Промовирани огласи »

Во склоп на нашата кампања за поддршка на млади жени претприемачи, денес разговараме за инспиративната приказна на Стефани Караџовска, сопственик на друштво за производство на филмови, видеофилмови и телевизиска програма КОКОС ПРОДУКЦИЈА.

1.Најпрво, раскажете ни која беше вашата основна идеја при креирање на вашата компанија и од каде потекнува мотивот за создавање на истата?

Основањето на фирмата се случи во период од мојот живот кога размислував за прекфалификација во дејност која ке ми нуди простор за креативно изразување. Во тој период заедно со брат ми Кристијан Караџовски кој е професионален кинематограф со долгогодишно искуство, а дотогаш цело време од позиција на слободен уметник дојдовме до идеја за започнување на нешто ново и свое. Токму во тој период наидов на повик за грантови за самовработување на млади лица и едноставно знаев дека тоа беше вистинскиот момемент за аплицирање.

2. Кажете ни нешто повеќе за вашата дејност, која е основната идеја и цел кон која се стремите?

Просторот за креативно изразување во оваа дејност е завидно голем. Работиме на тоа преку creative storytelling да ги доближиме продуктите на компаниите до граѓаните, изработка на рекламни и промотивни видеа следејќи ги последните трендови на анимација, продукција и постпродукција, снимање на музички спотови, фестивали, фотосесии, документарни серијали и слично. Се стремиме кон тоа Кокос Продукција да расте во однос на проекти и број на вработени нудејќи го најквалитетното од себе.

3. Кои се актуелните проекти на кои работите во моментот?

Моментално најмногу работиме со снимање на документрани серијали во соработка со невладини оганизации. Соработувавме со ИРЛ – Истражувачка репортерска лабораторија во снимањето на првата сезона на серијалот, а соработката продолжува и за втората сезона. Во тек на изработка е проект со КСП Центар – Јадро во кој работиме на целосна продукција вклучувајќи режија и сценарио, a неодамна работевме и на музички спот “Копнежи”. Продолжуваме да работиме и на останати тековни проекти.

4. Што за вас значи да се биде жена претприемач во нашата држава и како ја

доживувате бизнис атмосферата во моментот?

Ова искуство е ново за мене и сеуште го пронаоѓам одговорот на ова прашање, но

ова за мене е можност да докажам дека успешен бизнис може да биде предводен  независно од полот. Бизнис атмосферата е доста конкурентна со оглед на тоа што се повеќе луѓе се заинтересирани  и се приклучуваат во работа на оваа дејност.

5. На крај, би сакале да прашаме како изгледа вашиот план за иднина, каде ја

гледате вашата компанија и која е вашата најголема желба за вашето развивање на овој пазар?

Кокос Продукција во иднина ја гледаме со оставен голем број на квалитетни и успешни проекти зад себе, а работејќи на тековни проекти со зголемен број на вработени млади и талентирани креативци. Нашата цел е да се равиваме во повеќе правци, со работење на различни проекти и ширење на работното портфолио. Се надеваме дека во иднина Кокос Продукција ке се истакне како доверлива фирма која и понатаму ке ја има можноста да нуди успешна креативна експресија.

Промовирани огласи »

По седум месеци Град Скопје ги заврши градежните работи на новиот бул. „Никола Карев“ во Скопје, со изградба на нови 980 метри, и денеска беше официјално пуштен во употреба. Инвестицијата на Град Скопје е околу 160 милиони денари. Булеварот има четири коловозни ленти, две комбинирани – велосипедски и пешачки патеки поради фреквентниот сообраќај, а направен е и потпорен ѕид од 690 метри.  Има и лед (смарт) осветлување, за кое градоначалникот Петре Шилегов рече дека ќе биде воведено во фази во градот.

Град Скопје на овој потег реши нешто што повеќе децении беше проблем на граѓаните на Скопје. За седум месеци успеавме да изградиме нови 980 метри нов булевар. Со потпорниот ѕид целосно го заштитивме автопатот и ридот кај касарната („Илинден“) со целосна подземна инсталација која ќе овозможи долготрајно и безбедно користење на овој скопски булевар. Минатата година почнавме со т.н. Пластичарска која е на истиот овој булевар „Никола Карев“, на потег од 1400 метри, и ова е всушност втора фаза, изјави Шилегов на официјалното отворање на булеварот.

За вторник најави почеток на градба на голема клучка кај Момин Поток, а од понеделник Град Скопје ќе ја почне и најавената реконструкција на многу градски сообраќајници.

Затоа ги замолувам граѓаните на Скопје да бидат трпеливи и да ги почитуваат сообраќајните режими, ќе бидеме брзи и квалитетни, како и секогаш досега. Ја обновуваме инфраструктурата која повеќе децении не била ни воопшто пипната и во агендата на Град Скопје, рече Шилегов.

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев изјави дека сообраќајницата „Никола Карев“ е исклучително важна за жителите на Карпош.

Ова беше тесно грло и простор каде што се создаваше огромна гужва и граѓаните не можеа да стигнат до своите домови или на работните места. Дополнително, покрај решавање на сообраќајниот проблем, со овој булевар се создаваат и предуслови за урбанистичко ширење на градот на Скопје во северниот дел. Општина Карпош донесе и ДУП-ови за делот зад касарната „Илинден“ и ваквата инфраструктура и кружниот тек што е најавен за неколку дена кај Хубо-маркет и клучката, придонесуваат за развој на овој дел од градот, рече Богоев, додавајќи дека во неговата општина има тековни реконструкции на повеќе сообраќајници – во Карпош 1,2 и 3 и во Нерези.  

Промовирани огласи »

Посебни правила ќе важат и за спортските натпревари, независно од тоа дали се одржуваат на стадион или во затворена спортска сала, каде влезот ќе биде дозволен исклучиво со приложен сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19.

Со оглед на изненадувачки брзото зголемување на нови инфекции, и Австрија најавува заострување на мерките во однос на достапноста на услуги за лица кои не се имунизирани. Од 22 јули, пристапот до ноќно угостителство ќе биде возможен само за вакцинирани лица и лица со тековен негативен резултат на PCR-тест, стар не повеќе од 72 часа.

Во Кина пак, ограничувањата се особено ригорозни. Во текот на изминатата недела, десетици окружни влади во најмалку осум провинции објавија известувања со кои ги предупредуваат граѓаните дека имаат рок до крајот на јули или почетокот на август да ги примаат своите вакцини, за да не се соочат со повеќе ограничувања во секојдневниот живот.

Конкретно, на невакцинираните жители во делови од земјата ќе им биде забранет пристап до јавни услуги, вклучително и болници, училишта и домови за стари лица, јавен превоз и медицински установи.

Во однос на рестрикциите за влез, Малта станува прва земја во Европа која го забрани влезот за посетители кои не се целосно вакцинирани, со исклучок на деца под 12-годишна возраст, но со приложен негативен ПЦР тест и придружувани од родител кој е вакциниран.

Покрај Малта, како дел од новите рестриктивни мерки, најголем дел од земјите повторно ги заострија мерките за влез и престој, а затворени се и голем дел угостителски објекти или работат по посебни протоколи.

Министерот за здравство најави дека од септември се можни слични стратегии и кај нас. Јавноста е поделена по ова прашање, но се чини светот се повеќе тежнее кон овој пристап со цел заштита на населението но и стимулирање на вакцинацијата.

Промовирани огласи »

Пензионерите со јулската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година (период: јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (период: јули-декември) изнесува 1,2 отсто.

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 188 денари на ниво на просечна пензија и 125 денари на ниво на најниска пензија.

– Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата. Почнувајќи од 2019 година покрај редовното усогласување се предвидува и дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4 отсто – се вели во соопштението од Министерството.

Покрај овие два начини на усогласување од 2020 година врз основа на одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, како што посочуваат од МТСП, може да се изврши уште едно дополнително усогласување во случај кога има пораст на минималната плата во тековната година за повеќе од 15 отсто и пораст на просечна плата во претходната година за повеќе од 5 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »