Промовирани огласи »

Владата на Република Северна Македонија набавува 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило изнесува 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена  на едно возило достигнува околу 40 илјади евра.

Договорот помеѓу Службата за општи и заеднички работи и компанијата „Порше Лизинг“ е склучен на крајот на минатиот месец и истиот е веќе јавно објавен на веб страната на Електронскиот систем за јавни набавки. Предмет на договорот е јавна набавка на стока се 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг во времетреање од 36 месеци и предвидена километража од 120.000 километри за тој период. Владата, односно Службата за општи и заеднички работи има обврска кон лизинг компанијата по завршувањето на оперативниот лизингот  да плаќа по поминат километар за секое возило.

Порше Македонија која е сестринска компанија на „Порше Лизинг“ во минатото во неколку наврати беше споменувана за спорни набавки на возила за министерства и компании во државна сопственост. Во еден од случаите кои пред неколку години ги отвори СЈО обвинителството тврдеше дека тогашниот висок функционер Ѓоко Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на  Порше Македонија ДООЕЛ Скопје. 

Промовирани огласи »

Регионалната иницијатив што досега беше позната како „Мини Шенген“ е победа за иднината, нешто што ќе ги промени работите на Балканот и потврда дека сме способни самите да ослучуваме за себе, да го подобруваме животот на нашите граѓани,  изјави пртетседателот на Србија Александар Вучиќ во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје.

Кога започнавме со оваа иницијатива на сите нам тројца ни се причини дека оваа иницијатива е нешто што е добро, што е победа за идинината и нешто што ќе ги промени работите на Балканот. Сите оние работи за коишто многу лесно ги наоѓавме недостатоците едни на други, со многу леснотија наоѓавме причини за меѓусебни кавги. И кога разговаравме за ова сметавме дека би било многу добро за сите оние кои што ни се најблиски, а Србија и Албанија никогаш не биле толку многу блиски, но сите имавме различни проблеми, меѓутоа решивме од гледање во минатото, доаѓаат, на нашите деца. Во минатите две години развиваме една искрена доверба помеѓу нас во смисла на развивање на односите кон регионот, кон ЕУ и кон светот. Ние сите сме на европскиот пат, меѓутоа не сме ниту глупави ниту наивни да веруваме дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку ние тоа самите не го правиме. Затоа е особено важно за луѓето во нашите земји да им покажеме како во Албанија, така и во С Македонија и во Србија дека сме во можност и способни сме самите да одлучуваме за себе, да го подобруваме животот на нашите граѓани, да одиме на нашиот европски пат, да работиме со сите, но да не чекаме дека некој ќе не води и насочува. Спремни сме да ја земеме судбината во свои раце и да работиме во интерес на нашите граѓани,  посочи Вучиќ.

Нагласи дека е многу важна полната доверба која веќе се случи меѓу тројцата, затоа што сето она што стои зад овој предлог е за добробит на сите и нема скриена агенда. Укажа на предностите кои ќе ги донесе олеснето движење на луѓето, капиталот, добра и услуги, камо и во однос на привлекувањето на странски инвестиции.

Ни се отвараат големи, бескрајни можности и се од полза за сите три земји. Нашите три земји ќе ја завршат годината со вкупно 76 милијарди евра БДП, тоа е БДП помал од една Словачка. Колку години ни се потребни да го стигнеме. Десетина години?. Не, за само 5-6 години максимум и ги престигнуваме. Тогаш почнуваме во потполност да ги менуваме позициите и силите и може да работиме на развојот и да ја покренеме машинеријата на развојот на овој регион. За тоа ни се потребни бизнисмените, деловните луѓе кои ќе можат да ги резинсвестираат своите пари, рече Вучиќ.

Мораме да го оставиме минатото зад нас и да гледаме иднината, напредокот на животниот стандард на обичните граѓани, порача српскиот претседател.

Ова не е насочено кон никого, а тоа е единствената цел нашите граѓаните да живеат подобри, нешто што е свето. Секогаш ќе имаме противници на оваа идеја, кои не размислуваат на економијата на нешто долгорочно, кои размислуваат на следните избори и кои во се бараат некој недостаток…Ние ќе се обидеме и ќе дадеме се од себе. Едниот услов е довербата што ја имаме, а другиот е трите земји или влади да можат брзо да постигнат резултати, дали ќе можеме да ги надминеме сите слабости на нашата администрација или нема да можеме. Ако можеме да го сториме тоа на 1 јануари 2023 година – веќе нема да имаме граници меѓу нашите земји. Има граници, но нема граници за нашите граѓани. Одите од Белград до Тирана и никој нема да ве запре никаде, рече Вучиќ во своето обраќање на Форумот во Скопје.

Следната средба во рамки на иницијативата Вучиќ ја најави за два три месеци во Белград

„Поврзан Балкан“ е насловен главниот панелот кој следи на Регионалниот економски  форум во Скопје на кој се приутни претставници на повеќе од 300 компании од регионот и од меѓународни институции. На настанот ќе биде објавено новото име на регионалната иницијатива што досега беше неформално нарекувана како „Мал шенген“ и ќе бидат потпишани трилатерални договори што, според најавите, ќе го подобрат животот на граѓаните и на бизнис заедницата од Западен Балкан.

Промовирани огласи »

Шумата како дел од Националниот парк Маврово е впишана на Листата на светско наследство на природата на УНЕСКО. По Охридскиот Регион кој е прогласен за мешано наследство, природно и културно, буковата шума која се наоѓа по течението на Длабока Река е второ природно добро од земјава што се најде на листата на УНЕСКО.

Со прогласувањето стана дел од досието „Древните и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа“, впишано на листата во 2007 година. Територијата на доброто е проширена во 2011 и во 2017 година, а деновиве уште десет земји се вкулени во споменикот на природата: Босна и Херцеговина, Чешка, Франција, Италија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Србија, Словачка и Швајцарија.

Проширувањето на транснационалното светско наследство „Древните и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа“ на десет европски земји ја зголемува исклучителната вредност и интегритетот на ова природно добро, кое сега содржи 94 компоненти во 18 земји. Проширената територија на ова добро претставува исклучителен пример на релативно ненарушен комплекс и го претставува широкиот спектар на севкупните еколошки процеси на чисти и мешани стојалишта на европската бука низ разни еколошки состојби, соопшти УНЕСКО.

Комитетот за светско наследство на Листата на светско наследство додаде и четири локалитети споменици на културата и еден споменик на природата: Колонадите во Болоња, Италија, делата на архитектот Јоже Плечник во Љубљана, Пејзажот од шкрилец во Северозападен Велс, Обединето Кралство, Петроглифите на езерото Онега и Белото Море, Руска Федерација и Националниот парк Ивиндо во Габон.

Од Македонија уште четири локалитети се на листата на чекање: Архео-астрономскиот локалитет „Кокино“, номиниран во 2009 година, пештерата Слатински извор, ставен на листата во 2004 година, Маркови кули, номиниран во 2004 година и црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, номинирана кон крајот на 2020 година.

44. сесија на Комитетот за светско наследство се одржа онлајн, а домаќин беше Кина.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4% крајната цена на испорачаната топлинска енергија кај трите компании на територијата на Град Скопје.

Скоро 56 илјади потрошувачи приклучени на Балкан енерџи груп или 93% од вкупниот конзум ќе добиваат сметки пониски за 4,35%. Повеќе од 3.800 домаќинства кои се приклучени на ЕСМ енергетика ќе добиваат незначително пониски сметки за 0,57%, додека потрошувачите кои се 501 на број и се приклучени на Скопје Север од 1 август ќе добиваат сметки пониски за 1,25 %.

Граѓаните приклучени на парно ќе добиваат пониски сметки. Денешните донесени одлуки се показател дека начинот на кој ја пресметуваме цената на топлинската енергија ги штитат потрошувачите. Со одлуките праќаме сигнал што повеќе граѓани да се приклучат на мрежата за парно греење кое е најекономично и еколошко. Во однос на работата на компаниите, сакам да укажам дека со оглед на фактот дека БЕГ го има доминантниот дел од конзумот, односно 93%, останатите снабдувачи Скопје Север и ЕСМ енергетика треба да ги разгледаат можностите за системско надминување на предизвиците преку заедничка соработка, се со цел да може да го зголемат бројот на потрошувачи и да се оптимизира производството на топлинска енергија изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »