Промовирани огласи »

Актуелните мерки за патување во Грција, односно задолжителен документ за ковид-19 и пополнет PLF формулар, продолжени се за уште една седмица, до 19 август, согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на ковид-19″, што утрово стапи во сила, јави дописничката на МИА од Атина.

Северна Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини, а за патување во Грција потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар.Поконкретно, сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата” имаат две опции и една алтернативна можност, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување во Грција.

Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.

Втората можност е со негативен тест: или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

Алтернативно, како што пишува во официјалната одлука, посетителите на Грција, може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест, а сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена подоцна.

Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.

Европскиот дигитален ковид сертификат е уште една алтернативна можност за влез во Грција.

Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години.

Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот.

Промовирани огласи »

Доаѓањето на детето го менува животот во домаќинството, но различно влијае врз вработувањето на мажите и жените, според студијата на „Евростат“.

Податоците покажуваат дека во возрасната група 24-55 години стапката на вработеност кај жени со дете изнесува 72,2%, а кај мажи – 90%. Во семејствата без деца, стапката на вработеност кај жените е 76,8%, додека кај мажите е 80,9%.

Постојат значителни разлики во ЕУ и вработувањето кај жените со деца е највисоко во Словенија (86,2%), Шведска (83,5%) и Португалија (83%). Додека во спротивна насока најниско е во Италија (57,3%), Грција (61,3%) и Шпанија (66,2%).

Кај мажите, највисоките стапки на вработеност меѓу татковците се во Чешка (96,5%), Малта (95,7%) и Словенија (95%).

Податоците исто така покажуваат дека најголемата разлика помеѓу родителите кои работат и оние кои не работат е во Италија и Грција. Речиси 29 поени е разликата помеѓу мајките и татковците кои работат (во корист на мажите) и 13 поени помеѓу мажите и жените без деца во Италија. Во Грција, разликата е 27,2 поени за мажи и жени кои работат со деца и 11,8 поени – без деца.

Најмал родов јаз во вработувањето со деца и без деца има во Литванија (6,8 поени), Словенија (8,8 поени) и Португалија (9,3 поени).

„Евростат“ посочува дека трендот за жените е дека колку повеќе деца имаат, толку е помала стапката на вработеност, особено за нискообразованите. На пример, вработувањето на жени со три или повеќе деца во земјите на ЕУ е во просек 59,1%.

Трендот е различен кај мажите – вработувањето е помало кај мажите без деца и најмногу се зголемува кај мажите со две деца – 92,4%, но кај мажите со три или повеќе деца се намалува на 86,7%.

Промовирани огласи »

Опозициската ВМРО-ДПМНЕпобара од министерката за образование и наука Мила Царовска да го објави концептот како ќе се одвива учебната година бидејќи, како што велат од таму, има помалку од три недлеи до стартот на наставната година.

Оваа изгубена власт повторно неспремна и без идеја како да ја спроведе учебната година. Учениците, родителите и наставниците на само 15-тина дена до стартот на годината не знаат на каков начин истата ќе се спроведува. Нудат некакви си концепти, наместо веќе да беа подготвени. Дали тоа ќе значи уште една изгубена година во образованието, хаос и менување на плановите од месец во месец, се вели во реакцијата на најголемата опозициска партија..

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека родителите не знаат дали нивните деца ќе тргнат на училиште, наставниците не знаат на каков начин ќе предаваат. 

Учебната година штотуку не започнала, а учениците се уште ги немаат добиено сведителствата од претходната година. Заради неспособноста на Царовска и оваа година ќе започне со тотален хаос или со повторно одложување на стартот на учебната година. Толку од успешните реформи на Царовска, се додава меѓудругото во истото.

Промовирани огласи »

Живеењето во дигитална ера ни наметна секојдневно да поминуваме поголем дел од времето пред компјутер и притоа да не внимаваме на положбата во која седиме. Секојдневното четувањето со нашите пријатели на фејсбук,гледање интересни видеа на youtube или пак играње на видео игри ќе направи да се опуштите пред компјутер и да не внимавате како седите,а правилното положба на телото претставува и голем дел од здравјето.

Особено треба да внимавате да заземете правилна седечка положба,која што исто така може да направи да изгледате  подобро и да ви ја зголеми продуктивноста. Потрудете се да седите што е можно поназад на столот со цел ‘рбетот да ја зачува својата природна искривеност. Додека при работење се служите со користење на тастарурата не дозволувајте да ја наведнувате главата,таа треба да биде во иста линија со горниот дел на телото,а рамената да ви бидат опуштени за да може тежината на телото да биде еднакво распределена на колковите. Од големо значење е да имате пријатна и сталожена атмосфера за работа која што секако ќе влијае на вашето здравје.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »