Промовирани огласи »

Од катастрофалниот земјотрес што се случил на денешен ден имаме огромен број на сведоштва и страшни приказни. Нашите баби, дедовци, мајки и татковци можеби бледо се сеќаваат што точно направиле во тој неочекуван краток миг. Тие раскажуваат како го преживеале еден од најтрашните денови во историјата на Скопје.

Инженер раскажува дека додека работел доцна на своите трудови, во момент на паника ја фрлил својата мала керќа завиткана во душек од четврти кат за да ја спаси. Додека тој и неговата жена загинале, тој успеал да ја спаси својата керќа.

Исто така силниот потрес за среќа го преживеала 13 годишна ученичка Соња. Девојчето се разбудило од сон, скокнала да види што се случува. Исплашена, побегнала во аголот и легнала на подот, меѓу каучот и плакарот. Соња била зграпчена во тесен простор. Поминувале часови, денови...Младото девојче била таму три ноќи, четири дена и пет часа. Спасителите се изненадиле и израдувале на ваквото чудо.

Една старица што живеела во куќата на аголот каде што се сечеле улиците 11 Октомври и Ѓуро Салај, во близината на Зеленото пазарче, секое утро одела да купи млеко и леб за домашните. Излегле од куќата во тоа мирно, летно скопско утро, и пред продавницата се задржале, чекајќи во редицата. Потоа тргнале назад, и кога стасале точно пред куќата, се случил кобниот настан. Земјотресот. Со ужасен татнеж и потрес, куќата пред нив се урнала до темел.

Земјотресот во Скопје е еден од тие природни катастрофи, кој се случи на денешен ден во 1963 година. Како резултат на земјотресот, од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени. 

Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија. Земјотрес бил 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди, а помали потреси имало до 5 часот и 43 минути.

Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.

Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

 

Промовирани огласи »

Рекоа дека ќе ја направат просечната плата од 750 евра, но не кажаа дали тоа е бруто или нето, a ние  за три месеци ќе стигнеме до нето плата од 750 евра, нешто што и го најавивме, вели Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ. 

Буквално на 1.200 денари сме од разликата од 30.000 денари просечна плата, рече Битиќи.

Вели дека се залагаат платите да бидат минимум 50 отсто над минималната плата.

Замислете ВМРО користеа  ваши пари за да отворат работни места каде ќе земате плата од 9.000 денари, но сега се сменија условите, а ние бараме да биде минималната плата повеке од 22.500 денари, можеби не е доволно, но секако е повеќе, рече тој.

Битиќи најави дека до крајот на годинава новите инвестиции ќе отворат 1.600 работни места

Промовирани огласи »

Вработените во Министерството за надворешни работи (МНР) ќе користат електрични тротинети, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, со вакви примери помагаат на околината и на природата.

 

Османи е за зелена дипломатија, вработените во МНР ќе користат електрични тротинети

Вработените во Министерството за надворешни работи (МНР) ќе користат електрични тротинети, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, со вакви примери помагаат на околината и на природата.

Тој денеска на својот фејсбук профил напиша дека практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што, според него, веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90 проценти од нив кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации.

Зелена дипломатија – новото нормално. За вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет, пишува Османи на ФБ.

Тој додаде дека преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина.

Промовирани огласи »

Луѓето никогаш не биле толку возбудени да одат во канцеларија, а причината за оваа возбуда произлегува од фактот дека значителен број на работна сила не стапнале во канцеларијата повеќе од една година.

За да се олесни преминот назад на работното место, HR ќе мора да се прилагоди на промените што ги носи пандемијата. Тие ќе треба да направат нови политики, да го модифицираат физичкото работно место и да ги предвидат и отстранат предвидливите пречки. 

И еве четири чекори што треба да ги направат пред да ги повикаат вработените назад во канцеларијата:

1. Правилна комуникација и циркулација на информации

Земете точни анкети и истражувања за да ги разберете вашите вработени. Разберете ги нивните мисли, соберете ги нивните мислења и разгледајте ги нивните повратни информации додека подготвувате план за нивните потреби и потребите на вашата организација како целина.

 2. Обезбедување на непречена транзиција кон канцеларијата

Безбедноста треба да бидат ваш приоритет пред да ја вратите работната сила во канцеларијата. Осигурете се дека се воспоставени силни безбедносни мерки на претпазливост, како комори за санитација, скенери за температура, дезинфекција на работното место, и информативни постери.

3. Направете вработените да се чувствуваат безбедно и поддржано

Пандемијата не само што предизвика немири со здравствените системи низ светот, но сериозно влијаеше на менталното и физичкото здравје на луѓето. Пандемијата предизвика бран проблеми со менталното здравје. Тимови за човечки ресурси треба да бидат свесни за драстичните ефекти на самоизолација и далечинско работење врз нивните вработени.

4. Ажурирајте ги политиките и процедурите за да одговараат на новото нормално

Пандемијата донесе ветер на промени ширум светот, од личен до професионален; секој дел од животот видел драстична трансформација и засекогаш го сменил начинот на кој секоја индустрија прави деловни активности. Тимовите со човечки ресурси треба да учат од овие трансформации и соодветно да формулираат политики и процедури.

Тимовите за човечки ресурси треба да ги искористат трендовите што се појавија низ целата пандемија и да бидат вектор на промени за работното место. Тие треба длабоко да ги погледнат современите процедури и да ги модифицираат за да им овозможат на вработените безбедно да си ја вршат својата работа во средина што обезбедува чувство на нормалност.

 
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »