Промовирани огласи »

Согласно член 8 од Законот за враќање на дел од ДДВто кај физичките лица враќањето се врши на трансакциската сметка на лицето по службена должност од страна на Управата за јавни приходи во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Исплатата се врши етапно односно секојдневно во тој утврден период.

Промовирани огласи »

Австрија испраќа 120 пожарникари со 40 возила на помош кон Македонија за локализирање на пожарите.

Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот.

Австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки.

Досега во земјава помош за гаснење на пожарите е пристигната од Србија, Словенија и Бугарија.

Солидарноста нé обединува- пишува на Фејсбук профилот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Промовирани огласи »

Македонските пожарникари деновиве се на првата линија на фронтот во исцрпувачката борба со пожарите кои беснеат ширум земјата. Многу херои, доброволци, пожарникари и војници до утрото се бореа со огнот што го зафати подрачјето на Пехчево и Делчево.

Ова се апокалиптични сцени од пожарите во регионот на Пехчево. На оваа фотографија, тројца струмички пожарникари по 14 часа надчовечки напори во гаснењето на пожарот во близина на Делчево, целосно исцрпени земаат оддишка пред новите битки со огнената стихија.

Фото: Арбнора Мемети

Промовирани огласи »

Покрај тоа што иритираат, комарците се познати и како инсекти што пренесуваат инфекции. Најпознати во Европа и соседните земји се треската од Западен Нил, Чикунгунија и Денга. Доколку се прашувате зошто некои луѓе се повеќе изложени на убоди од останатите, за тоа постои причина.

 

Постојат едноставни, природни начини за отфрлање на комарците, како што е користење на витамин Б комплекс, особено витамин Б1, кој има мирис што ги одбива женските комарци кои боцкаат.

Несторовиќ споменува едно од нашите стари растенија – коприва и езоин. Чешањето е еден од најголемите проблеми. Но, ако се направат плускавци и красти, тогаш не вреди, а на ред е нов стар лек – цинк оксид – маст што ја нарекуваме маст од цинк и која може да се нанесува неколку пати на ден, бидејќи има антисептик и антиалергиско дејство.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »