Промовирани огласи »

На над 20.000 службеници во јавната администрација, односно во министерствата, Владата, судовите, јавните обвинителства, агенциите, фондови, но и некои општини веќе им легнуваат по 9.000 денари на сметка. Станува збор за исплати за регрес за годишниот одмор или популарното К-15 кое во државата на административците им се исплаќа за прв пат во последните 25 години. К-15 добиваат сите вработени во јавната администрација кои се опфатени со гранскиот колективен договор.

Во овој договор кој се однесува на органи на државната управа, стручните служби на Владата, судовите, јавните обвинителства, казнено - поправните и воспитно - поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието стои дека право на регрес за годишен одмор вработениот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 9000 денари нето, под услов вработениот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај работодавачот. Од УПОЗ за Фактор велат дека исплатата е почната и дека треба да заврши месецов затоа што во предизобрието нема да смее да се исплатува регресот. Оттаму велат дека за некои институции, според колективен договор, утврдено е да се исплатува висина на К-15 од 60 отсто од основица, но дека ова право се прекршува, односно и ним веќе им се исплатуваат по само 9.000 денари како регрес.

Исплатата на К-15 за јавната администрација следуваше по преговори меѓу Владата и синдикалците и ова за синдикатот е своевидна победа за вработените во овие сектори. Владата ги обезбеди парите со ребалансот на буџетот годинава и за таа намена ќе се потрошат 4 милиони евра. Сепак во јавноста, особено во приватниот сектор има реакции за исплатата на К-15 на административците кои сепак поголем дел од оваа пандемиска година го поминаа дома – а многумина, како што е познато, секако имаат мал обем на работа.  

Во меѓувреме со Уредба, Владата донела одлука за зголемување на платите на дел од вработените во јавната администрација, до 30 отсто од редовната плата, што би важело за оние работници кои ќе имаат зголемен обем на работа, или се истакнале во кризни ситуации, како на пример онаа со ковидот или со пожарите.

Од Владата велат дека донеле Одлука за утврдување на критериумите врз основ на кои може да се зголеми висина на месечен надоместок до максимум 30 отсто над редовната плата, но од УПОЗ не се сигурни дека ќе има вистински критериуми за избор на тие кои имале зголемен обем на работа, па велат дека ова може да  заврши со необјективен избор на подобни кои ќе добијат зголемување на платата, затоа што кој ќе добие додаток на плата, ќе одреди првиот човек на министерството или институцијата.

„Праксата покажа дека во време на ковид 19 и кризни ситуации како тековната со пожарите, во институциите се издвојуваат поединци кои не се и нема да бидат повеќе од 30 отсто од вкупниот број вработени и кои понесуваат сериозен товар од работата во исклучителни ситуации.За службениците кои извршуваат вонреден обем и вонреден тип работни задачи, одговорното лице на институцијата може да донесе одлука за зголемување на месечниот надомест до најмногу 30 отсто“, објаснија од Владата во одговорот за Фактор.

Буџетски корисници каде вработените ќе добијат додаток на плата се Министерство за одбрана, МВР, правда, политички систем и односи меѓу заедниците, МНР, финансии, економија, земјоделство, здравство, МОН, труд и социјала, локална самоуправа, култура, МИОА, транспорт и врски, екологија, потоа Владата, Секретаријат за европски прашања, Секретаријат за законодавство, Државен завод за ревизија и 21-та институција е Службата за општи и заеднички работи.

Промовирани огласи »

Македонски компании ќе може да учествуваат на јавните тендери на НАТО со годишен буџет од околу 5 милиjaрди евра. Измените на Законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста, со коишто се овозможува ова, се објавени во Службен весник. Во законот се утврдени процедурите и постапките согласно коишто македонските компании ќе можат да учествуваат на јавните набавки за потребите на НАТО пазарот.

Со овој закон се уредува и начинот на проверка и потврдување на исполнетоста на условите за учество на економските оператори регистрирани во Р. Македонија во постапките за набавки за потребите на Северноатлантската договорна организација и нејзините земји членки.

Промовирани огласи »

Десетдневна изолација во хотелите карантин предвидено е за туристите во Грција, доколку бидат тестирани и добијат позитивен резултат, согласно новите, ажурирани упатства на Националната организација за јавно здравје на Грција во однос на карантинот на позитивни случаи и нивните блиски контакти , јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, доколку посетителот е позитивен и не е потребна хоспитализација, тогаш се сместува во некој од хотелите карантин.

За завршување на изолацијата, без разлика дали лицето е вакцинирано или не или дали има прележано Ковид-19, во случај да е асимптоматско, потребно е да поминат десет дена од тестирањето, или десет дена и три дена без температура, во случај да има симптоми, како и негативен резултат од брз тест и за двата случаи.

Овие правила и упатства не се однесуваат на зараза со некоја од мутациите на Ковид-19, каде што се следат специјални протоколи.

Во однос на туристите во Грција кои се блиски контакти на заразеното лице, во карантин влегуваат доколку се невакцинирани или немаат прележано Ковид-19.

Како што пишува во упатствата на Националната организација за јавно здравје на Грција, за „укинување на карантинот на блиските контакти на туристите, кои беа дијагностицирани како случаи на Ковид-19 на влезните точки или за време на нивниот престој во земјата“, потребно е да поминат седум дена во карантин од последниот контакт со потврдениот случај и на седмиот ден да имаат негативен резултат од молекуларен тест или пак да останат 14 дена во карантин без да се тестираат.

Целосно вакцинираните или оние кои во претходните шест месеци биле заразени, доколку се близок контакт на заразено лице се ослободени од карантин, но потребно е да направат молекуларен тест. 

Промовирани огласи »

Разубавете го вашиот канцелариски простор со цвеќиња. Цвекињата може да направат канцеларискиот простор да изгледа по креативно,пријатно и здраво и секако да влијаат на намалување на стресот. Доколку вашите работни часови се исполнети со констатна работа пред компјутер,растенијата можат да го намалат притисокот врз очите. Ова се неколку растенија кои што одлично би се вклопиле во вашата канцеларија.

Сансеверијата или често нарекувана и индијанско перо

Сукуленти

Антуриум

Мини кактуси


Палма

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »