Промовирани огласи »

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 09.08.2021 до 07.00 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 588 полициски службеници, реализирани 222 мото-патроли и користени 175 возила. Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата: Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка, кои несебично помагаат во гасење на пожарите.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите.

Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец!

 

Промовирани огласи »

На извршните директори им е потребно повеќе време да размислат за своите одлуки,активности и должности кои подоцна треба да ги претворат во реални проекти.Тие секогаш треба да размислуваат да ги водат своите компании кон раст и успех. Доколку се најдете на таа позиција како помлад извршен директор,постојат одредени совети кои што треба да ги следите за да изградите успешна кариера.

1.Бидете фокусирани за време на вашите состаноци

Како извршен директор,одлуките кои ги донесувате ќе бидат засегнати исто така и за вашиот тим,па веројатно ќе бидете навикнати да одржувате повеќе состаноци. Не закажувајте состаноци кои што немаат одреден план или пак состаноци кои се предолги,за да може да ги задржите сите присутни фокусирани на темата. На тој начин,состанокот може да ја изгуби својата смисла и луѓето да станат премногу опуштени,при што ќе морате да го презакажете состанокот за следен пат. Времето со кое што правилно ќе го изменаџирате вашиот состанок,може да ви биде многу корисно за целата работната недела.

2.Елиминирајте ги сите пречки

Како што правилно распореденото време за состаноци може да ве направи по продуктивни,исто така од големо значење е и елиминирањето на сите пречки додека работите. Извршните директори најчесто треба да бидат достапни за сите,но понекогаш е потребно да го ограничат своето време за другите,со цел да се фокусираат на своите обврски за да постигнат одредена цел. Одредете си неколку цели на кои што бескомпромисно ќе бидете фокусирани и оставете другите луѓе да се прилагодуваат на вашиот распоред.

3.Задржувајте се до своите рутини

Доколку имате свој систем на навики со кои што ја зголемувате вашата продуктивност,тогаш придржувајте се секојдневно кон нив. Одржувајте ги вашите дневни рутини кои што го вадат најдоброто од вас. Ова може да претставува еден од полесните начини за поедноставување и организирање на неделата.

Промовирани огласи »

Економистите подолго време користеле алатки за мерење на економијата како што се невработеноста,инфлацијата и каматните стапки.Но,новите истражувања сугерираат на тоа дека објавите на фејсбук од страна на малите бизниси може да бидат уште една корисна алатка.Во истражувачката табела која што е објавена кон крајот на минатиот месец,истражувачите на фејсбук следеле колку често малите претпријатија објавуваат на нивните страници за своите деловни активности.Користејќи ги нивоата за објавување пред пандемијата како една основа,истражувачите ја следеле стапката на објавување од различни сектори.

Кога започна пандемијата,стапката на објавување од страна на рестораните се зголемила речиси двојно во споредба со стапката на објавување пред пандемијата.Според истражувањата,додека се шири делта варијантата,стапката на објавување од страна на рестораните останува 10% под основната линија.Во овој момент,единствено продавниците за храна со своите објави се наоѓаат над основната линија за објавување.

Промовирани огласи »

Пет совети како да оставите добар впечаток за време на вашето интервју?

1.Спремете го вашиот говор

Воведниот говор за себе треба да ги пренесе длабочините на вашето искуство и она што го барате.Прилагодувањето на вашиот говор може да направи да звучите многу поубедливо.Поставете ги вашите намери за разговорот кој сакате да го водите за да бидете подготвени.Без разлика дали барате нова работа,се опишувате себеси во мотивациско писмо или пак сакате само унапредување,знајте што сакате и поставете го убедливо вашиот тон на зборување на правнилно артикулиран начин.Убедете ја личноста со која разговарате дека имате одлични вештини и секако се интересирате за тоа што таа има да ви го каже.

 

2.Позиционирајте го правилно вашето тело

Сите знаеме дека позицијата на телото е особено важна.Воспоставување контакт со очите,цврсто ракување,цврстиот став и насмевка на лицето пренесуваат чувство на доверба.Довербата може да биде од големе значење,што значи дека кога се однесувате самоуверено,ќе почнете да се чувствувате посигурни,а и другите ќе ве доживуваат како сигурна и компетентна личност.Бидете свесни какви сигнали испраќате со вашиот став,тонот на гласот,држењето на телото,гестовите и изразите на вашето лице и секогаш зборувајте со голем ентузијазам.

 

3.Одберете го внимателно вашиот изглед

Секако изгледот има свое значење.Луѓето го забележуваат начинот на кој се облекувате,како се носите себеси и вашата целокупна презентација.Колку ова толкување и да е субјективно,вие не сакате негативната перцепција за вашиот стил да ја засени суштината на состанокот.

 

4.Покажете вистински интерес и подготвеност да помогнете

Слично како и довербата,позитивноста исто така има важна улога.Потрудете се да бидете позитивни и доверливи во професионалните интеракции.Емитувајте позитивна емоционална енергија и поставувајте прашања за да извлечете одговори.

 

5.Оставете добар впечаток

Важно е да запомните дека оставате прв впечаток пред воопшто  да запознаете некого.Потрудете се да имате добра репутација,бидејќи често луѓето ќе ве побараат на социјалните мрежи.Оставете слика за вашата репутација онаква каква што сакате да биде во сите форми,бидејќи воспоставувањето на вашиот професионален идентитет може да го зајакне вашиот следен чекор.

 

 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »