Промовирани огласи »

Научникот Никола Тесла ќе биде претставен на хрватските евра. 

Комисијата за пари на Хрватската народна банка (ХНБ) денеска го утврди конечниот предлог за мотиви на идните хрватски кованици на евра, на кои ќе ги има шаховницата, картата на Хрватска, куната, глаголицата и Никола Тесла. Никола Тесла дојде на листата врз основа на интернет анкета и од листата со пет предложени мотиви го истисна Дубровник. Во соопштението од владата се наведува дека станува збор за конечен предлог кој ќе биде разгледан од Националното собрание за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска, а владата ќе донесе заклучок.

Промовирани огласи »

Новиот Предлог за државјанство кој денеска треба да се најде пред пратениците предвидува 16 начини барателот да се стекне со државјанство на Македонија, а како доказ за тоа доволен е документ дека граѓанинот завршил школо тука, дека бил на лекар, дека има имот или штедна книшка, дека плаќал – сметки, пишува РСЕ.

Првичниот предлог за државјанство да сведочат тројца сведоци отпаѓа, но затоа платени сметки за струја, вода, греење, телефон ќе бидат доволен услов за добивање државјанство.

Предлог-законот е поднесен од Владата со европско знаменце, што значи дека се скратува рокот во кој треба да биде донесен и се однесува на граѓаните кои се од поранешните југословенски републики кои останале да живеат во Македонија по осамостојувањето и сѐ уште немаат македонско државјанство. Законот го иницираа Алијанса за Албанците и Алетернатива и прво се предвидуваше државјанство да се докажува со тројца сведоци.

Се скратуваат и годините на престој во државата потребни за добивање државјанство од осум на седум. Во претходниот предлог Алијансата и Алтернатива бараа да се скрати на четири години престој.

Исто така, иселеници од Македонија и нивните деца ќе може со природување да се стекнат со македонско државјанство и доколку до поднесувањето на барањето не живееле осум години во земјава, и без да има отпуст од државјанството на друга држава.

Со македонско државјанство ќе може да се стекне и странец кој е во брак со македонски државјанин најмалку три години и во земјава живее најмалку една година, притоа не мора да знае македонски јазик.

Според изјавите на властите, околу 3000 луѓе бараат државјанство, од кои половина не живеат тука. Има и околу 800 граѓани т.н. фантоми, граѓани кои се родиле овде и никогаш не добиле државјанство.

Промовирани огласи »

Биткоинот, најпознатата криптовалута се тргува по цена од 32.193 долари денеска, а во последните 24 часа е забележан раст од 4,2 проценти. Растот доаѓа по изјавата на Илон Маск дека Тесла најверојатно повторно ќе започне да прифаќа биткоин како средство за плаќање, кога ќе изврши длабинска анализа на количината на обновливи извори на енергија што се користат „за ископување“ на таа валута.

Тој предизвика пад на цените на биткоинот во мај, кога рече дека неговата компанија ќе престане да прифаќа криптовалути како средство за плаќање, бидејќи огромни количини на електрична енергија, претежно произведена од фосилни горива, се користат во „рударењето“ на биткоин, потсетува британскиот весник „Гардијан“.

Сепак, коментарите на Маск на вчерашната конференција предизвикаа скок од осум проценти на биткоинот на 32.160 долари.

Ethereum исто така се опорави. Во моментов се тргува по 1.995 американски долари, што е пораст од 6,3 проценти во последните 24 часа.

Останатите криптовалути на пазарот исто така бележат подобри резултати.

Промовирани огласи »

Град Скопје во рамки на кандидатурата за Европска престолнина за културата за 2028 година назначува два легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично. Тоа се потпорниот ѕид на улица „Војвода Васил Чакаларов“ („Адолф Циборовски“) по „Реплек“ и ѕидовите од двете страни на булеварот „Гоце Делчев“ под поранешна Стоковна куќа „Мост“, денес Универзитет на Југоисточна Европа.

Како што соопшти денеска тимот на Скопје 2028 – Кандидат за Европска престолнина на културата, легалните ѕидови ќе бидат означени со табли со кои се потврдува слободата и безбедноста за нивно користење за креативен израз од страна на уличните уметници.

Легалните ѕидови ќе бидат назначени и слободни за користење на 26 јули 2021 година, на Денот на солидарноста, како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје. По тој повод тимот на Скопје 2028 – Кандидат за Европска престолнина на културата, кој е иницијатор на идејата за назначување на легални ѕидови во Скопје организира и акција на цртање на графити на легалниот ѕид на улица „Војвода Васил Чакаларов“ на тема „Солидарност“. Како што е најавено ќе учествуваат седум домашни улични уметници: Ертунч Сали, Давор Кешќец, Марко Вујисиќ, Драган Китановски – Драж, Дејан Давчевски, Блаже Атанасков и Ермал Криезиу.

Акцијата на цртање графити ќе се реализира викендов, на 24 и 25 јули. Акцијата е организирана во партнерство со Младинскиот културен центар.

Тимот на Скопје 2028 на почетокот на 2021 година на предлог на улични уметници од Градот покрена инцијативата за именување на првиот „Легален ѕид – Legal Wall“ во Скопје. Град Скопје ја прифати иницијативата. Со тоа, како што се наведува, Градот во рамки на кандидатурата за Европска престолнина на културата на уште една начин покажува дека ја поддржува урбаната култура и уличната уметност и овозможува разновиден културен израз на различни локации во градот.

Уличната уметност, пред сѐ, пишувањето/цртањето графити во поголем дел од светот вклучувајќи и кај нас е нелегална, многу градови именуваат и креираат легални ѕидови со што им овозможуваат слободен и безбеден простор за креација и уметничко изразување на уличните уметници.

Легален ѕид/Legal Wall е дефиниран ѕиден простор од поголем размер на одредена локација, кој е одобрен од страна на сопственикот или локална власт/јавната институција за слободно користење за уметничка креација. Како слободен простор за креација легалниот ѕид овозможува на секој заинтересиран уличен уметник да може да создава уметност без временско одредено или законско ограничување. Ова е особено важно за младите улични уметници кои ќе имаат простор да ја развиваат својата креативност и способности за цртање.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »