална трансформација на државните и на економските системи.

Планот е започнат во соработка со одделни технолошки гиганти меѓу кои се Микрософт, Гугл, ИБМ, Циско, Амазон, Фејсбук, Нвидиа, Линкедин, ХПЕ и други, кои би требало да ги обучуваат луѓето. Целта е што повеќе да се финансираат стартапи и да се зголемат вложувањата.

За виза може да се пријават луѓе од сите националности и старосни групи.

Меѓудругото се бараат софтверски инженери, инженери од електротехника, како и стручњаци од областа на вештачката интелигенција.

Промовирани огласи »

Оваа година ќе започне изградбата на коридорот 8, а до крајот на 2025 ќе имаме автопат до граничниот премин Ќафасан, најави директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми. Тој очекува градежните работи да се реализираат во предвидените рокови.

Сега се отвора патот Владата да формира комитет кој треба да започне преговори со компанијата Бехтел и Енка, за да имаме договор за почеток на работата на овие делници што е предвидено и со законот кој вчера помина во Собранието на Северна Македонија. Врз основа на овој закон се предвидува да се комплетира коридорот 8 почнувајќи од Тетово до Гостивар, бидејќи сегашниот автопат Тетово –Гостивар не ги исполнува условите според европските стандарди – истакна Рустеми на ТВ 21.

Тој одби да дава проценки за вредноста на проектот, но, како што нагласи, во секој момент граѓаните ќе бидат информирани транспарентно.

Ние зборуваме за изградба на автопат на највисоко ниво, по европски стандарди а кога ги имаме предвид европските автопати кои дозволуваат брзина и до 130 км/ч и возејќи со таква брзина, а имајќи ја предвид и безбедноста на учесниците во сообраќајот, јас верувам дека многу брзо граѓаните ќе стигнуваат од Скопје до Охрид – посочи Рустеми.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »