Промовирани огласи »

Македонски компании ќе може да учествуваат на јавните тендери на НАТО со годишен буџет од околу 5 милиjaрди евра. Измените на Законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста, со коишто се овозможува ова, се објавени во Службен весник. Во законот се утврдени процедурите и постапките согласно коишто македонските компании ќе можат да учествуваат на јавните набавки за потребите на НАТО пазарот.

Со овој закон се уредува и начинот на проверка и потврдување на исполнетоста на условите за учество на економските оператори регистрирани во Р. Македонија во постапките за набавки за потребите на Северноатлантската договорна организација и нејзините земји членки.

Промовирани огласи »

Десетдневна изолација во хотелите карантин предвидено е за туристите во Грција, доколку бидат тестирани и добијат позитивен резултат, согласно новите, ажурирани упатства на Националната организација за јавно здравје на Грција во однос на карантинот на позитивни случаи и нивните блиски контакти , јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, доколку посетителот е позитивен и не е потребна хоспитализација, тогаш се сместува во некој од хотелите карантин.

За завршување на изолацијата, без разлика дали лицето е вакцинирано или не или дали има прележано Ковид-19, во случај да е асимптоматско, потребно е да поминат десет дена од тестирањето, или десет дена и три дена без температура, во случај да има симптоми, како и негативен резултат од брз тест и за двата случаи.

Овие правила и упатства не се однесуваат на зараза со некоја од мутациите на Ковид-19, каде што се следат специјални протоколи.

Во однос на туристите во Грција кои се блиски контакти на заразеното лице, во карантин влегуваат доколку се невакцинирани или немаат прележано Ковид-19.

Како што пишува во упатствата на Националната организација за јавно здравје на Грција, за „укинување на карантинот на блиските контакти на туристите, кои беа дијагностицирани како случаи на Ковид-19 на влезните точки или за време на нивниот престој во земјата“, потребно е да поминат седум дена во карантин од последниот контакт со потврдениот случај и на седмиот ден да имаат негативен резултат од молекуларен тест или пак да останат 14 дена во карантин без да се тестираат.

Целосно вакцинираните или оние кои во претходните шест месеци биле заразени, доколку се близок контакт на заразено лице се ослободени од карантин, но потребно е да направат молекуларен тест. 

Промовирани огласи »

Разубавете го вашиот канцелариски простор со цвеќиња. Цвекињата може да направат канцеларискиот простор да изгледа по креативно,пријатно и здраво и секако да влијаат на намалување на стресот. Доколку вашите работни часови се исполнети со констатна работа пред компјутер,растенијата можат да го намалат притисокот врз очите. Ова се неколку растенија кои што одлично би се вклопиле во вашата канцеларија.

Сансеверијата или често нарекувана и индијанско перо

Сукуленти

Антуриум

Мини кактуси


Палма

Промовирани огласи »

Портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху, во врска со актуелната ситуација со пожарите и противпожарните возила, на својата ФБ страна, го објави следново:

"Чисто илустративно. Ако едно противпожарно возило чини околу 200.000 евра, денес Скопје наместо 3 врби на реката Вардар ќе имаше едно противпожарно возило плус, или поточно наместо 2 лава на мостот Гоце Делчев, денес Скопје ќе имаше 6 противпожарни возила плус. До приоритетите е!"

Во продолжение, неговиот пост на ФБ:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »