Промовирани огласи »

Секоја земја е различна, и законите на секоја земја се различни. Понекогаш овие закони се граничат со сериозно смешни, а други пати тие укажуваат на важни културни вредности кои можат да бидат различни од вашите.

Составивме список со 10 чудни закони низ целиот свет за кои нема да верувате дека постојат. Но, кога патувате, сигурно не сакате да завршите зад решетки!

1.Нелегално е да се џвака мастика во Сингапур - Одборот за домување и развој потрошил 150.000 долари годишно за чистење на литар гума за џвакање, Сингапур ги забранил сите материи за џвакање во 1992 година.

2.Во канада на радиостаниците мора да се слушаат песни од канадски артисти - Ова значи дека за еден час радио за време на работната недела, вие слушате повеќе од 20 минути уметници како Никелбек, Аланис Морисет, Селин Дион, Мајкл Бубел и Џастин Бибер - сите се горди Канада.

3.Не смеете да носите маичка со Вини Пу во Полска - малото мече не носи панталони. Поради ова, Полска издаде забрана за Вини Пу околу игралиштата и училиштата, наоѓајќи го ликот премногу ризичен за деца.

4.Забрането е да се прави селфи со статуата на Буда во Шри Ланка - Кога ќе направите селфи со Буда, му свртувате грб. Овој знак на непочитување се казнува со затвор во Шри Ланка.  Исто така, се смета за непочитување да се насочи прстот кон Буда, а понекогаш има забрани за фотографирање со статуите.

5.Недозволено е да се носи маска на јавно место во Данска - Не само маски, данската влада сака да спречи секој да ги покрива лицата на кој било начин на јавни простори. Ова вклучува маски, шлемови, шалови, капи, лажни бради, па дури и бурки.

6.Нелегално е да се лета со змај во Викторија, Австралија- Во југоисточна Австралија во градот Викторија, дом на Мелбурн, е нелегално да се лета со змеј на јавен простор ако му пречи на друго лице. Всушност, не можете да играте ниту игра на јавно место ако тоа нервира некој друг.

7.Недозволено е да пцуете во Емиратите -Во муслиманските Обединети Арапски Емирати, пцуењето може да ве казни со парична казна, затвор или депортација. Според членот 373 од Казнениот законик , „пцуењето ја омаловажува честа или скромноста на некоја личност“.

8.Секој ден мора да го шетате вашето куче во Рим - строгите закони на Рим против суровоста кон животните вклучуваат шетање на миленичиња. Доколку сопственикот не го шета своето куче еднаш на ден (минимум), може да биде казнет со 625 УСД.

9.Жени во брак можат да испијат само една чаша вино во Боливија- Ако сте слободна жена во Ла Паз, Боливија,  напијте се! Но, ако сте во брак, тоа е само една чаша вино за вас.

10.Нелегално е да носите високи потпетици до Акропол -Кога се пакувате за патување во Грција, проверете дали имате вистински чевли. Земјата забрани високи потпетици на Акропол во 2009 година, па затоа немаше стилети на Партенон.

 

Промовирани огласи »

Македонија e едно од понесреќните места за живот и таа се најде на 75.место од вкупно рангираните 95 земји. Ова го покажува најновиот Светски извештај за среќата направен според традиционалната анкета на агенцијата „Gallup“.

Првите три се Финска со оценка 7,89, Исланд со 7,58 и Данска со 7,51 во распон од нула до десет. Зад нив се Швајцарија, Холандија, Шведска, Германија, Норвешка. 

Во регионот, најдобро се рангирани Хрватска – на 23.место со оценка 6,51 и Словенија- на 26.место со 6,46. Зад нив се Косово на 31.место, Србија на 42.место, БиХ на 58.место, Албанија е на 63.позиција, а Македонија е најдолу од сите на 75.место.

Од земјите надвор од европскиот континент, само Нов Зеланд котира меѓу првите десет, додека Канaда е падната на 15.позиција. САД од 19 се искачиле на 14.место.

Во Азија најдобро котира Тајван на 19.место, а во Африка најдобро место за живот е Нигерија рангирана на 59.позиција.

Промовирани огласи »

Не стивнуваат реакциите на невладините и синдикатите за измените во Законот за работни односи по точката за недела неработен ден. Иницијаторот на оваа бенефиција за работниците „Гласен Текстилец“ излезе со нова реакција, и обвинува дека пратениците подготвуваат класична манипулација, наместо заштина на работничките права. Наместо намалување има проширувањето на листата на дејности кои и натаму ќе работат во неделите а тоа според активистите е договор помеѓу бизнисот и власта и сето тоа е на грбот на работникот. Синдикатите пак се гневни дека законското решение се носи зад затворени врати во собранието, а тие како претставници на работниците не добиле покана да ја следат расправата за можеби еден од најбитните закони поврзани со пазарот на трудот.

Ваквото законско решение не смее да биде донесено, децидна е Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Моменталното законско решение се носи зад затворени врати, без никаква јавна расправа и вклучување на стручната јавност која е неопходна при донесување за едно вакво важно законско решение, вели Ампева и додава дека Гласен Текстилец децидно бара недела да биде неработен ден за сите освен за дејности кои се од витален карактер, како здравство, полиција, одбрана. Бараат  трговските центри, рудниците и останатите дејности кој се наведени во самите законски измени да не работат бидејќи нивната дејност сама по себе не е неопходна за работа во недела.

„При донесување на првата нацрт-верзија на измените на Законот за работни односи беа опфатени 34 дејности кои ќе работат во недела,  а во поднесените последни измени пред Комисијата за труд и социјална политика,  се опфатени 50на дејности и сметаме дека се наведени дејности за кои не е неопходно работење во недела.  Во самите законски измени има празнина во делот на дејности кои имаат карактер на помошни или придружни дејности, а кои ќе се уредуваат со посебен правилник од страна на Министерот за труд и социјална политика во рок од 60 дена по донесување на законот. Во тој правилник повторно можат да бидат додадени дејности, по притисок од капиталот, кој очигледно ги крои законите во нашата држава. Намерно се оставаат правни празнини во законското решение кои би се прецизирале во правилник во кој не смее да се регулира материја која треба да се реши со закон, а не со подзаконски правен акт.“

Дополнително,  Гласен Текстилец бара работниците кои ќе работат во недела да имаат задолжително користење на слободен ден во неделата, бидејќи тоа е Уставно загарантирано право. Не се согласуваат со  пренесувањето на правото на користење на слободен ден во текот на наредната недела со образложение дека на тој начин се губи правото на неделен одмор во тековната недела. Ампева додава и дека предложените законски измени имаат низа на аномалии бидејќи за работа во недела е предложено работникот да добие додаток на работа од 50 %, за кое ние како Здружение сметаме дека треба да изнесува минимум 100%.

Во делот на прекршочната постапка, од здружението велат  дека при прекршување на законските одредби од страна на работодавачите за недела неработен ден, забраната за работа би требало да се однесува на целокупното работење на работодавачите, а не само во работниот простор или работна просторија каде е утврдена неправилноста.  Како здружение упатуваат загриженост од ова  уназадување на работничките права. Со децении наназад, тврдат  дека не се исплаќаат додатоци и надоместоци на плата на вработените, нивниот труд не се евидентира и не се исплаќа прекувремена работа, работа на празник, работа во ден на неделен одмор. Воедно во време на здравствено економска криза предизвикана од пандемијата, велат дека сите сме сведоци на злоупотреби на државни средства наменети за исплата на плати, а институциите според нив засега се неми и глуви на такви кривични дела и злоупотреба на народните пари.

Целиот текст прочитајте го на Денар.мк

Промовирани огласи »

Научникот Никола Тесла ќе биде претставен на хрватските евра. 

Комисијата за пари на Хрватската народна банка (ХНБ) денеска го утврди конечниот предлог за мотиви на идните хрватски кованици на евра, на кои ќе ги има шаховницата, картата на Хрватска, куната, глаголицата и Никола Тесла. Никола Тесла дојде на листата врз основа на интернет анкета и од листата со пет предложени мотиви го истисна Дубровник. Во соопштението од владата се наведува дека станува збор за конечен предлог кој ќе биде разгледан од Националното собрание за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска, а владата ќе донесе заклучок.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »