Промовирани огласи »

Економистите подолго време користеле алатки за мерење на економијата како што се невработеноста,инфлацијата и каматните стапки.Но,новите истражувања сугерираат на тоа дека објавите на фејсбук од страна на малите бизниси може да бидат уште една корисна алатка.Во истражувачката табела која што е објавена кон крајот на минатиот месец,истражувачите на фејсбук следеле колку често малите претпријатија објавуваат на нивните страници за своите деловни активности.Користејќи ги нивоата за објавување пред пандемијата како една основа,истражувачите ја следеле стапката на објавување од различни сектори.

Кога започна пандемијата,стапката на објавување од страна на рестораните се зголемила речиси двојно во споредба со стапката на објавување пред пандемијата.Според истражувањата,додека се шири делта варијантата,стапката на објавување од страна на рестораните останува 10% под основната линија.Во овој момент,единствено продавниците за храна со своите објави се наоѓаат над основната линија за објавување.

Промовирани огласи »

Пет совети како да оставите добар впечаток за време на вашето интервју?

1.Спремете го вашиот говор

Воведниот говор за себе треба да ги пренесе длабочините на вашето искуство и она што го барате.Прилагодувањето на вашиот говор може да направи да звучите многу поубедливо.Поставете ги вашите намери за разговорот кој сакате да го водите за да бидете подготвени.Без разлика дали барате нова работа,се опишувате себеси во мотивациско писмо или пак сакате само унапредување,знајте што сакате и поставете го убедливо вашиот тон на зборување на правнилно артикулиран начин.Убедете ја личноста со која разговарате дека имате одлични вештини и секако се интересирате за тоа што таа има да ви го каже.

 

2.Позиционирајте го правилно вашето тело

Сите знаеме дека позицијата на телото е особено важна.Воспоставување контакт со очите,цврсто ракување,цврстиот став и насмевка на лицето пренесуваат чувство на доверба.Довербата може да биде од големе значење,што значи дека кога се однесувате самоуверено,ќе почнете да се чувствувате посигурни,а и другите ќе ве доживуваат како сигурна и компетентна личност.Бидете свесни какви сигнали испраќате со вашиот став,тонот на гласот,држењето на телото,гестовите и изразите на вашето лице и секогаш зборувајте со голем ентузијазам.

 

3.Одберете го внимателно вашиот изглед

Секако изгледот има свое значење.Луѓето го забележуваат начинот на кој се облекувате,како се носите себеси и вашата целокупна презентација.Колку ова толкување и да е субјективно,вие не сакате негативната перцепција за вашиот стил да ја засени суштината на состанокот.

 

4.Покажете вистински интерес и подготвеност да помогнете

Слично како и довербата,позитивноста исто така има важна улога.Потрудете се да бидете позитивни и доверливи во професионалните интеракции.Емитувајте позитивна емоционална енергија и поставувајте прашања за да извлечете одговори.

 

5.Оставете добар впечаток

Важно е да запомните дека оставате прв впечаток пред воопшто  да запознаете некого.Потрудете се да имате добра репутација,бидејќи често луѓето ќе ве побараат на социјалните мрежи.Оставете слика за вашата репутација онаква каква што сакате да биде во сите форми,бидејќи воспоставувањето на вашиот професионален идентитет може да го зајакне вашиот следен чекор.

 

 

Промовирани огласи »

Compass Management International е американска компанија со седиште во Куманово која во моментот има 3 отворени работни места. Нудат одлични услови и деталите за секое работно место можете да ги погледнете ТУКА

Најчитаниот дневен весник и еден од најчитаните портали СЛОБОДЕН ПЕЧАТ бара искусни новинари со работно искуство од најмалку 10 години за работа на порталот slobodenpecat.mk.

PANDORA е основана во 1982 година со едноставна идеја: да ги славиме жените, нудејќи им прилика за лично изразување преку нашиот универзум на висококвалитетен и современ накит по достапни цени. Денеска PANDORA стана еден од најголемите светски брендови за накит, присутна во повеќе од 100 земји на шест континенти. PANDORA дизајнира, произведува и продава рачно доработен и современ накит од високо квалитетни материјали по достапни цени. Токму оваа компанија нуди можност за вработување на позиција ПРОДАВАЧ/КА



Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка. Почетоците на компанијата биле скромни и пред 20 години, а денес функционираат во четири држави во регионот со над 500 вработени. Нивна цел е да се обезбеди конзистентност и подобрување на бизнис перформансите и одржување на постигната позицијата во Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија. Истите се во потрага по 

Шофери во Тетово
Шофери во Скопје

Спремачи на роба
Менаџер за увоз-извоз

Ikonë Studio е основано во 2011 година од забавни луѓе со луди идеи, кои се исклучително страствени за својата работа.Неговата цел е развој на кинематографија и производство на ТВ реклами во Косово, фокусирани на млади филмски и меѓународни копродукции.Ikonë Studio се покажа како мост помеѓу Косово и другите земји во смисла на копродукција и производство на услуги, со обезбедување на најсовремена техничка опрема, производство на самото место и надвор од локацијата, кастинг, постпродукција и други услуги.I Всушност моментално Ikonë Studio најголемата компанија за изнајмување на филмска опрема во Косово и професионални филмски услуги. искористете ја можноста и аплицирајте за големиот број на отворени работни места за VIDEO EDITORS.

Agile Pro Solutions со седиште во САД и канцеларии во Скопје, се во потрага по:

Document Control administrator
Financial services sales representative


Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да обезбеди широк асортиман на производи на пазарите во Русија, Балканот и земјите на Европската Унија. Компанијата е целосно посветена на развојот на нови лекови, обука за креирање на високо квалитетен стручен кадар и посветеност за задоволување на рафинираните потреби на навните клиенти. Издвојуваме огласи кои навистина нудат одлични услови и супер бенефити за сите невработени или пак за оние кои бараат промена на работното место.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во нашата држава, регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш се во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нивното професионално семејство. За таа цел, имаат отворени работни места со локации низ цела Македонија.

Промовирани огласи »

На 05.08.2021, околу 08.00 часот на подрачјето на Чаир, полицијата уапси од слобода едно лице  поради сомнение дека извршил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Според претходно преземени мерки утврдено е дека лицето пукало со огнено оружје на семејна веселба, по што со наредба од судија извршен е претрес во неговиот дом каде е пронајдена муниција која тој бесправно ја поседувал.

На лицето му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »