Неим*низирани попишувачи нема да пуштаме во домовите за време на пописот – велат граѓаните во анкета за ТВ 24. Според нив, им*низацијата против новата болест треба да биде задолжителна за попишувачите на терен, во услови кога пописот се спроведува среде панде*ија, а се стравува и од нов бран на заразени наесен.
Од државниот завод за статистика пак велат дека не може да бараат од попишувачите да бидат имнизирани, бидејќи таа не е задолжителна во државава и тоа би било дискриминација, но потенцираат дека попишувачите кои ќе сакаат да се им*низираат, ќе им бидат обезбедени дози.
Ние немаме законско право да бараме потврда за им*низација, бидејќи таа во државата е на добороволно ниво, поради тоа не можеме да го поставиме како критериум. Тоа би било дискримимација. Би било добро сите да се им*низираат, но не смее тоа да биде критериум. Ние препорачуваме и има и прашање во апликацијата дали сте примиле доза и дали би сакале да бидете им*низирани доколку бидете избрани, така што нудиме можност и доколку има потреба ние сме подготвени и да организираме им*низација на идните попишувачи – вели Јасмина Ѓорѓиева од Одделение за односи со јавност на Државен завод за статистика.
Министерството за здравство пак, нема да бара задолжителна потврда за примени дози за попишувачите кои ќе влегуваат во домовите на граѓаните, како што се најавува дека ќе се бара за неим*низираните наесен. За попишувачите – само апел од здравствените власти.
Целиот текст прочитајте го на 24.мк со клик ТУКА.