Австрија испраќа 120 пожарникари со 40 возила на помош кон Македонија за локализирање на пожарите.
Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот.
Австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки.
Досега во земјава помош за гаснење на пожарите е пристигната од Србија, Словенија и Бугарија.
Солидарноста нé обединува- пишува на Фејсбук профилот на Дирекцијата за заштита и спасување.