Промовирани огласи »

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани со казнување на американските компании што ќе го преселат својот бизнис некаде во странство.

Трамп најави „екстра данок“ од 35 отсто за производите што ќе се продаваат во САД, што се произведени од американски компании, во нивните капацитети и погони во разни земји низ светот.

Ние ќе ги намалиме даноците и ќе ја олесниме регулацијата за бизнисот, но секој што својот бизнис ќе го пресели од САД во странство, градејќи таму фабрики или погони, за да ги продава тие производи на домашниот пазар, греши доколку мисли дека тоа нема да помине без никакви последици„, напиша Трамп на Твитер.

Американските медиуми пренесуваат дека бил посочен примерот на корпорацијата „Рекснорд“, која најави дека дел од својот бизнис, еден погон од сојузната држава Индијана ќе го пресели во Мексико. Затворањето на погонот во Индијана би предизвикало затворање на 300 работни места во САД.

Новоизбраниот претседател вели дека вакви примери има многу низ САД, но дека тоа „ сега ќе биде запрено“.

Правни експерти и бизнисмени објаснуваат дека ваквите најави нема лесно да поминат, затоа што Трамп и неговата администрација ќе се соочат со правни предизвици и дека тоа не ќе може едноставно да се изведе.

Казнувањето на бизнисот со „екстра данок“ би донело прекршување на повеќе сегашни закони и прописи, па тоа не може да профункционира без согласност на Конгресот, изјавиле за американските медиуми правни експерти.

Промовирани огласи »

Грантови за комерцијализација на иновации добиваат компанијата „Вижндинамикс“ за систем за креирање 3Д мапи од дрон, „Ресин“ лабораторијата за  индустриски наоди и технологија, која создала магнетна ЦНЦ плазма дупчалка на челични отвори, „ДТК  Смарт ТЕК“ за интегриран  интернет базиран информациски систем за менаџирање со енергија и „Веблајдерс“ за креирана платформа за секундарди туристички услуги.

Добитниците на грантовите на денешното објавување на резултатите од повикот истакнаа дека очекуваат да ги комерцијализираат иновациите и што поскоро и да ги пласираат и на домашаниот и на меѓународниот пазар.

Иновацијата на „Вижндинамикс“ ќе може да се користи во катастарот и градежништвото и ќе треба да ги намали времето и трошоците за креирање мапи.  – Иновацијата со нивниот систем е што 3Д мапите би биле многу прецизни  и точни во рангот на ласерски скенери, но  многу пооевтино за експолатација. Системот работи во реално време и користи метод на симултано локализирање и мапирање, што значи дека мапата може да се корегира  за време на креирањето и за време на летот во реално време, рече Душко Муртовски од „Вижндинамикс“.

Со новиот технолошки концепт за изработка на отвори, иновација на „Ресин“,  според менаџерот Сашко Павлов, би се забрзало за 30 пати дупчењето челични отвори, а би го користеле сите фирми кои работат со челични конструкции.

Проектот на спин оф компанијата Смарт ТЕК, пак, е комплетна хардверска и софтверска изработка на универзален мерен уред кој ќе ги реискористи постоечките  броила пред се во домашните компании но ќе може да се користи и во меѓународни рамки, појасни Филип Симјановски од ДТК  Смарт ТЕК.

Идејата на иновацијата на „Веблајдерс  е да се поттикнат домаќините да понудат  различни секундарни услуги за туристичкото место во кое работат, како параглајдери, готвење традиционална храна, рече  Михаил Стевчев од „Веблајдерс“.

Четирите иновативни проекти се избрани во конкуренција на 52 пристигнати на огласот на Фондот за инструментот чија цел е да се поттикне иновативноста кај претпријатијата и примената на иновативни решенија.

Особено е важно што во избраните иновативни проекти се вклучени млади лица кои работеле на истражувања во рамки на универзитетите. Ќе имаат можност да ги продадат на пазарот решенијата во наредните година-две. Им посакувам многу успех, затоа што процесот на имплементирање, доразвивање, тестирање и дизајн на иновативните решенија и нивно пласирање на пазарот е многу неизвесен, рече на прес-конференција директорката на Фондот за иновации и технолошки развој, Јасмина Поповска.

За финансирање проекти за третеиот  јавен повик се обезбедени 450 илјади евра, а се планираше да бидат финансирани 15 компании.

Поповска апелира до учесниците на повикот чии проекти не се избрани за финансирање да ги земат предвид сериозно препораките од Комитететот за оценување. Со тоа нивните инмовации, како што рече, ќе бидат покомерцијални, поисплатливи, посмислени и поквалитетни за наредниот повик кој планираат да го објават во јануари следната година.

Третиот јавен повик беше отворен од 1 јули до 1 август за инструментот за поддршка кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“. Инструментот е наменет за финансирање на новоосновани претпријатија коишто постојат најмногу шест години, микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Република Македонија. 

Промовирани огласи »

Цените на угостителските услуги во ноември  во однос на октомври годинава останале на исто ниво, а во однос на ноември лани се зголемени за 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – ноември годинава, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4 проценти, а во однос на декември лани за 0,2 проценти.

Промовирани огласи »

Агенцијата „Марили“ во среда ќе го промовира бизнис клубот на жени менаџери чија цел е да ги поврзе жените менаџери и да ја подобри нивната комуникација.

Клубот ќе биде и место каде што жените менаџери ќе може да ги промовираат своите идеи и иновации, да добијат поддршка, маркетинг и промоција, за што е поставена и посебна страница означена како „Бизнис клуб“ на порталот на агенција „Марили“: www.marili.com.mk. Исто така тие ќе се информираат како новините во својот бизнис полесно да ги претворат во практични искуства со помош на пристапните ИПА фондови и европските кредитни линии.

Во рамки на клубот ќе се прават и тематски работилници, за одредени проекти, а посебно место ќе заземаат хуманитарните проекти посветени на здравјето на жените и за социјално ранливите категории на жени, како и за болните деца и децата без родителска грижа. Една од активностите на клубот ќе биде и вмрежување со останатите здруженија, организации и асоцијации на жени во бизнис сферата.

На промоцијата на Марили бизнис клубот ќе се обрати генералниот менаџер на агенцијата „Марили“, Лидија Трипуноска, која ќе ја претстави визијата и мисијата на клубот.

Ќе се одржи и предавање од областа на бизнис психолгијата под наслов „И во Македонија е возможно!“, а предавач ќе биде Марина Анчевска, генерален менаџер на Центарот за бизнис психолгија – Скопје.

На настанот се очекува да присуствуваат околу 50 жени менаџери кои што учествуваа и на јубилејната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери од Р. Македонија и од дијаспората“, а најавено е присуство и на други жени менаџери кои биле дел од изборите во изминатиот период, но и дел од други проекти на агенцијата „Марили“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »