Не стивнуваат реакциите на невладините и синдикатите за измените во Законот за работни односи по точката за недела неработен ден. Иницијаторот на оваа бенефиција за работниците „Гласен Текстилец“ излезе со нова реакција, и обвинува дека пратениците подготвуваат класична манипулација, наместо заштина на работничките права. Наместо намалување има проширувањето на листата на дејности кои и натаму ќе работат во неделите а тоа според активистите е договор помеѓу бизнисот и власта и сето тоа е на грбот на работникот. Синдикатите пак се гневни дека законското решение се носи зад затворени врати во собранието, а тие како претставници на работниците не добиле покана да ја следат расправата за можеби еден од најбитните закони поврзани со пазарот на трудот.
Ваквото законско решение не смее да биде донесено, децидна е Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Моменталното законско решение се носи зад затворени врати, без никаква јавна расправа и вклучување на стручната јавност која е неопходна при донесување за едно вакво важно законско решение, вели Ампева и додава дека Гласен Текстилец децидно бара недела да биде неработен ден за сите освен за дејности кои се од витален карактер, како здравство, полиција, одбрана. Бараат трговските центри, рудниците и останатите дејности кој се наведени во самите законски измени да не работат бидејќи нивната дејност сама по себе не е неопходна за работа во недела.
„При донесување на првата нацрт-верзија на измените на Законот за работни односи беа опфатени 34 дејности кои ќе работат во недела, а во поднесените последни измени пред Комисијата за труд и социјална политика, се опфатени 50на дејности и сметаме дека се наведени дејности за кои не е неопходно работење во недела. Во самите законски измени има празнина во делот на дејности кои имаат карактер на помошни или придружни дејности, а кои ќе се уредуваат со посебен правилник од страна на Министерот за труд и социјална политика во рок од 60 дена по донесување на законот. Во тој правилник повторно можат да бидат додадени дејности, по притисок од капиталот, кој очигледно ги крои законите во нашата држава. Намерно се оставаат правни празнини во законското решение кои би се прецизирале во правилник во кој не смее да се регулира материја која треба да се реши со закон, а не со подзаконски правен акт.“
Дополнително, Гласен Текстилец бара работниците кои ќе работат во недела да имаат задолжително користење на слободен ден во неделата, бидејќи тоа е Уставно загарантирано право. Не се согласуваат со пренесувањето на правото на користење на слободен ден во текот на наредната недела со образложение дека на тој начин се губи правото на неделен одмор во тековната недела. Ампева додава и дека предложените законски измени имаат низа на аномалии бидејќи за работа во недела е предложено работникот да добие додаток на работа од 50 %, за кое ние како Здружение сметаме дека треба да изнесува минимум 100%.
Во делот на прекршочната постапка, од здружението велат дека при прекршување на законските одредби од страна на работодавачите за недела неработен ден, забраната за работа би требало да се однесува на целокупното работење на работодавачите, а не само во работниот простор или работна просторија каде е утврдена неправилноста. Како здружение упатуваат загриженост од ова уназадување на работничките права. Со децении наназад, тврдат дека не се исплаќаат додатоци и надоместоци на плата на вработените, нивниот труд не се евидентира и не се исплаќа прекувремена работа, работа на празник, работа во ден на неделен одмор. Воедно во време на здравствено економска криза предизвикана од пандемијата, велат дека сите сме сведоци на злоупотреби на државни средства наменети за исплата на плати, а институциите според нив засега се неми и глуви на такви кривични дела и злоупотреба на народните пари.
Целиот текст прочитајте го на Денар.мк